Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ортопедски прегледи

Дискусија во 'Бебе' започната од Jagoda123, 11 ноември 2014.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Фала ви. Буквално ми треба за да можам да си зготвам, да одам до вц и нешто слично. Нека биде тоа 1 саат дневно. Релаксаторот веќе не му е интересен, на под е по цел ден ама има периоди кога му здосадува и сака да го држам. Плус веќе не е за оставање сам, денеска тресна со главата и зајде од плачење. Многу почна да се исправа како да сака да стане, лази половично некако и влечење и се крева повремено, од скоро ги крева колената и на прсти се држи, па тежината напред му дојде и тресна. Немав намера и јас за никакви помагала ама сега почнав сериозно да размислувам, друго ќе беше да не бев сама.
     
    На K7M10J, babyboy1, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.318
    Допаѓања:
    18.485
    Баш заради потреби од ваков тип ортопедот рече дека дозволува да се користат.
    Мене ми вика замисли една мајка со две близначиња на 6,7м возраст, нема ли да проба едното барем да го стави,да зготви ручек или да заврши некоја работа?
    Секако престојот треба да биде ограничен, не треба да е по цел ден детето во дубак/џампер.
    Најдобро е на под, ама знам како е кога не можеш до вц да отидеш.
    Моево од 8 до 10м го стававме во дубак,од 10 почна интензивно да лази и не сакаше повеќе дубак па го тргнавме.
    Во вц на почетокот го носев со мене во релаксатор или транспортер,а откако потпорасна во количка:D
     
    На K7M10J и Jana06 им се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Јас купив камера за да можам да се избањам како човек, зашто бањање за мене беше 2 мин. И само што ќе влезам халуцинирам дека плаче и го гасам цело време тушот да слушам. Вака го слушам ако почне да кенка, имам време да излезам додека да почне да вика, па трчам целата мокра :D Тешко е многу особено кога сум мртва гладна, а тој не ме остава никако, па само јадам некои глупости на поминување.
     
    На K7M10J, Sexybaby86, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Леле истото ми е и мене кога се капам, сè мислам дека плаче и сопирам вода за да го видам на камера. И мм кога е со него во соба, и тогаш истото ми се случува.
    Инаку, јас не сум сама по цел ден, но мм има работа и не може секогаш да го надгледува кога ми треба мене. Во тој случај го ставам во креветче и нема каде да бега, му зборувам ако бркам некоја работа по дома. Е сега ако одам во вц и ако заплаче, па ќе си поплаче малку. Со телефонот одам и го гледам на камера.
    Кога јадам, тој е во креветче и во моја близина го ставам креветчето. Најаден го ставам во креветче и молчи, ме гледа, нешто си зборува, брмчи, се превртува. Така доручек имам на раат.
    Лично пораат би била во креветче да го оставам и да одам во вц отколку во џампер. Пак ќе си на штрек и ќе трчаш да го видиш.
    На земја сам не го оставаме бидејќи за секунда се влече на друг крај од таму каде што сум го оставила. Ако треба да го оставам, само креветчето го користам и најбезбеден е.
    За мавањето од земја, допрва ќе се маваат. Ако не се удри, како ќе знае да се пази. И моево го прави истото со кревање на газот, се крева на колена, со стапалата се крева сосема со прави нозе на прсти. Па на нос ќе падне. Најмногу треснуваше кога почна да се врти од стомак на грб. Двапати тресна убаво со главата на под, третиот пат да видиш како си се пази. Трепнува дури за секој случај и си го укочува телото за да не тресне пак.
    Учат и со треснувањето, баш тоа и ортопедов го кажа и така испадна. Ако се удри, ќе научи да се чува.
    Вчера во кујна се спремав да му направам да проба слива, а бе само што му се изгубив од вид, почна да плаче. Го свлечкав креветчето за да може да ме гледа, му зборував и се потсмири колку да не плаче, а кенкаше за јадење.
    Кога се спремам да излеземе, тој е во креветче и заплакува бидејќи ме снемува од што трчам навака-натака и му се спие, но тоа е. Ќе поплаче, морам да се спремам. Не можам да го носам со мене во друга соба за да се облечам, постудено е таму.
    Е можеби е друго ако беше научен да се смирува само ако го кренам. Ако плаче, плаче или за јадење или за спиење, а ако е наспан и најаден, тогаш си игра, си брмчи, се превртува каде и да го оставам, не бара постојано да го држам или да го играм.
     
