јас не го ни знам докторов не сум била кај него , ама од други што ми кажувале и пр им има направено на малечки бебенца од грешка дозирање на д3 , во близина имам 2 што имаа пр со ножиња од неправилна доза д3 , За маркоски не би размислувала веднаш ви одела , само почекај нека стивнат малце вирусите , контактирај го и него лично акп ти е шубе па ќе ти каже кога е соодветно за преглед .
Ние додуше кај докторката Весна одиме. До сега само еднаш сме платиле цела сума. Минатиов пат наплати 700, вика другото на контрола ќе доплатите, сега не ви давам слики од ехо и извештај, тогаш ќе ви дадам. Испаѓа 2 прегледа за цена на 1.
Кај Темелковски пред околу една година беше 1200 ден со ехо, а само преглед 700 ден. Доколку закажуваш напомени кај него, докторката не ме воодушеви, не се споредува со него.
Ортопедот ми рече да давам по пет капки Д3 на Пливит, а не овие со К1 сега што ги давам. И тоа била дозата до 1 година, 5 капки дневно. Не ги разбирал овие модерниве капки сега. Глупости на квадрат. Ќе го носам и кај друг ортопед понатака, секако на овој ништо не му верувам, останал во времето пред 30 години.
@happygirl индивидуално е за секое дете што ќе прима, треба ортопед да каже. Дозата се прилагодува спрема детето, мора индивидуален пристап тука. Мојава од 3+ месеци прима Д3 со омега, плус една капка Вигантол. На другарка ми малото пак само Д3+омега. Кај ист ортопед одиме инаку. Да носиш бебе на преглед кај друг ортопед обавезно
Знам дека кај секое бебе дозата посебно ја одредува ортопед. Ама овој на сите исто кажува, глупости. А испитувавте ли д витамин па според тоа ви кажа др колкава доза да даваш?
Не, не испитувавме Д вит. Ја гледаше на ехо докторката детално, прашуваше дали и се поти главчето додека спие и сл. Напомена дека потењето е знак дека дозата треба да се прилагоди. Вака примаме сега за сега, а од мај пауза до септември, кога пак ќе почнеме. Ти мислам не си од Ск, ама ако си во можност однеси ја кај Каличанин во Систина, јас сум презадоволна од неа.
Д3 во капсулите има 400 IE (како што ми кажа матичната, види баш нз). Во Пливит д3 4.000 IE/1 ml (тоа се 40 капки во 1мл), доаѓа по 100 IE една капка, значи 5 капки 500 IE, што е за 100 повеќе од капсулата. Секој ортопед различно одредува доза, оваа доза и на Пливит д3 ви одговара. Моите па примаат д3 Вигантол, малиот од старт, а малата од 3м, до тогаш ампулите, па се префрливме на вигантол дека се со поголема концентрација. Вигантол = 20.000 во 1мл, а Пливит д3 = 4.000 во 1мл, доста голема разлика има.
Мамички предложете добар приватен ортопед,имаме 6 месеци,првиот преглед ни беше во Мајчин Дом пред 3 месеци. Не сум задоволна од услугата таму не ни кажаа кои капки да ги користиме ниту пак кога е наредната контрола, имаше многу гужва и ептен гледаа брзински да не откачат ни рекоа само широк повој да ставам и толку, на ехо исто брзински не откачија “се е во ред,следниот...” уште голо беше бебчето други родители кои беа после нас со бебето влегоа. Нашата педијатарка пак ни препиша некои капки Babyvit и тие и ги давав од првиот ден во чајче но во нив нема К1. Ја прашав дали треба да и давам дополнително и К1 ми вели па има во Babyvit витамините,го читам составот значи нема никаде не пишува дека има и К1. Се јавив во Систина сакав кај Каличанин да закажам но првиот слободен термин е 27-ми Март ?! Очајно ми треба некој стручен во својата работа,да ми објасни што и колку треба да давам! Сакам да испитаме витамин д, ако е можно да се види дали сум направила пропуст со витаминот К и да направиме ехо.