Колку е отприлика регуларен преглед кај Антоние и колку унапред треба да се јавам за да закажам ако сакам преглед во конкретна недела?
јас закажав уште пред две недели за точно во 6та да ни биде првиот преглед со ехо на колкчиња, 3000 денари кошта.
мислам дека до 2 месеца е препорачливо да се направи ехото на колкчиња, не можат некако да ти учинат пред работно време ако мора бидејќи се работи за прв детален преглед кај новороденче?
Ќе проверам дали има термини прво кај другите двајца што му се во ординација, читав и за нив позитивни мислења. Ако нема ништо пред 1ви, ќе им вртам
И јас се мислам кај да одам кај Антоние или Талески? На два месеци беше првиот преглед ,така нели? Знам тогаш ја носев големата кај Видоевски колку што се сеќавам
Пишете му на фб. Ние така првиот преглед го закажавме на 3 месеци зашто немаше термин, но му пишав дали постои опција за порано и докторот сам пиша дека е касно за прв преглед да дојдеме другиот ден ако сме во можност. Ќе ви излезе во пресрет.
Јави се и кажи му, и нас ни најде термин кога му кажав дека сме 1 месец иако немаше за да не биде многу касно
@rainbow_bb @kukla21 @Hannah$$$ @ni.na фала ви на советот сепак да го контактирам, ни даде термин баш за кај него
Мајки ај кажете ми гледам многу го спомнувате Видоевски и Темелковски па кај кој да закажам.. уште не сме биле на ортопед, и какви прегледи прават се и колку им е цената?
Темелковски у Лисиче ако мислиш, баш прашував вчера, 1500 е ехо, 1500 обична контрола. Сега у недела ќе прегледувале нвороденчиња ми кажаа, или ако не ти одговара, може друг ден да се договори.