PZU ORTO PLUS PED вака барај на фб имаат и локација прикачено. Се наоѓаат спроти Словенска амбасада. Јас се јавив пред 1н, сакаа на 2ри да ми закажат ама ми беше рано терминот додека да стигниме. Па сега за на 6 ти договоривме. Толку 1н максимум, и тоа по моја желба. Споредба правам со Каличанин, лани се јавив почеток на јуни, сакаа да ми закажат крај на август
Тенкју Задоволна си од Антоније?Јас искрено немам никакво искуство со тамошните ниту ги знам,ми ја препорачаа и некоја Маја од Систина,чисто онака собирам мислења АКО си доаѓаме да бидам спремна.
Сум била и кај двајцата, нема да згрешиш со било кој. Моите две девојчиња Маја ги води, но еднаш, сплет на околности, итно беше и завршивме кај Антоније. Одличен е, пристап професионален, ни објасни што е проблемот како на прваче кога му објаснуваат како се пишува буква Не’ прими преку ред, малата го имаше свиткано рачето, со болки беше, урлаше, и не’ истретира ептен супер. Маја е исто одлична, не образложува премногу доколку се’ е во ред, прегледите и’ се детални и задоволна сум. Моите и двете кај неа ги носам. Еве пред две недели закажував за следен преглед, тек на 16.07. Се чека многу кај неа, ама па според мене тоа говори за нејзината стручност
Горе долу ти пишала Сексибејби. Маја Каличанин е таа што ја пишам. Што се чека ред Супер е и она, не комуницира многу, прегледува и тоа е. Додека Антоније ми остави впечаток со тоа што секој процес /проблем/фаза го објаснува, зошто/што /како.
И јас се јавив кај Антоније за контролата на 2 месеци и првиот слободен термин беше за 20 дена,па ми рече бидејќи е важен преглед за една недела да одам во 6.30 сабајле да завршиме работа.
@BabyT* @Sexybaby86 фала ви ептен,значи нема да згрешам за било кој од нив да се одлучам. Во меѓувреме гледав видеа од Антоније што гостувал во Телма,многу многу сомнежи ми се разјаснија и добар впечаток ми остави,сепак ќе гледам да закажам со време.
Нема да погрешите ако отидете кај Антоније. Строго делува ама сметам дека е професионален и си ја знае работата. И кафе испивме додека ни објаснуваше. Кога гледаше на ехо објаснуваше што гледа. И книга извади да видиме дека колковите на синко му се како по книга. Темелно ни ги објасни сите фази, кажа што треба да правиме а што не, еве синко пушта по 3 4 чекори на 11 месеци. Ни кажа на што да внимаваме и ако забележиме да се јавиме и да одиме веднаш во ординација. Многу е чисто, уште подобар впечаток ми остави.
Јас не сум баш импресионирана од Антоније. Скроз е ок ама ништо посебно. За мајка која е неспиена, несконцентрирана треба да го снимаш за да преслушаш дома зашто збори ко навиен, како по скрипта. Каснеше пола саат со прегледите и пошто вика слушав што збореше за претходното бебе и истото скроз го кажа и кај нас. Некои ствари што ги кажа му беа добри и на место ама малце претерува, луѓе сме не роботи. На бебето освен правилен развој на коските му требаат и многу, многу други работи од мајката. Не може да не го земам во раце, не може да го затварам во спална сам да заспива на 2 месеци и сл. Не ги жалам парите само зашто се за детето, иначе прескап е.
Ние бевме вчера. Дојдовме 20мин порано и не прими веднаш. Точно дека кажува многу работи ама не е дека кажува не вистини. Јана за коментарот дека истото го кажал и на другите родители со бебе, незнам што очекуваш, да измислува посебни муабети за сите или? Тие се работите нормално истото ќе го зборува. Ете 2пати си го слушнала ќе го запамтиш. А тоа на твое бебе што ќе правиш е апсолутно твое право.
Апсолутно не е точно. Антоније вели дека на бебето му треба љубов и гушкање ама не и неправилно држење. Поголема штета ке има ако го гушкаш ама го држиш неправилно. Исто и за ѕуцањето, никој не ми кажа дека бебето не треба да се лула и тресе ко лудо. Бебињата се смируваат од многу тресење затоа што добиваат мали потреси на мозокот и се зашеметуваат.
