Што збориш? Грешка во пишување да не имаш? 2-3 пати само има сврзано 8-10 саати откако е роден и тоа дека патувавме со кола, па се измори. На меше врзува 3-4 саати и сум пресреќна Не дека раат спијам, го проверувам ама спијам и јас. Го имам приметено дека си мрда сам кога не може да дише. Што знам, се навикнав. Спојлер: Оф топик А кажи ми пред спиење ад му даваш? Жими се ќе пробам и јас со ад пред спиење, 6 месеци немам спиено како човек. Овој месец ме цеди преку ноќта, многу се буди за цицање. Преку ден не цица толку и пак почнаа градите да ми се преполнуваат и да течат како новороденче да имам. Почна и да гризе и не пушта, буквално ми ја џвака брадавицата и веќе нервоза ме фаќа. Да воведам 3 оброци и ќе го одбивам ама ако пораснат заби до тогаш сум на*бала. Ако е до ад ќе почнам да му давам пред спиење таман и за снимањето во вторник планирам да купам.
Мене не ми рекле да го вртам ама јас кога бев многу уморна и се плашев дека нема да го слушнам, го вртев. Како не може да се угуши, возрасен човек ќе се угуши од повраќаница. За тоа тетрата позади вратчето аман. Ми покажаа во Ремедика на идење ама мене паметот само дома ми беше, не видов како ја здиплија пелената и на првиот преглед без тетрата го однесов. Пуздер ме направи сестрата. Ок, го носам кај Антоније, пажливо здиплено тетрата перфектно наместена. Он пуздер ме направи. Аман си викам договорете се што е правилно. А зошто не требаше да се става не памтам што ми објаснувал, во 6.30 сабајле бевме на преглед
Ако отвориш на гугл на сите тие педијатарски сајтови тоа го пишува он што го кажа: Кога го вртиш на страна може да бљуцне и да го вдише преку нос и да се угуши ова е напоменато како една од SIDS кај новороденчиња. А на грб бљуцка и ако го врати ќе го голтне и ништо душникот се затвара. Еве ја прекинав на страна да го ставам се ми е на грб секако го гледам после јадење некое време...секако е реткост ова и нас не вртеле и сите ги вртат бебињата Ова со тетрата истово и мене ми се деси и ја така во 6ипол сабајле не освести. Кажа дека транспортерот е таков го мести во фетусна положба како во стомак и таа си е природна за него. Вика бебе е ова пд 4кг и е развиено доволно за да не му требаат додатоци во транспортерот ...
Абе мајки. Прво бебе, не знаеш како треба, се плашиш. Се водиш по интуиција и логика додека некој не објасни како е правилно. Инаку да, бебе на грб треба да спие ама пусти страв.
Така си е. И внук ми така порасна ма страна ставан да спие па по тоа се водевме и ние. Ама смешно ми е дури колку не испокара докторот. Искачаме од кај него и се гледаме дека се погрешно сме праеле Штета што кај нас нема Часови подготвителни за бебиња
На мм прв коментар му беше 'Кај го најде докторов?' Мене ми е малку too much за мој вкус ама го бива.
Да да знае малце да нервира пошто си уморен се ти е преку глава и се поставува како ти да мора се тоа да го знаеш. А како кој ни кажал Али добро е си требаат такви доктори не некој муте да ќути.
Да.. не знам колку термини има во денот, ама ваљда на 40-60 минги закажува пошто не гледам друга логика во толкава гужва
Еј да, сега ме потсети дека и мене Марина ми рече да спие на страна и малку на поткренато. На страна ниту еднаш не го свртев да спие додека сам не почна да се свртува. Главчето му беше на страна и така спиеше, а потоа почна да го врти лево-десно. Не бе каква грешка во пишување. Знае од 18:30 до кај 6 сабајле да спие кога спие на меше. На стомак повеќе спијат бидејќи притисок им паѓа и поуспани се, така читав. Ако заспие на грб или на страна, помалку саати спие без да мрдне, но и тогаш не се буди. Пред спиење прво цица, па пие ад. Од вчера по препорака на педијатар почнав по 150 мл да давам од оброк, но кога пиеше 120 и пак спиеше повеќе саати. Е сега јас не ги спиев саатите, дежурав и го надгледував, но океј беше.
@0ли и моево спиеше по 12 саати ама преку ден помалку..сега почна преку ден две дремки по 1.5 саат и една од 3 саари ама пак навечер заспива до 21 најкасно и од 6-7 е станат ретко се буди за млеко, некогаш и јас му подметнувам ако ми се размрда да се врти исто заради килажата.. 7кг. има моментално а долг е 70см Ко соленка
Оли не се секирај, и јас пишував на форумов преплашена бев кога почна да се врти на страна и на стомак, ама тоа беше период и престана така да прави. На почетокот се фрлаше со главата во душек,мислиш ќе се угуши во секој момент. Нормално јас на 5мин се будев дури пред спиење на мм му викав и он да го ѕирка. Па му ја вадев оградицата мислев да не се бутне меѓу неа и душекот И еден ден го усоврши вртењето и почна нормално да се врти,сега најубаво спие на страна. Само што мојов ги врзува првите 3 часа и после знае да се разбуди уште 100 пати Некогаш се 2,некогаш 10 пати, така да јавно ќе ти кажам дека ти љубоморам Најмалце 40мин е преглед кај него,барем така беше со нас. Можеби остава 10-15мин за дезинфекција и да не се сретнат пациентите зошто е мала ординацијата.
И поголемото кај него го носам. Збори како навиен објаснува, дури не можеш се да запамтиш и одговара на прашања
Јас синко во хранилка го оставав ако треба да завршам нешто ама само ако го гледам. За брзо време сконта како да извади ноже и како да стане. Кога не го гледам, само и само во креветче. Ограда висока, нема да се прекачи, нема каде да излезе, тие 120 на 60 сантиметри му се. Има играчки, јас викам, некогаш и ме гледа, ама нема шанси да одам во веце со него во една рака.
Ајдеее и вие толку спанковци? Што е со овој мојот, кога ќе почне да спие? Сега почна цврсто преку ден да спие и покажува дека му се спие. Има две дремки од 50мин-1 саат и една 'поголема' од саат ипол, ова е просек знае и подолго и пократко да спие. Навечер заспива до 21 и спие до 7. Супер му е ноќното спиење само да не се буди по 100 пати.