@Annath Кај синко веќе се повеќе и повеќе се искривуваа глуждовите, плус рамни стапала, затоа одлучи да носи некој период помагала. Расти со цела снага, има тежина, па се плашевме да не почне со цела нога да оди настрана.
Бевме на ортопед за прв преглед во неуромедика кај др. Димова. Толку мн ја фалеа по интернетов ама искрено ништо посебно 5 мин прегледот ехо, ја крена двапати за рачиња и врти ја на стомаче по 15 мин дневно се гледаме на полни 6 месеци и оп 2500 ден.. Нз дали сите доктори вака или женава само. Рече детево има чиста 10 од мене се гледаме за некој месец. И јас збунета заборавив да прашам за широк повој ... :,(
Горе-доле тоа е прегледот. Ехо, вежби, вит Д, совет за помагала (кенгур, дубак, џампер, зависно од возраста) и тоа е
Па не баш. И јас така мислев со првото, на ехо да се види и совети за вежби. Ама овојпат првиот преглед траеше 30мин. Од совети за безбедност во кола, па дома, преглед на цело тело- 'рбет, граден кош, стапала, раце итн. Не само колкчиња. Баш убав информативен разговор.
Тоа ми се виде како "нормално" и не го спомнав. Тоа на секој педијатриски преглед и го прават, па не ми се чинеше ко екстра
Не си била кај Иванка Инаку членката спомна 5мин. преглед, така да, не верувам дека имало нешто екстра.
Вртење стапалца, напред назад, кругчиња со рацете, фонтанела, рбет... ако ова не провери ортопед тогаш немам збор.
Иванка од ремедика? Првиот преглед минута беше само со ехо на колкчиња. Жити ортопедот , одма закажавме кај друг .
)) здраво дете се гледа од километар. 5 чекори треба да види ортопедот за да знае дали е океј. Доста е да ги види родителите и детето да пооди и ќе знае доволно. Првите прегледи како ехо и да се види убаво се подолги после не мора. Мрзливо и право дете и стегнато и силно одма се гледа
Како бе 2500, приватно бевте? Јас 590 плаќам, ама си одам преку Мој Термин. Видела се што треба да види, ако требало широк повој сама ќе ти кажела. Можеби сум малку субјективна оти лично се знаеме, ама сметам дека ако нема проблеми, реално прегледот и не може да трае премногу долго. Запиши што сакаш да прашаш за следен пат, ќе ти одговори без проблем.
Е таа. Не ти рече "Шо му се тресиш, не ти е свекор"? Стандард на сите истото го кажува А и еден надмен однос што има
Па да дубак без подлога е од 9м. Ист совет добив, 6.5-7м со подлога или џампер, 8.5-9м без подлога дубакот. Потребно, непотребно би било од тогаш препораките се тие.
И јас ја носам малата кај него , исто и нас ни кажа на 6те , дури на 9 дубак , а јас ја ставив на 7 некој период го движеше месец дена после не а занимаше ,на 9 веќе почна да лазе и тоа ии беш хит , дубакот се спакува , одиме на 9 ма преглед , вика може спремна е за дубак , ние само климнавме ,Ќе си се водиш по детето за што си е спремно и што сака , они сите исто препорачуват , некои па ич дубак ..
Колку време после проодување се оди на преглед ? Незнам кога да закажам , а кај Видоевски многу се чека за термин .