На кој начин му се зацврстнуваат мускулите на бебето за да почне да седи? Ако подот беше најбезбедното место, сега ми е страв да се мрднам од таму. Два дена од позиција за лазење (не лази) си седнува и паѓа назад директно на глава. И вчера и денеска го оставив за кратко да земам нешто и два пати падна на глава, се утепа од плачење. Знам дека така се учат ама ми е страв да не се случи на паркет или на нешто друго потврдо. Како да се научи да си седне или тоа е тоа, ќе си ги пазиме 24/7?
Братучедка ми во америка користи вакво. Општо во Уса биле популарни овие "кациги" баш ми препорача да земам со време. Инаку ради тоа удирање глави внук ми никогаш не лазеше.
Никако вакви "помагала". Ќе му ставаш, ќе прооди, нема да знае како да паѓа, поголема беља ќе направиш. Оставете го детето само да се научи. @Jana06 јас имав ставено по цел паркет во дневна од оние мекине коцки со бројки, букви. Не се скроз меки, ама побитно ми беше да не и е ладно бидејќи цело време беше на под. Штом малото само седнува, ќе се научи и како да паѓа т.е. да не паѓа. Е ќе мораш цело време да го надгледуваш. Исто и за оние штитниците за колена немојте да купувате. Лазењето на коленца реално им прави болка, и ќе бараат начин да си помогнат, па полека се исправаат. Со штитниците ќе се случи пролонгирано лазење. Тие се фазите што не треба да се бара начин да се олеснат или скокнат.
Нели е исто ако му ставиш меки коцки по цел под и ваква заштита на глава? Тоа паѓа на коцките и не осеќа болка. А ако лази по цел стан не можеш да осигураш и комоди и столици и маси и плочки... Има логика твоево не е дека не ама само гласно размислувам што е побезбедно. Секако има опција да се користи штитников бар тогаш кога ти требаат 10-15мин да се тргнеш од подот...
Има едни како перничиња во Локо Кроко што се ставаат на грб и издолжени се кај главчето, за паѓање биле. Не знам дали некој користел, еве вакви се Зедов штитници за колена, но најверојатно така ќе си останат. Избегнувам секакви помагала.
Па не баш. Јас првично ги ставив за да не и биде ладно, и како што кажав не се меки, меки, сигурно знаете на кои мислам, секаде ги има. И скроз е различно ако падне на нив, сепак го осеќа ударот, а скроз е друго со цела кацига на глава. А за 10-15 мин ако треба да завршам нешто, ја ставав во трансппртер и со мене. Прашајте кој било ортопед или педијатар, ќе ви каже строго не за тоа. А се продаваат свашта на пазаров, си заработуваат грдни пари луѓево. Јас сум ептен против вакви работи, сите стручни лица се против, така да послушајте. Мајки сме да, сакаме најдобро за детето, ама пак ќе кажам, стручните лица за тоа постојат.
Знам дека е против секакви помагала и препорачува да се удира за да знае да се чува. Ги следам неговите совети и избегнувам секакви помагала бидејќи гледам дека кога ќе се удри, после навистина пази и се укочува за да не се удри, како да стега мускули за да не тресне, трепнува пред да се допре со главата на земја. Како што пишав погоре, купив штитници за колена, не знам зошто, ги видов и ги грабнав. Да ме видеше Антоније од некоја страна, ќе ме искараше Ништо, ќе мора да ги набљудуваме цело време, веќе на земја сам не се остава.
Здраво мајки Моиве две бумбарчиња се поголем дел од денот во релаксатори, што мислите за тоа? Ортопедот ни рече може, но најубаво е да се на рамна подлога. Во текот на денот ги поставувам на рамно но за кратко време им се здосадува и повторно ги враќам во релаксатор. Две се па немам многу опции за да ги смирам и да им удоволам, а сама ги чувам. Ваше мислење би ме интересирало. 4 месеци се. Фала, ве гушкам.
Фала ви девојки на мислењата. Не планирав ништо да купувам, ќе тресне веројатно уште неколку пати и за некој месец ќе седне цврсто. Значи каков е Марфи, цело сабајле сум до него и станав само кашичката да ја изблендам, за 5 секунди почна да плаче. Тие квадратите со бројки ги имам ама пак не можам цел стан да го обезбедам. Плус сега кај моите сме, се потрудија луѓето колку што можеа ама пак има кај да удри. Има кој да го припази ама дома сами не знам што ќе правиме, не ми се оди од тука.
