Другарка што ја носи малата за ова повеќе се изнервира. Зошто на сите да им ја покажува книгата . А, и дека и рекол се е во ред, не му верувала.
Алелуја, некој истото мислење да го има за Антоније. Кога го пишав ова ми рекоа што сум очекувала јас, посебно нешто за мене да измислил Цената верувам на никој не ни е проблем, да ни била немало да идеме. Него тоа што го збори како од скрипта, 'колкчињата му се како на 6 месечно бебе' и тие дешавките уморен татко нагмечил бебе, во кенгур го повредило главчето и паднало од подлога за пресоблекување. Тоа е тоа.
Мене ме праша како сум дознала за него. Тука ми падна чудно зашто тоа прашање обично го поставуваат нови доктори. Нормално му кажав Фемина
Да, да, истите муабети. Не навлегувам во тоа колку е стручен, тоа не е моја професија и не сум компетентна да кажувам, но примерите што ги кажува се истите за сите. Она што спаѓа во неговата професија, верувам дека тоа си го знае. Кога бевме кај него, нè убедуваше да го оставиме да плаче, ќе се умори и ќе заспие. На мм му вели ќе заспие, ти можеш да не спиеш? И мм му вели очигледно да, живи неспани сме Но затоа препораките што ги даваат можеме да ги прифаќаме ако ни одговараат или да не ги прифаќаме. На пример, никогаш нема да го оставам да вришти, да излезам од соба, да затворам врата и да го оставам да си заспие сам бидејќи скапал од плачење и се изморил, па кој сака нека ме советува така.
А ви кажа ли дека некој татко му се јавил да му каже 'Фала докторе, од кога ни кажавте да го оставаме само во соба и да затвориме врата се изнаспавме'.
Мило ми е дека те изнасмеав, само да не ме сфатат погрешно дека го исмевам или да влијае ова негативно на мислењето околу неговата стручност. Мене ми остави впечаток дека си ја знае работата ама сепак најдобро може да каже некоја што отишла со проблем и им помогнал. Оф топик: Вака сестра ми ми предложи гинеколог да одам демек идела она и бил многу добар. Отидов јас (со пцос) и што ќе ми каже - имаш тумор на јајник. Уствари циста било. И викам на сестра ми каков ти е овој гинеколог?! Па вика за мене е супер, секогаш се ми е во ред
Така е во право си. Ние имавме мал проблем со ребрата на малиот, му омекнаа, малце му било Д3. Педијатарот примети прв и му зголеми Д, Антоније само потврди дека е во ред дозата и така да продолжиме. Пак не е некој сериозен проблем, ама и мене ми се чини како добар доктор, на страна работиве што ме извадија од контакт.
Мислам дека Антоније не преувеличува, затоа што такви ситуации навистина има. Не сите родители ги сфаќаат докторите сериозно. Веројатно се надева дека ако не 'исплаши' со најстрашната работа која може да се случи со употреба на некое помагало, ние како родители ке размислиме два пати. Наши пријатели не ги ставаат децата во седиште. Значи не ја сфатиле опасноста да летне детето најсериозно. Нам ни кажа што може да се случи при судар и при најмала брзина, не дека не знаеме, ама кога веќе ни посочи, психата не ни дозволува да го оставиме да скока по кола за да не плаче додека се вози. Пријатели го воделе детето кај Видоевски и тој им кажал дека не препорачува дубак ама... Антоније отсечно кажа не за дубак и кажа зошто.
Во ред е сето тоа, ама децата не се роботи, родени се и тие со некаков табиет. И тој кажува дека ќерка му не сопирала со плачење и нон стоп во раце била, а од друга страна кажува да се остави детето да плаче. Уосталом не е негов домен спиење и облекување бебе, ортопед е.
Негов домен е затоа што бебе не треба да расте во раце. Стуткано во раце може да добие искривувања. Тој рече дека треба да се земе бебето и да го утешиш, да го сакаш и гушкаш ама без дрмање кое може да доведе до мал потрес на мозок. Облекување не е негов домен ама тој објасни дека секоја настинка е од бактерија или вирус, а не од ладно.
Пред месец дена лошо и ја истегнав раката на малата ако ви кажува да знаете дека е вистина . Тоа е тиа дел што вика остави го нека падне, само не го влечи за рака. Е јас знам што кажа и пак не свесно и ја оптегнав. Дете се отепа од плачење,неможев никако да ја смирам. Му се јавив на докторот и одма ме побара на вибер и преку вибер ми објасни како да и го наместиме рачето, и замисли успеавме и се поштедивме од одење кај него. Јас сум му многу благодарна сега за сега. Не ми покажа и мене книга
А значи ти си таа што истегнала раче... Вие што не сте виделе книга, да си побарате да ви ја покаже. Малку да се пошегуваме де. Инаку, тоа раскажување сфаќам дека е најдобронамерно, иако е шаблонски, повеќето совети ми се допаднаа и пак кај него малиот ќе го носам.
Ова со книгата и мене ми го презентираше. А фората - "еднаш добар колк-секогаш добар колк" иии Со ваков колк на 9 месеци контрола ама со друго дете
Да да, јас сум Да таков му е стилот што апсолутно не значи дека измислува. Веројатно таков си е на карактер