Прво разговор знаеш стандард процедура Ќе ти објасни за периодот од 4 до 9 месеци дека треба да биде на под почесто, фазите како ќе се развива седење, лазење, тркалање, дозирање Д витамин, облекување итн. На крај ќе го соблечеш да го прегледа и тоа е тоа.
Морав да откажам кај него, бев отпосле кај друг ортопед. Понеделник ќе идам кај Антоније за второ мислење.
Ние одиме кај др. Сашо Младеновски. Задоволна сум, само ме нервира кога не зборува многу. Генерално океј е. Само мора да си прашам, така ништо не кажува.
Утре сте кај Антоние? И ние сме утре ама кај Др Александра,ми рекоа дека докторот нема да бил тука до март ,бил во Хрватска?
Стварно? Мене ми е закажано за неделава преглед кај него @Bicka77 те молам потврди ни утре кога ќе одиш за сигурно дали е тука
и јас имам неделава закажано кај него. ама ова уште пред повеќе од еден месец, ако стварно е на пат до март, а не се јавиле да известат за промена...
И јас имам закажано кај Антоније за петок 26.02. Ајде пишете дали ке биде тука, јас преку сајтот закажував кога се јавив ми кажаа мора онлајн да се закаже термин
Да не сакале од март да ти кажат дека ќе оди? Ај бицка утре ќе каже ама многу е глупаво ако е така штом не не известиле ние што имаме закажано кај него
Антоније ќе отвора (ако веќе не отворил) ординација во Хрватска. Патува еднаш месечно. Оваа недела треба да е тука. Имам закажано и јас. пс. Уште од јануари е почнат со патување
Абе може е тука ,ама мене сакале да ме откачат изгледа,оти сите сакаат кај него,ама не е во ред да ме лажат, подобро да ми речат нема термини за кај докторот.Убаво го разбрав тој дека до средина на март нема да биде тука.Не е битно како и да е ,ќе си одам кај Димова , сигурно на ист принцип работат.