Требаше да ја носам на втор преглед малата на 4 месеци, арно ама термин најдов дури на денот кога ќе полни 5м. Да знаев ќе закажев уште многу порано. Дали да презакажувам и барам друг ортопед, да не не треба да каснам толку? Кога ви беше втор преглед?
Ние ојдовме на 5 месеци, требаше на 6 месеци ама мн зезнато со термините и фативме врски и затоа порано отидовме...фала Богу све ни е во ред и оформени јадра и немаме потреба појќе од контрола во наредниве месеци
1800 му е фиксна цена. Нас за двете дечиња ни наплати 1800, имал некоја промоција за второ детенце гратис преглед. Не ме фаќај за збор, ама мислам рече наредната контрола за малава е бесплатна.
Следните контроли мислам дека се по 1500. Нешто така ми се увртело. Јас само еднаш сум била. А кога ги носевте ма втор преглед??
Јас на 5 месеци зш мн тешко беше за термин кј нас во Костозглобна, па морав со врски. И раат бев зш мн ми се вртеше ко центрифуга и се креваше. Шубесто ми беше дан напрајме беља.
Незнам ние прво кај Видоевски одевме, па сега на 1год прв пат малава кај него ја однесов. Може и сум се збунила. Може пак за двајцата ке ми наплати една цена, знам рече за некој од двајцата бесплатно...
1200 ни зема за втора контрола јас ја носев сега 1 недела пред да наполни 5 месеци. Наредна на 8-9 месеци.
Дали некој знае каде работи сега докторката Александра Димова? Само што се јавив во Неуромедика ми кажаа дека повеќе не работела таму. Ви благодарам.
Дали при првиот преглед на ортопед се прави ехо на колковите? Постои можност ортопедот да ни дојде дома да не го носам сега кога има вируси но ако се прави ехо ќе го носиме.