Некој друг освен Видоевски, ама да објаснува и да му опстои на дете, а не да не види на 2 минути? Искрено не знам кај кого да закажувам, немам искуство со никој во Скопје.
Само што закажав кај Антоније. Од утре се на одмор, а среќа денес имаше еден слободен термин. Ќе ти пишам после и ние како поминавме.
Јас бев кај Видоевски ординација пред 3 недели, ама кај докторката Весна Аневска, го зема во раце да го држи, па го легна на подлога, па го крева од легнато на седнато, па на стомаче го легна, вежбички покажуваше.. не знам како е кај другите ама задоволна не беа 2 мин. баш убаво објаснува и покажува.
Антоније Хаџи Антоновски и јас да потврдам, човекот е темелен. @NarCis@ да не знаеш кога се враќа на работа? Треба поголемата да ја однесам на контрола.
Кај дебар маало му е ординацијата, ми се допадна пристапот, објаснува и прегледува темелно. Широк повој рече не и мама е многу задоволна. Добар впечаток ми остави се на се. Преглед му е 1800 денари.
Мислам дека рече до 1-ви септември. Инаку да кажам дека докторот мене многу ми се допадна. Пристапот му е одличен, и со деца, и со родители. И бидејќи сум носела дете кај уште двајца други ортопеди, од Антоније сум најзадоволна.
Акo сте oд Скoпје дa oтидете вo ПЗУ Oртo плус пед немa дa згрешите, нaс дoктoрoт ни oстaви мн дoбaр впечстoк и мн е темелен. Пребaрaјте нa нет имa пoдaтoци зa кoнтaкт.
@mariz Мајка, кај синко уште понавнатре се внатрешните глуждови од сликава кај Тео. Плус рамно стапала 80% Јас го забележав одамна, ама сите ми викаа само маани му наоѓаш на детето. Летово кога почна да носи апостолки, апла се познаваше дека ем му се навнатре ем оди настрана. Го однесов во нашиот град, веднаш доби отропедски чевличиња(кои за чудо се супер направени, и синко обожава да ги носи) и на есен да го носиме ск да се снимаат стапалата, докторот рече да бидеме сигурни дека само со помагала ќе се среди искривувањето. Инаку, со сите обувки почна да се познаваат, само со ортопедските самото дете ми кажува колку му е убаво да оди, он сигурно забележува подобрување.
Синоќашниот прв преглед Кај др. Киро Марковски помина супер ама малце смешно. Од 6месеци да го седнувам а од 9 месец да биде стаен у дубак, како е малиот живец тешко дека ќе му треба дубак од 9месец. Ако порано проода ќе му отидеме да му се пофалиме дека дубакот е со мал број дали да му се земе поголем.. Хахах се извинувам за долгиов пост
Ако се мисли на Др.Тони Талески што доаѓа по закажани прегледи кај Ложанковски и прави ехо и преглед кај бебиња.Јас сум презадоволна сега сме 9м за некој ден и треба да закажам рече на 9м да се видиме повторно.Многу е темелен плус за секое прашање соодветен одговор добиваш.Има ординација во Ново Лисиче во реонски центар позади ПСС технички што отворија сега.Го има на фб побарај го.
Можеби досега си консултирала ортопед, ама ова е сосема нормална фаза во развојот на нозете и стапалата кај децата. Децата се раѓаат со масно ткиво на сводот од стапалото и при одењето заради поголема стабилност нозете кај глуждовите се завртуваат навнатре, што е сосема нормално. Кога ќе се оформи стапалото, т.е сводот на истото, ова ќе се изгуби. А колку што се сеќавам, стапалото се формира некаде до кај седмата година. Значи детето си е супер и нема зошто да се секираш, мислам дека секој ортопед ќе ти го каже тоа. Не знам зошто на @LaDyDoLl и кажале дека детето треба да носи ортопедски чевли кога реално ова се решава само по себе со тек на време. Ама ај да не се правам ортопед, иако мене ова ми беше кажано од ортопедот кај што ги носам моиве, д-р. Александра Димова во Неуромедика.