Јас се мислам ми рече еден месец од кога ќе прооде убаво. Е сега што е тоа убаво незнам . Малата кај мене оде веќе месец и пол, трча и надвор, но сама не станува од земја, се придржува. Нели тука некој спомна дека треба и сама да станува. Исто се мислам кога да ја однесам
@Autumn_ ако е преодена 3м и трча уште се 'шанка' како што викаш. Значи ќе се среде.Фала @paleska3 за станување мојата после 1. 5м почна да станува сама.
Да да, немој да се плашиш за тоа, и моето одеше секако, еднаш за друг проблем отидовме на ортопед и докторката уште пред да кажеме за што сме ни објаснуваше дека имаат нормални фази на развој и одат вака или онака, дека процесот ма проодување е подолг и нема потреба од паника ако приметиме дека нешто не ни изгледа како што треба
Само што пишав и утредента си стана сама . Сега си станува без проблем. Сепак ќе почекам уште еден месец за да ја носам на преглед, да се смири уште малку ситуацијава.
Јас колку што знам кај сите е различно. Мојата на 3 месеци веќе имаше формирано а на други 6,7 месечни деца на другарки немаат.
Кај мојот син имаше на 2 месеци уште формирано педијатарот ми рече дека е во ред кај некои се формирало после 4ипол месеци
Некоја мајка што го носи бебенцето на ортопед кај др. Антоније да сподели каква е неговата препорака за витамин д во летниот период, дали ја намалува дозата? Нас првиот преглед ни препорача д3 + омега и уште една ампулла д3. Користам на babytol. Сега малото е 5 месеци, со оглед на состојбата не сме биле сеуште на преглед
На малата дури и покачи една капка заради неконтролирано потење. Мислам дека не намалува летно време, освен ако не му е потребно на детето. Почнаа со редовни контроли, можеш да го однесиш.
Работи ли Ортомедика Видоевски во сабота? и до колку работат периодов? Сама да си одговорам прашав. Туку дури за еден месец има термин има ли некаде за овој месец кај одите вие каде можам за побрзо да закажам.
Ве молам, дали ќе сакате да ми кажете какви и кои вежби ги правите со бебињата и од која возраст? Нашето бебе е 1 месец ама никој не ми покажа вежби во родилиште. Благодарам.
Мојот на преглед на 2 месеца имаше оформено јадро на колкчињата. Мора да се види детето на ехо за да се знае.
Да, се намалува дозата преку лето, после 15ти мај. Можеш да му пишеш порака, ќе ви одреди доза без да закажуваш термини.