Да, да со ехо. Внатре сте половина час. Докторот објаснува се, го прегледува бубето од мало прсте на нога до глава комплет.Сите ковчиња ги поминува
Кога го наоравивте првиот ортопедски преглед на вашето бебче, после 1 месец мене ми запишаја во картонот? Кај Тони било зафатено до крајот на март...
Кај сите се чека, нема термини ни државно ни приватно. Ние бевме оваа недела, а имавме закажано од крај декември. За жал така стојат работите.
На 2 месеци и 8 дена. Кај нас беше запишано на 2 месец на ортопед. Не задолжително точно на 2. Закажи си термин со време кај Тони не ти е касно март. На сестрата нагласи и ако во меѓувреме се ослободи термин да ве побара,мене така ми се јави месец дена пред закажаниот термин за да ми каже дека некој откажал,ако сакам да одиме,но не бевме во можност тогаш па си отидовме на нашиот термин. И уште тогаш закажавме нов термин за контрола после 6м во јуни. Така да верувам и други закажуваат контрола па затоа е фул со термини.
Здраво мајки Читав поназад низ темава никаде не наидов на пост за павликови каиши. Бебето е 4 месеца, на првиот ортопедски преглед на два месеца беше се во ред, а сега на контролата на 4 месеца докторката установи поплитко лево колкче и ни даде да носиме каиши. Потенцираше дека јадрата се оформени и дека нема никакво исчашување туку само е поплитко и не одговара на возраста. Сакав да барам и второ мислење но термини как Каличанин дури за еден месец а кај Талески за два. Дали некоја мајка има слично искуство да сподели нешто повеќе за тоа.
Искуство немам, второ мислење обавезно да бараш! Јави се пак кај Маја, Тони или Антоние, го фалат и него и замоли ги да ти закажат најбрзо што може, кажи дека е итно, потребно ти е мислење од нив најбрзо што може. Верувам дека ќе ти излезат во пресрет и ќе те пикнат во некој "меѓутермин". Јас бебе мое инаку кај Маја го носам, задоволна сум.
Па ако немаш каде, подобро почекај месец дена за кај Маја. Јас ја носам ќерка ми кај неа,супер задоволна сум.
Немој никако да чекаш месец дена за термин за било кој доктор. Ако состојбата е навистина за интервенција месец дена без каишки е предолго (скапоцено) време за да се пропушти за третман, доколку навистина не е- тогаш бебе да го малтретираш со каиши цел месец навистина нема потреба. Верувам дека ако ги завртиш докториве кои ти се во опција и им кажеш дека е навистина итно (а не редовен преглед) бар еден ќе ти излезе во пресрет и ќе те повика во некој меѓутермин. Мојата другарка вака кај Видоевски доби термин, и навистина не можеше да чека. А јас лично ништо не би правела додека не чујам второ (па ако е спротивставено и трето) мислење. Само не губи време. Едит: сега видов дека и Емка истиот совет ти го дала. Еден доктор сигурно ќе се погоди.