Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ортопедски прегледи

Дискусија во 'Бебе' започната од Jagoda123, 11 ноември 2014.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.408
    Допаѓања:
    76.546
    Пол:
    Женски
    Јас моите прво ги носев кај Видоевски, но не бев задоволна последните прегледи (веќе едно исто слушав, што кажувал за синчето, исто и за малата, дури и извештаите исти). Малиот во стапалцата многу чуден ми бешее, ептен криви... а он викаше нормално е, ке се исправат, но станаа бетер, синчето е скоро 4г, но голем крупен е како за 5-6. Сега ги носам кај Антоније Хаџи Антоновски и сум многу задоволна. Кажа вежби за синко, појача д3. Плус и брзо закажува. Доста совети корисни ми кажа, детално убаво прегледува. На темава видов дека порано во Систина бил, сега сам си работи :)
     
    Последна измена: 19 февруари 2019
    На Kitten, Mama993 и NarCis@ им се допаѓа ова.
  2. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.731
    Пол:
    Женски
    @Mama993 Бејбивит се мултивитамини, мислам единствени за новороденчиња (други има мислам за 1+ година), и во 1мл од нив има исто како една капсула Д3 (400IU). Јас цело време ги давам ем за имунитет, енергија, апетит, но најмногу заради очињата зошто правевме ласерска операција, па екстра не е на одмет.
    Но пак давам плус 1 капсула Д3 со Омега и 2 капки Вигантол, во консултација со ортопед секако. Претходно давав 1 капсула Д3 со Омега + 1 обична Д3, а дур беше мал само Д3 со омега.

    К1 првите ~3 месеца примаат доени бебиња, тие на АД не примаат, не се секирај за тоа.

    Ние одиме кај Видоевски, но кај докторката Весна, задоволна сум, а гледам многу го фалат Тони Талевски.
     
    На Mama993 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.231
    Допаѓања:
    181.626
    Пол:
    Женски
    Мариз, а се мислев на почеток бебево да го носам кај Видоевски, пошто последно големата кај него ја носевме. Значи среќа што почнавме кај Антонијо, мене многу ми се допадна човекот.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.408
    Допаѓања:
    76.546
    Пол:
    Женски
    Видоевски може за поголеми проблеми е добар стручен, ама човече едно исто... абе извештаи се чувам, истото пишано е за двајцата, скроз исто. Башка ме зачуди што рече добри се нозете, а стапалцата доле му се ептен закривени... од две капки вигантол, Антоније ни покачи на 5 капки. Башка даде забрана скокање по трамболини и по кревети и советува деца до 5г да не скокаат на трамболина (а јас во двор имав голема, сега ја прибравме и нз дали ке ја вадиме...), тие камиончињата ми рече да ги запалам што се на бутање, и ни кажа вежби, да се крева на прсти и да се спушта (не скроз до доле) повремено. Ми се допадна што и ни наплати како за едно дете, а со двајцата бев :) и рече за малава наредна контрола (за месец треба да одиме) ке и биде бесплатна.
     
    На Kitten и NarCis@ им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.114
    Допаѓања:
    36.569
    Пол:
    Женски
    Сега ме замисли за трамболината. @Cka немаше ти прочитано во книгата на Рајко Рајович за важноста на трамболината во детскиот развој? Или и таму за над 5 години пишуваше? Се спремаме трамболина да купуваме, ако сум грешка да почекаме до 5 години. Ама на децата природно им иде да скокаат па затоа си мислам дека е ок и на оваа возраст. И онака скока на спална, на трамболина побезбедно ќе е.
     
    На mal.ecka и mariz им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.262
    Пол:
    Женски
    Не се препорачува скокање на трамполина негде до 6 ми се чини. Се криват стапалцата, плус како да читав нешто поради коските дека се кревки.
    https://www.news.com.au/lifestyle/p...l/news-story/4d97982809c942d076a3b19deb32cce2
    Еве овде изгледа беше. Баш за ова ќе го прашам Антоније кога ќе одиме.
     