    Последна измена: 4 ноември 2020
    На eta, MilaSs12, Brpbrp и 3 други им се допаѓа ова.
  5. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    Јас го седнувам в количка и го оставам до мене дури мијам, јадам и му давам кутии да си игра со нив..за туширање се туширам додека спие со пуштена камера и да се разбуди не плачи си се врти на меше и се врти низ креветче мирен е..
    Ако го оставам така и му зборувам да знај дека сум тука плачи за да го земам, а ако си работам и не зборувам си игра сам..Ако сум сама и треба да одам до вц го оставам во дубакот оти на друго место не е сигурен..еднаш се чукна во масата и сега не оди таму знај дека има бам :rofl:
     
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Абе мојот седи мирен доле, си игра, си лази, ме бара со очињата. Немам јас проблем кога е таков, се туширам и додека е сам на под, само сега комодата му е многу интересна, а уште ивиците ги немам заштитено да не се удри. Проблемот ми се тие кенкави моменти, плачки од заби, скокови кога многу е тешко нешто да му погодиш, тогаш треба некој да имаш дома на 5 мин да го придржи кашичка да му спремаш помош е. Порано седеше во количка што викаш или хранилка ама сега се исправа. Еве вчера, му сварив зеленчук додека спиеше и стана кенкав не сакаше никаде освен во раце. И ајде го држам со една рака, а со другата да му изблендам со рачен блендер и кога почна да пишти се исплаши. Обично се смее кога му спремам ама сега изгледа дека блиску му бучеше едвај го смирив. Овој период најтежок е, напорни скокови, заби, сакаат да седат, да одат, а не се спремни за ништо. И секој ден морам да се шетам со него во раце и да пипка секаде, ако пропуштиме нешто се враќаме инаку почнува со плачки.
     
    На eta, Sexybaby86, nadenadia и 2 други им се допаѓа ова.
  7. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    Седи и мојов на под ама го оставам само ако сум и јас тука оти се тркала или се влечи до комода,маса или се завкавува некаде па се удира и ете ти плачки..А од блендерот и малиов се плаши ако е блиску
     
    На Jana06 и 0ли им се допаѓа ова.
  8. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Искуства со др. Иванка Стефановска -Ремедика и др. Темелковски? Треба да го носам на два месеци на прв ортопедски преглед, па би ви била благодарна и доколку ми препорачате добар ортопед.
     
  9. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Бевме денес на ортопед, на државно во нашиот град, се мислев за приватно да дојдам во Скопје, кај нас нема приватни, ама мислам добро поминавме, баш се изненадив од пристапот позитивен ,убаво ми објасни за вежбички за нозете, ми покажа како да ги правам, ехото го направи. Без чекање брзо завршивме. Само сакав да кажам дека и на државно можело убаво да се заврши.
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Многу лоши искуства пишуваат со Иванка, побарај на лупата. Препораки има за Антоније, Талески и за ова поназад можеш да прочиташ.
     
    На ..barbie.. му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Ќе може да ми дадеш телефонски број на Талески и да ми кажеш му се наоѓа ординацијата? Благодарам.
     
  12. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Ние со големата одевме кај Темелковски, нема да згрешиш ако одиш кај него.
     
    На ..barbie.. му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Ние одиме кај Антоније. Знам дека Талески е во Лисиче, ќе ти пише некоја број.
     
