Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ортопедски прегледи

Дискусија во 'Бебе' започната од Jagoda123, 11 ноември 2014.

  1. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Секоја чест што така ви пораснале бебињта, да не беше дубакот јас инавалид ќе останев, не преувеличувам. А и ортопедот секако ни дозволи со објаснување дека ништо нема да му е, само од безбедносни причини е забрануван
     
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.238
    Допаѓања:
    181.655
    Пол:
    Женски
    Зошто инвалид?
     
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.198
    Пол:
    Женски
    Од истиот ортопед (д-р Антоние) добивме совет- во раце НЕ! Значи што поретко држење во раце за да може кичмата правилно да се развива, да не се искриви. Дубак е помагало за родители, не за децата. Дубак да се користи повремено, кога родителот мора да заврши некоја обврска низ дома, а не детето да седи цел ден во него.
    Истиве совети гледам и од другите ортопеди се во задно време.

    Ќерка ми почна да лази на 8 месеци, не користевме никакви помагала, по цел ден си беше на земја и си играше, а ја паткавме дури откако почна сама да оди држејќи се за мебел.
     
    На emkaemka, Annath, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Јас појдов со намера да купам џампер, знаев дека ортопедите не дозволуваат, ама си мислев претеризам е, не ова не она. Среќа прво отидовме на преглед. И ме убеди ортопедот, не купив. Не е да забрануваат само од безбедносни причини. Конкретно за џампер/дубак, еве син ми е 7 ипол месеци, доста е цврст и подвижен, никаде неможам сам да го оставам освен на земја, зашто се врти, се влече, седи па се превртува. Му подавам раце да седне, тој застанува на нозе. Баш ради тоа си мислев спремен е за џампер/ дубак. Кога го стави ортопедот да седи под агол од 90 степени, заграден од сите страни, седеше дете 10-15 минути и почна да му станува неудобно, се гледа. Ама заграден, неможе да легне и клапна, се подгрбави напред. Ваљда исто би било и во џампер/дубак. И ми вика ортопедот, гледаш мајка, од здраво право дете, ќе се искриви. Го прашав дали кога ќе почне стабилно да седи, може џампер, рече не, дека стапалцата им се искривувале. Најдобро на земја или на друга рамна подлога, легнати/седнати па кога сака и ќе може само ќе стане, кога сака пак ќе легне и така. Ми се виде логично се што ми кажа и решив да следам негови инструкции. Потешко ќе ми е, ама барем нема да ми е на мисла.

    Исто за проодувањето рече дека само кај нас децата ги тераме да одат на 9 месеци. Комшиското проодело, па ај и нашето. Дете треба да прооди до 3 години. Ниедно здраво дете не останало непроодено. Па и деца со синдроми одат. Ако има нешто ќе се види, ама здраво дете не треба да се форсира да оди. Кога сака само, тогаш. И рече дека пред да прооди детето мора да лази.
     
    На malinnnnnna, Chantal, Lolipop23 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    13.901
    Пол:
    Женски
    хаха, ако не е во дубак или џампер, следна опција е само да лежат?
    Син ми од 4 месеци беше на земја пуштен да се врти и тегне по играчки, почна да седи (нормално не стабилно ) на 5 м, да ползи на 7, и не, не му беше досадно, напротив, мислам дека му беше позабавно затоа што ја имаше цела ширина, цел стан на располагање да прави што сака. Прооде на точно 1 година и 1 недела. Сметам дека брзо разви моторики сам, без форсирање со тоа што беше оставен сам да ги совладува препреките, без никакви помагала.
     
    На Избришан профил 156253, Lolipop23, emkaemka и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    @Autumn_ Мене малата ми е цело време на земја, имаме онакви коцки како сунѓери, и на нив е. Распослани се тука играчки, чуда, врагови, бебе кога сака седи, кога сака лежи, кога сака лази, пуштена си е. Пишав и погоре, ако сакам да завршам некоја работа, ја ставам во креветче со играчките, па после кога ќе завршам пак е на земја. Имам монтажно креветче во дневна и дрвено во спална, па зависи кај сум, таму ја ставам. Не ми е дете во раце нонстоп, всушност многу ретко и ја земаме. Си седи на земја, си игра, се занимава и искрено, не ни гледам сега веќе потреба од џампер. А и она не го сака, пробав, така што слободно ја оставам да се движи. Мојава е многу активна, не мирува ни секунда, цело време се тркала, се превртува, лази, па седи, па пробува да стане, се фаќа за маса, гарнитура, комоди... Е сега, повише е на паркет него на коцките, ама нема врска :D Ja ора цела куќа со лазење :D
    Џамперот и дубакот немаат никаква врска со порано проодување на детето, тоа е толку индивидуално, што залудно е да се дискутира дали дете што користело џампер и дубак проодело порано или покасно. Сите ќе проодат кога тогаш, со или без дубаци и џампери :)
     
    На Избришан профил 156253, kukla21, pile30 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Затоа што не беше бебе да го оставиш на земја и да си игра, сакаше да скока (на мојот стомак) или каде и да му допреа ноџињата, играта да е активна - збачи на земја па во раце во друга соба, пак на земја па на тераса. Немаше застанување во едно место... исто беше и за надвор, во количка касно почна да седи. Рацете ми утрнуваа, а машла и крупен си беше

    Па додека не почнат да седат или лежат или се во раце, моторика си развиваат тие без разлика на тоа дали се користат помагал или не, помагалата се за нас

