Фала ти мила го послушав твојот совет и побарав друго мислење кај друг ортопед и го добив одговорот исто како на @Lolipop23 дека е премногу рано за да се развијат па затоа да чекаме до следен преглед за два месеци.Ви благодарам на двете за советите
Знаете ли некој приватен ортопед во Прилеп или Битола? Не ми е однесен синко од како е роден. Сакам една рутинска контрола. 2 г ќе полни уште малку. Каде што живееме никогаш не сме биле на ортопед.
Во ординацијата на Жан Митрев во Битола има ортопед, др. Сузана Јанчевска. Ристески во Плодност не е ортопед.
Предложете ми добар ортопед за новороденче? Прв преглед е. Систина/Ремедика или на друго место..кај Др. Тони нема слободно дури средина октомври..
Некој искуства со др темелковски во ново лисиче? Го препорачувате? Некои други предлози за ортопед низ аеродром, кисела вода?
Majki, predlog za dobar ortoped vo Sk? Kaj Taleski duri 21vi oktomvri prv sloboden termin, a sakam da gi nosam porano od toa.
+/-2.500ден беше, не знам точно, ама испод не е секако Оки е Маја, убаво објаснува и детална е, ама и кај неа може да не најдеш порано термин, ѕвони одма и прашај..
Може ли да ми препорачате ортопед во Ремедика и колку чини истиот? Не сум задоволна од нашиот ортопед,би сакала да го прегледа синко и некој добар ортопед,кај овој прегледот трае 3 мин, со се соблекување и облекување.
Ако не ти се брза - Тони Талески. Многу е посветен и ти кажува до толку детали што не можеш ни да запомниш. Околу пола саат ја прегледуваше малата првиот пат. Се изненадив дури. Ми вика сега контрола на осум месеци, порано нема потреба зошто да ти ги зимам парите. Јас претходната недела се јавив сакав да презакажам ми рекоа прв слободен термин 14ти окт.
Денес бевме на ортопед 4 месеци е син ми и тек сега почнуваат да се оформуваат јадрата,на 2 месеци воопшто и не беа и ми кажаа дека е се во ред ни широк повој нсма потреба а се на се половина чад гаќи му имам ставено во 4 месеци. Следна контрола на 6 месеци ми кажаа. А не ми кажа и не прашав под агол од 45 степени кога може да се исправи,или само ке си кажи?
Супер мила само ќе си покаже за да се исправи макар што јас ја редам во релаксатор малку подисправено да седи.ние пак сме сега на три и пол месеци да видиме што ќе каже зошто тогаш на два месеци за левото колкче рече не е дооформено.јас повој и ставам во овие пеколни горештини ама што да правам шубе ми е да и го тргнам