Па ете, можно е и тоа и плус хормони... Инаку, го прашав за кенгур и ми рече не препорачува, го прашав зошто ми рече може бебето да заспие и на скала на пример да му климне главчето. Кажете ми поискусните дали сте користеле и ете ако внимавам да не заспие или му го држам главчето зошто да не го ставам во кенгур?
Ќе ти пишам и за 2те работи. Сега малку бабите ќе го подржат и ќе го навикнат и после треба ти цел ден да го држиш? Мојата беше така и затоа не давав. Настрана тоа што во раце не зајакнува мускулатура. За кенгурот, мене ми се случи така ми заспа и не ја сетив и наеднаш и клапна главата. Среќа ништо не се случи лошо. Дури после бевме на ортопед кај докторот кога кажа за ова дека е опасно. Па почнав да ја носам на кај мене завртена ептен кога мораше со кенгур.
Јас не користев кенгур, ниту за колковите не било добро, посебно за неразвиени јадра. Немав ни потреба, шетавме со количка, јас немав потреба да одам некаде сама. Кенгурите сите пишува дека се за 3+ месеци. Кога би морала да излегувам сама по продавници, можеби би купила, затоа што со количка не можеш да влезеш секаде.
Да, најмногу за да можам слободно да шетам сама, а не да чекам цело време од некој плус сакам да пешачам рано сабајле накај Водно. И мислев ако му внимавам на главчето веројатно не би било проблем. Не ми спомна ништо за колкчињата, а и секако не би го носела повеќе од 1 саат. @BabyT* Го држат бабите ама не го гледаат секој ден, па не е проблем. А и јас го држам само ако има грчеви или да го изгушкам. Преку ден си седи сам во релаксатор си завршувам сама се по дома и навечер ќе се нацица, ќе го избањам (не сака да цица после бањање) и сам заспива во креветче. Сега за 2 недели на подлога со играчки ќе почнам да го ставам и мислам дека детето си е супер.
Колку месеци е? За кенгур јас би те советувала да има јадра. И треба да му го држиш постојано главчето ако не ти е проблем.
2 месеци. Не знам што значи да има јадра, докторот рече дека има колкчиња како 5 месечно бебе ако е нешто поврзано.
Да, значи има развиено јадра. Ама пак во кенгур мораш завртено на кај тебе, до 4м. За подлога почни уште сега да го ставаш по 10мин за да се навикнува.
Јас лани во јули месец кога го однесов малиот со чорапи,а јас носев сандали ми вика мене Мајка а тебе кај ти се чорапите Ќе закажам и јас преглед нее носен одкако е прооден.
Здраво дали некој бил кај др. Александра Димова и да ми каже мислење дали да закажам кај неа.Кај др. Антоние треба да чекам 3 недели а кај неа има слободно.
Исто, само јас и имав облечено плус меки патики. Уште од врата и ги извади на малата и ми вика слободно фрли ги во канта
За Антоније. И ние бевме. Бебе облечено на долги ние на кратки и нас ни рече зошто и вие не сте на долги За јадра прашав бидејки ме интересираше оти го пропуштивме времето да видиме дали се оформени поради коронава. И ни рече дали ма првиот преглед на два месеци ни рекол дека колкобите се супер по книга. Да така рече. Рече тогаш не е битно дали имал или немал јадра, а веќе се исправал одел. Добар колк е секогаш добар колк. Исто му кажав дека ние го стававме во дубак без нивна кинсултација и да рече дека е против ама го оуштив мали да се пентери на вратничињара и беше презадоволен како е напреднат. Сам лази, оди до одреден објект се искачува оди околу него сам се држи, си клекнува си станува, тргнува да оди сам си паѓа на газ. И тоа на 10месеци. А му реков дека користевме прво џампер после дубак
Сепак на крајот сами одлучуваме што ќе примениме од советите, нели Не мора да е од буква до буква како што кажал докторот. И јас строго не ги израснав децава по книга, но несомнено докторов многу ми помогна за развојот на второво дете.
на малиот педијатарката му примети дека ребренцата му се меки и некако фатиле позиција ко нанадвор да идат па му зголеми Д3. За секој случај го однесовме и на ортопед и исто ни потврди, само рече не е деформитет не се тревожете, чисто естетика али али без врска е во 21 век да имаме ваков граден кош. Имала ли некоја искуство со вакво нешто и дали само до Д3 се средило?
Со д3 само ќе се зацврстат, но не се решава "деформотетот". И кај нас се такви тоа е генски имаме во фамилија таков човек близок
да не посочеа јас немаше ни да приметам..ама сега некако поинакви ми се чинат откако прима повеќе Д3..а може и си правам филм
Да, кај поголемата ќерка исти случај, како бебе на првиот преглед ортопедот ни посочи, ама нагласи дека не е страшно и ќе се нормализира. Со редовно примање на Д3 денес нема ништо, градниот кош сосема нормално изгледа (сега е 2 години и 5 месеци).
А тоа за чорапи и обувки, значи дека бебето треба цело време да е босо или само кога почнува да лази оди и сл.?
А како е правилно да се држи? Мислам дека еднаш прашав тука. Дека треба како во лулка да му биде газето. А ако е свртено кон мене? И до кога се внимава ма држењето, до колку месеци? Полна прашања сум, на ортопед бевме на 2 месеци, ми зеде 800 денари само за ехо, а други објаснувања не ми даде.
Антоније кажува дека не треба дете да се држи во раце, дека треба да лежи на рамна, тврда површина на стомак или грб.