    На gjoker4e и mariz им се допаѓа ова.
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.408
    Допаѓања:
    76.546
    Пол:
    Женски
    Не се препорачувало таму до кај 5,6г зашто уште не се зајакнати лигаментите, па така се кривеле стапалата. Исто скокање по кревет не препорачува, а и бебињата кога ке ги држиме да не ни газат по нозе и да лизгаат за да не се оптеретуваат пак лигаментите и така... Вака мене Антоније ми објасни, после 6,7г кога ке скокнат лигаментите не се истегнуваат, криват и јаки се, па затоа може да се скока после тоа...
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.193
    Допаѓања:
    136.109
    20190219_210400.jpg

    Така вика.

    Јас не спречувам дете да прави што сака. Ако сега не скока, на 30 години па ич. Нека расте како сака. Како ќе му речеш на дете да не скока, да не трча ќе се испоти, да не паѓа оти ќе се изгребе... Плус не сфаќам што ако скока дете? Ќе скрши нога? Или дустабан ќе стане?
     
    На mal.ecka, irena.1 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  9. Mama993

    Mama993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    558
    Пол:
    Женски

    Денес читајќи ги претходните одговори на темава се одлучив за Антоније,гуглав,го најдов и ми закажа за 4 Март.
    Размислував за Видоевски но се премислив. Сега го читам и твојот коментар и едвај чекам да видам како ќе поминеме кај него.
    Ќе ви пишам впечатоци.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  10. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.651
    Пол:
    Женски
    @Mama993 Кај која докторка бевте во Мајчин дом?
     
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.408
    Допаѓања:
    76.546
    Пол:
    Женски
    Да ама ако знаеш дека е штетно и дека може нозе криви да има како последица од трамболина, бар тоа ке можеш да го избегнеш, ке купиш трамболина ете на 6г. Нас подарок ни е, до минатата год ја монтиравме до двор, но оваа година знаејки го ова, нема шанса да ја монтирам. Колите на бутање ги тргнав и кога скока на спална му викам да не скока. Да трча нема да забранам, да скока низ дома така на тврдо доле нема да забранам, да се поти нема да забранам... ама советите од докторот ги послушав и каде каде има подобрување. Баш ке го сликнам утре, оваа слика е од летото кога бевме кај Видоевски и рече дека нема гајле... бетер од ова стана, Антоније рече да продолжевме така без сите совети, ке мораше да носи и специјални обувки/влошки за да се исправат...

    А за трамболина и јас имам читано дека е добра за развојот, но ете најверојатно за после 6г.

    @Mama993 пиши баш :)
     

    Прикачени фајлови:

    На gjoker4e, Sexybaby86 и NarCis@ им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.717
    Допаѓања:
    35.699
    Пол:
    Женски
    И на ќерка ми и беа вакви нозете. Сега и се подисправени. Јас ја носам кај Александра во Неуромедика и она ми рече дека е нормално до кај 5-6 години да им се вакви стапалата и дека со тек на време се исправаат. Имаше нешто врска со тоа како им се наместени стапалата во стомакот (нанадвор) па кога ќе се родат одат навнатре со цел да ги исправат. Нешто вака беше објаснувањето. Кај ќерка ми ко што реков се далеку поправи од што беа. Јас не би се грижела да сум на твое место.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.408
    Допаѓања:
    76.546
    Пол:
    Женски
    Како помал прави му беа таму, не беше рамно стапалото. Ова почна некаде од 2г да се прави вака... Има подобрување и кај него како што гледам. Кај него мислам највеќе проблем тоа колите на бутање направија.. ама никој не ми рече дека не е убаво да се возат. А докторот буквално ми рече запали ги :D Одма дента ги тргнав, тоа беше пред 4м скоро. Еве слика од сега.. мене поправи ми изгледаат, за месец сме на контрола па ке видиме.
     

    Прикачени фајлови:

    На Coco31, TeddyGrey и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.193
    Допаѓања:
    136.109
    Претпоставувам така ти рекле заради проблемот.
    Нас ни рекоа само боса да оди низ двор. Ограничувања нема засега.
     