    Исто, цела дневна ни беше со коцки и тој пак на паркет стигаше, се тркалаше и лазеше по цела дневна ама пак не беше доволно забавно тоа, сакаше да е исправен и да може да се движи... јас се противев на дубак ама без него немаше да издржам. Многу беше активен, без застанување цел ден. Апсолутно се согласувам дека помагалата не се за нив, за нас се помагала. Затоа се зачудив дека толку мајки успеваат без нив, а на крај памет не ми е дека побрзо развиваат моторика децата што користат дубаци/џампери, напротив мислам дека им одмагаат, баш у тој контекст пишав дека и покрај тоа што се живо користевме пак многу брзо совладуваше се

    Да де нормално дека нема цел ден да седи во дубак, инаку мој впечаток е дека ако едно време строго ги забрануваа сега со образложение остваат на родителите да одлучат, секако по направен преглед

    Не сум сретнала некој да форсира дете да прооди ама се има, ама во околина ретко кое лази, и нас така ни објаснија дека неопходно е да лази
     
    Последна измена од модератор: 4 октомври 2018
    На Kitten, BoaVista, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.886
    Допаѓања:
    13.517
    Па твојот ако бил на земја, мојата еве пример не сакаше. Плачеше, пиштеше и плус кај нас дома на ламинатот беше ладно и дека зимно време, па ја ставав во дубало. Колку деца биле во дубак порано, па еве живи, здрави, проодени некои порано некои покасно. Ние го користевме само месец и пол дубакот. Мојата иако ја ставав во дубак, прооде на 14 месеци. Значи нема врска ако е во дубак, порано дека ќе прооди.
     
    На Избришан профил 156253 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    13.901
    Пол:
    Женски
    Ама никој не го спори тоа, секој како сака прави за своето дете. ЈАс реплицирав на заклучок дека нашите деца што не биле во дубак биле само во раце, јас само дадов јасно образложение дека не биле во раце. :) Инаку, не сум против ничија одлука, секој си прави како смета дека е правилно. Јас само споделив искуство и контрирав на ставот дека децата што не користат дубак само лежат или ги држиме во раце. :)
    @Autumn_ помагала на два месеци освен релаксатор нема што. И дубаците се за откако ќе почне да сака да истражува, и подлогите се за тогаш
     
    На NarCis@ и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  10. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Ти го сфати како напад/критика тоа “само лежат или во раце”, еве и релаксатор плус за мала возраст, напротив, на таа возраст и тоа треба да го прават, само кога мојов збеснуваше сите ми викаа сите бебиња биле такви. Еве дека не биле, значи у позитивен контекст беше моето чудење
     
  11. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    13.901
    Пол:
    Женски
    Моето бебе не беше бубалче. Збеснуваше, плачеше, се правепе што прави едно бебе. Тоа што не сум го држела во раце не значи дека тој не плачел.
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.238
    Допаѓања:
    181.655
    Пол:
    Женски
    Испаѓа бебињата што не биле во дубак или џампер, биле мирни :?:Не би рекла. Еве ќере на пр. а свртиш поглед, она заминала веќе на другата страна со лазење. Ние се погриживме да е во безбедна средина, заштитивме ивици, тргнавме за неа опасни предмети, сѐ со цел да може да се движи слободно низ цела куќа и низ сите соби. Исто сакаше активности, може тоа и ја поттикнало сама да се исправи за да може да истражува. Кога сакав да завршам работа, ја оставав во оградица со куп играчки. Па и да поплаче, важно ми беше да биде безбедна. Како и да е, поентата ми е дека може без сите овие реквизити, само треба добра организација и добро планирање на безбеден простор.
     
    На TeddyGrey, Sexybaby86 и kikin им се допаѓа ова.
  13. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    13.901
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа....не обвинувам никој и ничии постапки не ги сметам за погрешни. ама кога некој ќе ми рече мирен ти бил зтоа немало потреба, јас си знам, со едно око во кујна, другото накај него, ползше се исправаше, дотегнал чаршав од маса се на него, во веце ако одам со мене го зимав или во игрална да чека. Ама сакав да е слободно ппуштен и успеав да се снајдам дака да го израснам. И второ кога ќе имам на ист принцип ќе одам, Ама ваквта одлука ни најмалку не значи дека моето бебе било „трупале“ и воопшто не активно. Како што спомна - добра организација и добро планирање на безбеден простор.
     
    На Lolipop23, TeddyGrey, Sexybaby86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.238
    Допаѓања:
    181.655
    Пол:
    Женски
    Мене само ми е преку глава од констатациите дека или имаш мирно бебе, или некој ти помага, или ништо друго не работиш по дома, освен чувањето бебе.
     
    На Sexybaby86, TeddyGrey и kikin им се допаѓа ова.
  15. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Моето на пример едвај чекаше да се допре до било која подлога и да почне да скока, тоа го правеше од 5-9 месеци, во меѓувреме си се движеше и во дубак ама скокањето му беше омилено... сакам да ти доловам за какво збеснување зборам, неуморно скокање, во игротека тоа не се прави или го држиш во раце и скока или користиш џампер. Беспотребно се навреди и во моите коментари ставаш карактеристики на твоето бебе што всушност ги нема
     
  16. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Мајки дали некоја има искуство со др. Зоран Божиновски ортопед Од клиника
     
  17. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    391
    Бевме на ортопед кај д-р Марта во Мајчин дом, супер пројдовме, профи. И совети и време ни посвети.
     
  18. Искра 90Ј

    Искра 90Ј Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2018
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    168
    Кој ортопед ми препорачувате во Систина?
     
  19. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.125
    Допаѓања:
    40.336
    Една е, Каличанин.
     
  20. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    И првиот пат немало термин па ај си лупнав 2500-за преглед. Сеа треба со полни шест, 4+ сме педијатаров вика пак нема термини за кај Димова ( неуромедика)
    Толку ли е фул значи пак ќе лупнам пари на гладно. Да се јавам ќе ми закажат ама.приватно. да ги прашам да се јавам што ме советувате?. Не е малку 1500ден разлика.