@Sofi.ja работи Тони? Имаме закажано за следнава недела уште од декември, вчера вртев ама не ми се јави никој.
Да бевме пред 2,3 недели. Да не си вртела вон работно време? Обично се јавува сестрата неколку дена пред преглед да те праша дали ќе одите
На колку време се оди на ортопед? И кога треба првиот преглед да биде? Во родилниот картон пишале педијатар после 2-3 дена, а ортопед по 2-3 месеци..
Најчесто со навршени 2 месеци. Ние на 2 ипол бевме, ама ако читаш препораки од тука и сакаш кај некој фален доктор, закажи си со време. Кај Тони Талески, јас закажав месец унапред.
Околу 1 месец имаше кога го однесов и следно ми рече да го однесам 4-5 месеци кога ќе има, нема потреба претходно. Кога ќе одиш на прв преглед, ќе ти каже кога следно да одиш.
Фала ти многу. Ако не се среди ова со вирусов не ќе можам да најдам добар ортопед, тука се за никаде.. Едвај педијатар најдов..
За 2 недели треба да го носам малиот на прва контрола на ортопед. Се породив во Ремедика, таму како и сите го прегледа Ивановска и планирав таму да го носам. Веќе се пренапнав од различните совети што ги даваат докторите затоа ве молам за совет и искуство дали воопшто да го носам кај неа или ќе си го изгубам времето и парите? Тука гледам 2-3 имиња се вртат, кај кого да го носам? Фала
Кај кого и да го носиш јави се сега, за да ти закажат на време. Обично се чека 1 месец,кнап се со термини. Јас сум задоволна од Тони Талески Ст медика.
Јас од Ивановска не бев задоволна, го гледаше детево на ехо ај објаснуваше и вежби, ама кога требаше да одреди терапија за Вигантол зошто детето ми се роди со поотворени фонтанели ми рече да одам кај педијатар Марина она да одреди колку капки ке треба. Професорка е ама теоретичар,пракса слабо.
Тони Талески сум презадоволна од него детално прегледува и многу убаво објаснува...се што сакав да го прашам самиот ми кажа
Дали некој користи Д3 од Џејмисон, ако да која цена се? Јас како замена на Вигантол земав од Пливит д3 (како поефтина варијанта од Бејбитол) Прима една капсула Бејбитол д3+омега и 2 од пливит.
Здраво син ми има 9 месеци и пред неколку дена приметивме дека десната нога му оди на надвор кога стои. Закажавмена ортопед за на 8ми но јас сум цела испогубена. Дали некоја од вас е имала ваков проблем.