А контролите кај Антоније нели се бесплатни? Јас така го разбрав,а погоре прочитав дека се плаќат..Ај тие што сте биле кажете ми.
Дечки не знам дали за тука ми е прашањето, ама бил ли некој на преглед кај доктор Зафировски во Филип Втори? Колку е цената за целосен ортопедски преглед таму, и какви искуства имате?
Не се. Контрола 1500. Освен ако сте требале да примате терапија па за 2-3 недели да ве провери. Тогаш не се закажува и е бесплатно.
До кога давате д3 , малата ми е 2г , вчера ги завршив , дали да купувам нови знам мај се прекинуваа , ама времево ко во март се однесува , се,само сонце јок .
Dali za odenje za ortopedski pregled kaj Bojadziev vo Radovis treba uput i zakazuvanje preku termin ili se toa odi privatno?
Да споделам искуство со Антоније, ги носев и двете деца во понеделникот. Многу ми се допадна ставот и односот на докторот. Генерално исти препораки имаат со Видоевски со тоа што Антоније го кажува тоа на попристапен начин, недвосмислено и ненадмено. Синко има спуштени сводови на стапалата од буткање со нозе на оние мали моторчиња- проодувалки, ни рече веднаш да ги фрлиме, наместо тоа да вози баланс точаче. На трамболина и кревет никако да не скока и да продолжиме да даваме по 3 капки витамин Д. Бебето е супер, добивме општи препораки за безбедност, за не држање во раце и не спиење во заеднички кревет. Последното не сум сигурна дека ќе го послушам. Ни наплати вкупно 2000 денари и за двајцата иако по телефон ми кажа дека 3000 денари ќе ме чини.
И ние бевме кај Антоније прв пат, ми се бендиса пристапот, многу убаво објаснува. Но тоа за наплаќањето не му е во ред, на секој различно. Нас ни зема 2000 денари, преглед со ехо на колкчиња.
Точно, самиот така ќе си направи штета, верувам дека многумина ќе се откажат поради цената, а тој всушност никому досега не наплатил 3000. Не знам што е фората, кажи си цена 2000, а не вака да манипулираш со луѓето.
Заборавив да го прашам Антоније за ставање на бебето во релаксатор. Видоевски препорачува од прв ден, а на Антоније каков му е ставот за релаксатори?
Фала ти Нарциса, тоа ми беше едно од главните прашања и скроз изумив да му го поставам. Штом ќе наполни 2 месеци ќе почнам да ја ставам.
Зошто 2 да чекаш? Нас од 0+ ни кажа дека може. Се разбира ако релаксаторот е за таа возраст. Јас одам со 30 спремни прашања, две ако запамтам е успех
И нашиот е вдлабнат кај газето, ама на три нивоа се спушта. Ако можеш провери дали има етикета и што пишува на неа. Ако не, да ти го дадам нашиот, само место зафаќа
Ќе проверам баш дали пишува од која возраст е, битно само една положба има, не се спушта на нивоа. Фала ти на понуда, ќе заврши и овој работа, син ми обожаваше да седи во него.
Едново бебе оди веќе и тоа низ цел стан врти без застанување , надвор исто така си оди сам . Кога треба да го однесам на преглед?