Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ортопедски прегледи

Дискусија во 'Бебе' започната од Jagoda123, 11 ноември 2014.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.728
    Допаѓања:
    18.421
    Пол:
    Женски
    Некои деца се такви. Јас сум била доста мрзелива а сум проодела пред година.
    Некои деца кратко лазат, проодуваат за месец дена. А синко од проодување до самостојно одење според ортопедска дефиниција имаше 2 месеци скоро.
    Плус проодување до 18 месеци се смета за нормално.
     
    На K7M10J и Frosty! им се допаѓа ова.
  2. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    Ве замислив со возењево и мм ме направи штракната дека сама си се смеам :D:D
    Ист е и мојов на грб не лежи ни секунда..менување памперс невозможна мисија ни стана ни иврачка да држи не помага се врти по се што ќе шушни, светни или некој во комшиите да се издиши..сабајле така легнат на меше му облекував тренерки неможам веќе по 100 пати преврти заврти да си играм..:whew:
     
    На Осе, K7M10J, Frosty! и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Поголемата ќерка почна да лази на 9 месеци. Претходно само си седеше, каде ќе ја оставев-таму ќе ја најдев.
    До детето е, без гајле, не се развиваат сите по ист терк.
     
    На Chuchanov, K7M10J, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Mitrovska95

    Mitrovska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    508
    Исто сме и ние 9+ уште не лазиме но зимам за обзир дека е 1 месец порано родено, има време мора да сме трпеливи не се сите деца исти.
     
    На K7M10J и Frosty! им се допаѓа ова.
  5. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    И здрвувањето како летва е развојна фаза, така се обидува да се исправи на ноџиња, а не треба да го прави тоа пред да научи убаво да седи. За да го ублажите тоа здрвување, ќе го легнете и ќе му ги допрете стапалата на вашиот бут (од страна на бутот) и за рачиња ќе му помогнете да стане, уствари само ќе му ги држите без да го тегнете, ама ќе го носите во насока да седи а не да се здрвува, значи да го крева грбот а газрето да му е на земја, така има стабилност да стане и да осети седење, ако не успева да се крене сосем значи не е спремно и сосем е во ред.
    Нормално е да падне неколку пати, и кога учи да се седи, да се исправа за мебел, да лази и да оди, ако паѓа директ на глава некоја фаза не му е усовршена
     
    На K7M10J и Jana06 им се допаѓа ова.
  6. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Син ми ако го оставев на под пд 4ипол месеци се вртеше од грб на меше само на едната страна и тоа ,од кога почна да седи кај ќе го ставев таму си седеше не мрдаше ,точно на првиот роденден место да оди тој почна да лази ,прооде тек на 16мес . Не се секирај до детето е не треба форсирање од ништо можеби се плаши ,можеби е попасивно.Ќерче од 4 месеци се врти од грб на меше и на лево и на десно кога ќе се сврти на меше некако крева газе на колена и се турка на напред мене ми е чудно искрено некако мислам дека е многу мала ,нема застој за нејзе сега е 4ипол месеци се бори да седи значи крева главата на напред крева нозе не смеам ни секунда сама да ја оставам ,за разлика од син ми каде можев слободно се да си сработам по дома .
     
    На K7M10J, Sexybaby86, Frosty! и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    20.704
    Пол:
    Женски
    Барам приватен ортопед во Струмица (во Ремедика или било каде) само не е за бебе, за постар човек е. Доколку знае некој пишете ми име и презиме и тел број. :)
    И извинете ако сум пишала во погрешна тема.
     
