Мариз, а колку е преглед со ехо кај него? Јас го слушам редовно во 0м+ кога е гостин, многу ми се допаѓа како се убаво објаснува. Би сакала да го однесам бебо еден ден на преглед кај него, ама сега не ми се доаѓа заради епидемииве. А за Антоније ли спомнавте дека ќе оди да работи во Сплит или грешка сум нешто?
1800 мислам беше со се ехо. Нас ни наплати една цена за двајцата (за синко и малата), како гратис преглед едното рачунаше, а ако треба контрола уште една за побрзо, таа не ја наплаќа. Инаку мала ординација е, само он си работи таму и ние кога бевме немаше никој во чекална освен ние.. Плус после има заден влез, од таму не испрати Ако кажеш дека ти е страв од епидемииве и ке ве внесе од тој влез (директ во собата кај што прегледува е тоа) да не сте во чекалната. Ептен е топличко кај него, ги расоблековме двајцава и си се шеткаа малата по памперс, синко по гаќи Играчки има, масичка со боички, деца играат, он ги прегледува. Јас сум многу задоволна од него сега за сега. А за селење... не сум слушнала, баш скоро ке одиме и ке прашам.
Мамички ве молам дали некоја знае да ми кажи во битола кој ортопед е најдобар? Не е битно дали е државна болница или на приватно, само стварно да е многу добар, да објаснува и гледа се детално
Нас ни кажаа на два месеци да го однесеме. Вас не ви кажаа кога ве испишаа од болница кога да го однесете
Првата контрола е 6 недели по раѓање. После тоа како ќе ви одреди ортопед. Нас пример ни кажаа наредно за 6 месеци, односно кога ќе има малата 8.
Mami gakite mesto sirok povoj sto gi preporacuvaat kaj gi osven vo Viola? Nekako skapo mi izgleda 1.200 den a treba samo eden mesec da gi nosi
во систина ни кажаа по 6 недели а некој гледам по 2 месеци сакам кај др видоевски затоа реков да ве прашам дали да го носам сега сме 6 недели.
Па за контролите кои што треба да се прават од кога ќе се роди бебе, не знам каде да се носи за најубаво да биди прегледано
Јас ја носев на болница, инаку и во плодност има еден александар се вика мислам ги гледа колкчињата на ехо меѓутоа не е ортопед.
Мајки Ве молам предложете ми добар ортопед, каде што кога ќе отидеме нема многу да чекаме ред и кој што ќе биде пристапен. Сакам на време да закажам
Кај Видоевски не се чека многу ред (обично сме чекале тој што е само пред нас, па ние, на закажаното време си стигнува редот), ама уназад доста време се закажува. Исто и кај Антоније, само он побрзо закажува.
А Антоније кој е? Каде му е ординацијата? И јас се мислам да закажам кај Видоевски малата ми е 23 дена така да имам време за да фатам термин
Антоније види погоре баш пишувавме за него, кај се наоѓа, каков доктор е итн. Orto plus ped ти го наоѓа и на мапи.
Девојки, дали може да направиме ехо на колкови кај бебо 2 пати во рок од месец и пол? Смета ли нешто? Сакам да го носам на второ мислење затоа.