Ја попладне треба да идам, муабетот беше за кај него баш не некој друг од ординацијата, се надевам така и ќе биде.
Мене пред 1м ми е закажан ако станува збор за мало бебе прв преглед наоѓаат термини во 6ипол сабајле мене така ми најдоа не знам колкаво ти е бебчето
6 недели е да,прв преглед ќе ни биде.Им потенцирав за тоа ,ама така ми кажа тој што ми закажуваше.Не е битно,да не го тупам,ќе видиме денес како ќе поминеме.
Мене ептен ми излезе во пресрет дека му барам второ мислење после препорачан широк повој од друг ортопед, инаку на нет немаше до почеток на март...
Мене на тел ми рекоа попладне е Александра сабајле он. Ја барав првично термин за попладне ама бидејќи сакав кај него сепак закажав сабајле
Тoни Талески и Антoние не се исти? Ве мoлам преглед каде да закажам, дали вo план и Видoевски да гo ставам?
Одлично поминавме, според него нема никаков проблем со колковите и широкиот повој е скроз непотребен.
За сите што се замарате со широк повој! Ништо нема да помогне. Ако има проблем со колкчиња не е битно само нозете да се раширени, туку и кренати под агол. Погледајте слики на павликови каиши или отобок. Не мачете деца безвезе. и во мк дефинитивно најстручен е Антоније. Баталете останатите доктори за оваа проблематика!
Пред 10тина дена бевме кај Видоевски и дефинитивно го препорачувам, престручен и објаснува детално се.
Бевме кај Видоевски и добро си поминавме, обичен преглед со ехо.. Е сега тој се гледа дека е стручен, со око гледа како е детето. И скоро сите доктори ако видат дека децата се здрави и активни, немаат мака и многу зборување.. ќе кажат само продолжете со д3 и контроли на 2 месеци и толку е од нив.
Не е така кај сите. Антоније баш посветува внимание да даде совети и примери, насоки како понатаму. Прегледот трае кратко, но остатокот од времето го користи за да објаснува.