  8. tulip-K

    tulip-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    65
    Дали имал некој искуство да сподели со д-р Димитар Споа. Сакам да закажам во Стумица во Ре медика за прв ортопедски преглед на новороденче
     
  9. Bebush 2020

    Bebush 2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, ве молам споделете искуство. Малата ми е 2,5 месеци, вчера прв пат ја носев на ортопед, на државно кај не толку познат лекар, не сум од скопје. На преглед уреден наод, на ехо исто, но нема јадра формирано на колкчињата. Значи нема исчашување само нема јадра. Фонтанелата малку повеќе отвореназа нејзина возраст. Широк повој ставав до први месец а и не сум сигурна дека баш и помага кај јадрава, вежби правиме. Коментар на лекарот не е страшно, широк повој уште најмалку 2 мес, и најверојатно проблемот е во малиот внес на вит д, а давам бејбитол д3 со омега, препорача уште по 3 капки пливит д3. Некој со слично искуство, до кога се развиваат јадрата. Не сум мирна. А и со повојов тешко оди, девојкава моја блуцка често па сега и се потенцира. Ви благодарам. Поздрав до сите
     
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.024
    Допаѓања:
    26.450
    Откога ќе прооди стабилно, кога се носи пак на ортопед? Заборавив што ни кажа Тони.
     
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.728
    Допаѓања:
    18.421
    Пол:
    Женски
    Барем 2 месеци откако ке прооди стабилно и да се исправа сам од место без да се држи за нешто.
     
  12. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Уште пред месец дена едвај најдов термин за ортопед, најбргу беше во Систина кај др.Маја Каличанин. Има ли некоја што оди кај неа, како сте задоволни? Веројатно зависи од развојот,ама да си прашам колку често ги носите на ортопед, за да си закажам на време?
     
  13. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Супер е Каличанин, ја носев таму ама многу чекање ми беше.
    Инаку сама треба да ви каже кога следна контрола во зависност од детето, обично на 3м до 1г а после 5м од проодување.
     
    На Sexybaby86 и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.230
    Допаѓања:
    18.978
    Ако имаш можност да дојдеш пак во Скопје и да плстиш 3000ки преглед ти го препорачувам др Антоније или во темата Ортопед прочитај и оди на второ мислење.
    Во врска со широк повој имаш едни како Гаќички да не врзуваш пелени врз панталони се ставаат.

    Во секој случај најдобро е уште едно мислење да видиш кај антоније, Видоевски или систина...само немој ремедика
     
  15. zemzela91

    zemzela91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2020
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    265
    Пол:
    Женски
    За Каличанин само пофални зборови. Сум пишувала и претходно. Предобар однос и на се обрнува внимание. Терминот во Систина ти е 30 минути, и цело време му го посветува на детето. На моето второ ехо му направи на 4м па следна проверка за колкчиња рече некаде околу 8 месеци
     
    На Sexybaby86 и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.
  16. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Презадоволна сум од Каличанин, одлична е. И двете деца кај неа се, сега скоро баш бевме со бебка. Комплетен преглед, ехо, фонтанели, вртење, седење, одење (кога ќе прооди), се’ проверува детално и дава совети за се’ што треба. Многу е љубезна и внимателна.
    За термин јави се одма, обично закажуваат кај неа најрано за 3 недели, месец откако ќе се јавиш, бидејќи има гужва. Ептен ја препорачувам :)
    За тоа на колку време се оди, она сама ќе ти каже кога следен преглед, секогаш кажува.
     
    На zemzela91 и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.
  17. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    Нашите мислам тука негде се. Јас кај антоније го носев 40 дена негде кога имаше, ми рече следен преглед помеѓу 4 и 5 месец, па после на 8ми месец контроча негде
     
  18. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.974
    Допаѓања:
    21.186
    Замоето бидејќи се "очекуваше" да прооди во јануари,после годинка,Тони рече за 3 месеци контрола би било април/ мај,ама бидејќи во летните месеци нема потреба од одредување доза за д3,да одиме на контрола во септември.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.024
    Допаѓања:
    26.450
    Мојов веќе 2 месеца е прооден, така да ќе се јавам да закажам, секако се чека :) Фала многу и на тебе и на @MilaSs12
     
    На hello-kitty.90 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  20. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.313
    Допаѓања:
    18.475
    Нас ни рече после 6м откако ќе прооди:^)