Да, го кажа тоа. Мене не ми пристапи дека на бебето му треба љубов туку ми рече да го оставам бебето да лежи на грб и да не си го правам инвалид. Јас разбирам што сака да каже ама пристапот не ми се свиѓа. @BabyT* Не очекувам од дома да се спрема за нас ама сигурно дека треба прегледот да биде персонализиран, а не набубан материјал и сум отишла да го испрашувам. Не реков дека не е добар или дека кажува невистини. Само е исфорсиран, преценет и јас може имав преголеми очекувања ама така е претставен тука, а јас отидов по препораки од тука. Докторот е скроз ок, ми се свиѓа современото размислување ама е прескап. Сигурна сум дека истиот преглед ќе го добиев и кај докторот во Ново Лисиче што се збори тука, а кошта дупло помалку. Тоа сакам да кажам и не значи дека не би отишла пак.
Те разбирам сосема, исто како породување во приватна клиника. Јас се породив државно со јаки врски, малку честење и поминав одлично. Не дека не вреди да отидеш на приватно, ама и државно е океј за помалку пари. Кажав јас дека пристапот му е строг, делува нападно ама мене неговите совети ми беа на место. Послушав се освен делот да заспива детето самостојно. Мене ми се допадна тоа што е конкретен, немаше моменти да се мисли, вака ли треба, онака ли треба. Се што кажа беше конкретно и без колебање дека може поинаку. А тоа за лежење на стомак и грб соодветно на возраста е точно. Пишував дека синко веќе се пушти на 11, и не е тоа ништо чудно, деца и порано проодуваат, ама синко умее и да паѓа. Умее да клекне, се задржува на раце или газе. Да го ставав во дубак, немаше да знае правилно да падне. Тоа другите доктори не го кажуваат, а зборев со други мајки кои оделе кај други ортопеди. Уште дс пишам во врска со делот дека на сите истото го кажува. Секако ке го кажува истото кога тоа е тоа. Нема што да се филозофира, тоа е точно утврдено и кај сите деца негативните последици се исти. Секое бебе треба да расте на под и тоа е тоа.
Моите размислувања и планови за растење на детето се поклопуваат со се што ми кажа и ми беше многу мило кога го слушав дека сум се информирала правилно (многу читав за развој во бременост). Околу физичкиот развој скроз се согласувам, тие работи се напишани насекаде на интернет само треба да се чита. И јас гледам детето да ми биде самостојно. Само докторот малку претерува за мој вкус затоа реков не сме роботи. Знам дека не се чувствував убаво после прегледот и по тоа знам дека не сум баш задоволна. Не знам до што е ама мислам дека многу 'продава'. Јас искрено најмногу отидов зашто му гледав интервју и видов дека многу внимание посветува на дозирањето на д витамин. И ми објасни што како ама многу брзо збори и до дома измешав се во глава ама ќе му се јавам и ќе си запишам . И сметка не дава ама ајде, тоа е Ќе одиме на контрола пак кај него сигурно зашто веќе ми е познато и се согласуваме.
Ти го гледаш како набубан материјал јас го гледам како работи кој мора да ги каже на секој родител. Сите тука пишавме дека е со строг однос, ама јас по поштувам така одколку да ме тапше по рамо и да му направам штета на детето. Мене сите 3пати кога отидов 'ме искара' и за се беше во право.
Мене воопшто не ми беше строг. Не сте виделе вие строг доктор. Никогаш нема да заборавам еден стар доктор што ме искара како татко да ми е иако беше пред 15 години, а нема да го заборавам и заболекарот што ме 'искара' и сакав да му залепам една. Пак ќе кажам не го нападнав, нема потреба да го браните, не се сомневам во неговата стручност само постои нешто што се вика емпатија и харизма, сепак сме луѓе. И јас како вас го сакам најдоброто за моето дете, а не тапшање по рамо.
Можеби си била преморена па така ти се видело. На крајот сите сме различни. Јас сакам вакви доктори кои се строги и не делуваат двосмислено. Точно е дека делува дека нема љубов во него, ама веројатно таков му е стилот. Колку за споредба, докторот каде што одела друга мајка со која споделив искуство, кажал дека не се препорачува дубак ама не бил конкретен зошто и која би можела да биде штетата од негово користење. Само кажал дека не е убаво ама они нека си одлучат.
Да, ок е. Не знам некако не можам да кажам на мајка ми или свекрва ми 'не може да го земеш бебето, гледај го така од близу'. Не дека ми е непријатно туку не сакам. Не верувам дека бабите ако го земат во раце дека нешто лошо ќе му направат. И да, многу ги напаѓа бабите Еве кажи ми дали бебето ти лежи по цел ден?