    На ..barbie.. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    7.047
    Пол:
    Женски
    052F16B4-5D0F-4264-B298-9BDD5E747638.jpeg
     
    На mama*rose и Jana06 им се допаѓа ова.
  15. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.230
    Допаѓања:
    18.978
    Да пишам и моја препорака за ортопед
    Бевме кај др Антоније во дебар маало и сум презадоволна од докторот
    3000ден е кај него прв преглед ама вреди за секој денар.
    Се ни објасни, особено делот како да го ставаме во транспортер --испадна сестрите и докторите кд ремедика ни го местеле погрешно ( а ќе речеш педијатри сестри знаат ама етр)--
    Ни покажа вежби, ни одржа лекција за СИДС ( смртност кај новороденчиња) и на што да внимаваме.
    Сфативме дека за многу работи сме правеле погрешно од незнаење и неговите совети ги споредив со Mayo Clinics и сфатив дека требаше многу порано да читам за некои работи.

    Зборот ми е ехо на колкови трае 5мин ние се задржавме повеќе од 40м и ни беше се убаво објаснето и кажано. Така што го препорачувам и јас овој доктор доколку се двоумите !
     
    На Brpbrp, Kolors, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Прочитав дека до крај на година се зафатени сите термини кај Талески. Сепак јави се и прашај - можеби некој откажал. Подоле ти пратиле контакт.
    За кај Антоније назад во коментарите има линк до ординацијата и таму контакт
     
  17. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Не знам дали тебе ти пишував или на некоја друга дека сестрите од Ремедика тетра му ставаа кај вратот и Антоније ме искара кога виде.
    И јас сум задоволна и некако му верувам.

    Го однесов за ребрата на контрола, малку му беа омекнати пред месец дена и сега фала богу супер му се и ми покажа како да го проверувам.
    Ептен бев загрижена за вртењево на стомак, пишував во темата Совети за 6-12. Го прашав уште еднаш бидејќи ми имаше кажано дека на стомак треба да спие само бебе што само се врти за така да спие. Пак го препрашав и ми рече да не го пипам ако си се врти сам на стомак и ако сака така да спие. Малку ни олесна, но пак сме со мм на штрек и се будиме на секое.
     
    На Milkiway и Jana06 им се допаѓа ова.
  18. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Моево па сврзува повеќе саати ако се сврти на стомак, на грб или на страна се буди на 1-2саати. Кога ќе го насетам ноќеска дека се мачи да се сврти јас му помагам :lol: Многу се плашев на почеток, со едно око спиев дури и тука пишував ама се опуштив, гледам дека му е убаво.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Ќути, не можам да сврзам 2 часа од што се плашам.
    Раат бев кога спиеше само на грб, на секое го гледам дали носот му е слободен да дише. И глава врти лево-десно и пак ми е страв.
    Точно дека повеќе сон сврзува, по 10-12 часа спие без да се буди, па почнав измеѓу да го будам за да јаде, без ноќно јадење не качува килажа.
    Не сум му помагала да се врти, ич не го чепкам, за ништо не му помагам :D

    И сега раат спиеш кога спие така? :worried:
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.230
    Допаѓања:
    18.978
    На мене не си ми пишала. Ама истото ми се случи и мене сестрите ми рекоа како вака ќе сум го угушела. Антоније ремпере не направи кога виде ама се што кажа му држи вода. Не е дека слепо верувам туку се' испопроверив и консултирав.

    Исто ја го ставав на страна да спие дури во болница др Марина така ми викаше за да лежи малце и на десно. А сестрите ми викаа да го вртам нели ради бљуцкањето. Исто и за тоа не' испокара Антоније дека бебе треба исклучиво на грб да спие и ми даде вежби за главчето да го врти и еве веќе имаат ефект.
    И во право е бебе треба да спие само на грб и не може да се угуши од повраќаница ама ај кој да знае.
    Се изненадив ремедика дека е можно да се до толку "застанати" во време...
     
    На eta, Kitten и 0ли им се допаѓа ова.