    На gjoker4e, TeddyGrey и mariz им се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.408
    Допаѓања:
    76.546
    Пол:
    Женски
    Исто совет дадоа бос... но ете да не газеле на меко и да се витка и пропаѓа стапалото, зашто се тегнеле лигаментите кои тек се развивале. А за на тврдо не рекоа ништо, нека трча скока на тврдо колку сака.
     
  16. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Исто и јас сум презадоволна од Антоније од неговите совети, неговиот пристап,и неговата човечност (не прими на назакажано кога му се јавив во паника за проблемот на малата, и на крај не ни наплати ни денар.)
    Здравје,да помини епидемијата со морбилите ќе ја носам пак.
     
    На mariz, Sexybaby86 и Mama993 им се допаѓа ова.
  17. Mama993

    Mama993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    558
    Пол:
    Женски
    Јас за малата бев кај Даниела Георгиева тогаш и никогаш повеќе!

    Кога не повика да влеземе внатре кај неа имаше уште еден пациент со кој сеуште не беше завршила,ми кажа да ја соблечам малата од колковите надолу,јас ја соблеков и така ГОЛО БЕБЕТО ја чекавме уште 10 минути да заврши со пациентот за да не прегледа нас. Среќа носев ќебенце па ја покрив да не лежи гола. Дојде да ги види колкчињата и ја фати за колената и одеднаш и ги рашири нозете при што и крцнаа колковите (незнам дали така требаше да постапи) но бебче почна да вреска толку силно што морав да и речам “Ова е бебе не е тинејџер како Вашиот претходен пациент”.
    Ми врати “нормална процедура е ова мајка прво дете ли ви е,уживајте ништо не и е “ и веднаш си седна на бирото да пишува извештај,ги повика следните пациенти и му кажа на асистентот да ни објасни за широк повој. Тој албанец (немам ништо против албанската нација и вера) но со македонскиот јазик барем малку повеќе да се потрудат !
    Едвај го разбрав,звучеше “Еве широк повој че го ставиш вака”.
    Го прашав колку саати во текот на денот треба да носи бебето широк повој,и во текот на спиењето да ставам повој или само денски.
    Вели “па увек де”.
    Прашувам “колку месеци”
    Вели “до следна контрола”
    Прашувам “кога е следна контрола”
    Вели “па ќе ви закаже матичната за месец два”.
    Незнам зошто им е таков пристапот уште незавршени со претходниот пациент прозиваат следен.
    Башка е хаос по ходници одејќи за едно,ќе “закачиме” друго,некоја болест,настинка...

    Заклучив подобро на приватно.
    На некои работи вреди да се штеди,но за преглед на свое дете не се штеди. Подобро да се поштедите од чекање по ходници со колона други деца испонастинати и плачливи.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  18. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    1.450
    Пол:
    Женски
    Dali ima nekoj iskustvo kaj dr Maja Kalicanin vo sistina? Jas go donesov malata koga polnil 6 nedeli na prviot pregled, mi rece deka treba da stavime uste eden pampers prevrten kako sirok povoj, nema vika sega problemi ama kako preventiva. Ni rece od tretiot mesec da pocnam so dve kapsuli i drugite babytol so omega sto se. I posle tri meseci na idnata kontrola.
     
  19. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.886
    Допаѓања:
    13.517
    Имам искуство со неа, ок ми се виде. И мене ми рече за повој, ама јас не ставав. Според мене, повојот е застарено, а и штом е се во ред, немаш потреба да ставаш.
     
    На slimy и Mama993 им се допаѓа ова.
  20. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.468
    Мене тоа со пелената ми го кажа кога не пуштаа дома. Ама јас еднаш и ставив на бебка и цела се исфрли, изгледа сафра ја фати. Од тогаш не и ставам. Сега наредна недела одиме кај Тони Талески па ќе видам шо ќе каже.
     
    На slimy му/ѝ се допаѓа ова.