Не ми текна порано да пишам...денес откажав преглед кај Видоевски за 6-ти август. Ако некој оди таму, а му треба термин за поскоро (ми рекоа други термини после септември) нека се јави да си закаже ако е уште слободен терминот.
Ортопедски преглед број 3. Колкчиња супер. Бебитол + омега да продолжам по 2 бидејќи е ,,голем,, од октомври да продолжам со Вигантол 2капки и мислам и омега кажа, ќе видам на извештајот. Запамти дека и кажав дека ќе го ставам во дубак со подлога и џампер, па праша и кажав џабе и тој реквизит смеам подлогата да ја извадам на 9+ месеци ако сакам.. Транспортерот ни е примал и покажав и слика како го личи, рече сеедно спремен е за во седиште. Јас од 9м планирам да го ставам, нека му омале скрос Кога ќе почне да проодува, односно да пушта чекори да му облекувам кондурчиња со подлога што се виткаат, Кеги ги посочи како супер модел. Нареден преглед кога убаво ќе прооди на 18+ месеци
Женички.. ние денес бевме на прв преглед на ортопед а бебето ми е веќе 5 месеци ама нашево здравство па нема термин нема упат... бла бла небитно и докторов ја прегледа и воопшто ништо не кажа дали е во ред дали не е, само ми рече да и ставам широк повој со 2 пелени.. во извештајов пишува движења добри ехо наод 1 б 1 б и сега што значи ова дали знае некоја од вас?
Здраво женски! Сакав да ве прашам дали сте слушнале за докторката Александра Димова од Неуромедика и какво мислење имате за неа? И дали некој знае колку чини преглед кај неа? Фала ви
Ние плативме 590денари , објаснува преубаво и го прегледува детето многу добро , си ја знае работата ...
Знам дека е тука и дека беше на одмор. Кажав дека ради одмори може да и се посреќи побрзо да најде место.
Ако може една информација, кај др Видоевски дали имаат рентген апарат или по можност некој друг приватен ортопед кој што има рентген апарат? Тој др Талевски, каде има ординација и некое искуство колку е добар (однос и сл.)? @Ambra20 @NarCis@ @nchy ?
Кај Видоески нема рентген (бар така јас знам). Јави се прашај. Може и да ти кажат каде има. Мислам дека има во Мега мед, после веро аеродром, во зградите покрај булеварот. Друг не ми текнува сега.
Мајки дали е нормално вака што изгледаат стапалата? Еднаш прашавме, океј изгледало рекоа. Не бевме на контрола за него тогаш (за малата бев), но го ѕирна и него и рече добар бил, а мене чудно ми изгледа.... Препорака за добар ортопед да си ги однесам и двајцата сакам.
Сега гледам дека си ме тагнала. За Видоевски не знам дали има апарат. А кај Талевски сакам да ги носам и малата и бебето за првпат. Во ре медика не сме на иста бранова должина со докторката, а Видоевски ми е премногу театрален. Ако имаш некое искуство во меѓувреме со Талевски, те молам пиши ми
Искуство и препорака за добар ортопед во Ремедика за прв преглед на новороденче и колку чини прегледот? Фала
Во ремедика е една, Иванка Стефановска. Прегледот не знам точно колку, би требало околу 2000ден. со ехо на колкови. Јас лично не сум задоволна од докторката. Видов на испис дека ми закажале кај неа преглед. Планирам кај друг да одам, освен ако не најдам ништо слободно во меѓувреме.