Мајка, тебе капа ти симнувам како успеваш со две, браво. Знаеш и сама најдобро е што повеќе на рамно ама сега твоево е различна ситуација. Пробај додека се во релаксатори да завршиш по дома што имаш и после стави ги доле и лежи си со нив. Ако им се здосади купи плус некоја нова играчка, полни им шишиња со леќа, ориз, тропај со капачиња од тегли ќе седат мирни. Добро е што сакаат подолго во релаксатори, имаш опција да подзавршиш нешто, да јадеш. Овој мојот е 24/7
Да се надоврзам на советите од Антоније.. Ни беше кажано да ја седнуваме во скут но да сме навалени наназад а таа потпрена на нас. Бебето бидејќи веќе дава напори да се исправи (на 4-5 месеци) треба да ги придржуваме со нашите раце на внатрешната страна на бутчињата, мешето и грбчето да се слободни да може само да се исправа нанапред (а при тоа придржуваме нели за да не падне). Така вежбаат стомачни и грбни мускули да зајакнат па подоцна да седи стабилно. Верувајте нема да погрешите со ни еден совет на Антоније. Моево се развиваше по секоја етапа како што ни објаснуваше тој. Кога прооде во рок од 5 дена одеше стабилно и знаеше да си падне на газ. Други деца во моја околина, што не ги поминаа тие фази мораа да ги придржуваат до година и пол па и две, зашто се улетуваа и паѓаа директ на глава. Слушајте го докторов, вас ќе ви се олесни работата
Истото ми го кажа и така го седнував, одма се исправаше и си ги фаќаше нозете. После почна кога го потпирам на мене да го крева газот и така исправен го здрвува телото како летва, нема шанси да го седнеш. Не знам зашто нонстоп се исправа така. Да, советите околу тркалање и седнување на Антоније се на место, исто така се развива како што ми кажа, веројатно е рано за да седне ама еве ги гледам по Америка деца на 6 месеци седат, си викам што ли им прават, дали од помали ги седнуваат не знам. Ма да и на инстаграм што гледам некои мајки од Мк децата им седат. Не дека сакам да седи, само многу се плашам да не ја повреди главата, стегната сум цело време. Не сакам да испадне дека се жалам од детето Ама стварно е премногу активен. Добро, и полесно ми е кога ќе си пишам тука па ќе видам дека не сум сама и одма е подобро. Си треба време за се, ќе се научат. Мајка ми стално ми вика за овие ствари не треба да мислам и да се нервирам, вака растат деца. Допрва нема да спијам и ќе се стресирам, поголеми деца-поголеми проблеми.
Ова делува како да дава отпор? Како да се нервира што го седнуваш во скут. Тогаш истата финта во количка или во хранилка...врзан само околу ноџињата и струкот, но не преку раменици. Исто докторот ни го кажа ова. Јас всушност никогаш не сум ги користела каишите за преку рамо. За паѓањето да не се потресуваш. Ќе поплаче, еднаш, два пати... пет пати! И ќе научи да паѓа Паѓа од ниско така што ништо неможе да му биде.
И мене ми кажа само околу струк да го врзувам и на количката не ги користам тие каиши што се за преку рамо. Но во хранилка нема опција да е само на струк, сите каиши во една точка се спојуваат, поврзани се каишите за преку рамо и струк и не може да се одвојат. Инаку тоа исправување како летва го прави понекогаш во количка, таму го седнувам на 45 степени. Мислев не му е удобно и му ја спуштив да е во лежечка положба, пак се тегнеше. Моево да не го ставиш на грб, ич не сака, во секунда се врти на стомак и само така сака, па се смеевме со мм да го возиме во количка обратно на стомак, сигурно се буни бидејќи одамна не легнал на стомак. Го замислив така, се трга задниот дел од покривот на количката и да го возиме како желче
Додека не прооди убаво по 5,6 пати паѓаше, се удараше, ехее стресови. Кај нас директно на плочки И сега трча и гледа назад и ќе се тресне во ѕид или ќе се лизне, па преку три скали падна директно на чело. Се е тоа нормално во развојот, само нас косите ќе ни обелат.
Потврдувам дека советите на Антоније ке ви го олеснат животот. Додека растат децата ке ви е потешко, затоа што нема џампер, дубак, паткање, колички на гурање ама ке имате здрави и прави деца. Низ темите ке прочитате колку мајките се притресуваат за избор на количка, алишта, козметика итн а всушност многу побитно е што јаде детето и какво држење на телото има. Синко никогаш не паднал од невнимание. Два пати до сега падна ама му се лизнаа собните патики и така падна. На под порасна и како минуваат фазите така тој учи за тврдо, меко, ниско, високо. Не е само паѓањето, тука е цел психофизички развој вклучен. @monka_bonbonka мораш да ги оставаш на под, како ке ојачаат во релаксатор? Не можат ни на страна да се завртат, мускулатурата никако не ја вежбаат. Коцки на под, играчки, легни ти и анимирај ги.
Ве читам и ви завидувам. Не во негативен контекст. Син ми е во 80% од времето на под, 9 месеци ќе праи за два дена и нема абер од лазење. Само се влече некако и се рола и тоа полека полека. Дури ми е чудно што не можете да ги оставите сами од што се пргави. Јас се симнувам пред зграда се враќам тој е на исто место. Веќе немам нерви, не знам зошто е такво пасивно