Јас давам и на големата. Нема шанси кај неа пливит да поминат. Вигантол дур се снаоѓам ќе им давам тоа.
По 9 капки Пливит, Антоније рече за секој килограм по една Пливит, малиов има 9 кг. Затоа Вигантол не можам да давам, нели една капка е 500 IU, а Пливит 200 IU.
Зборите за дозирање на д3 така јас бејби тол давам? Ми рече антоние 2 капсули вкупно 800ие Оли за чорапите ништо не кажа
Па да, знам. Кога ќе има 10 кг, Вигантол 4 капки или Пливит 10 капки, за вкупно 2000 IU да се. Кога имаше 5 кг, требаше 1000 IU и давав 2 капки Вигантол. Ако давав Пливит, ќе давав 5 капки. @Milkiway Не спомнал никој чорапи, затоа.
Како непотребно кога ортопедот ти вика за секој кг да даваш по 200 IU. Негова е математиката. Ти колку Вигантол би давала ако има 9 кг?
Мене ми кажа на секој кг капка пливит или 2 вигантол. Имаше 6кг. Требаше 1200 пливит или 1000 вигантол. Истиот ортопед. Пс. 200ие е за пливит. Не е само дп ие, туку и каква форма е. Вигантол е подобро од пливит.
антоније нам ни појача доза за +400ие, или уште еден д3 на бејбитол или по 2 капки на пливит, јас зедов пливит и сабајлево по грешка 3 ѝ капнав, првата споро паѓаше и додека ја чекав втората, и третата капна веднаш после тоа. ваљда не е страшно, утре ќе ѝ капнам само една пливит.
Ние за килажа не зборевме ништо нити праша колку тежи само рече 2 од по 400ие до јуни...за после тоа валда не треба не знам А за чорапите дома на 20+ степени пожелно е да биде без заради лазењето за да се учи на босо. На ладно време вика и патики облакај ако мислиш дека треба
Тој па рече сеедно е дали Пливит или Вигантол, важно дозата да е тамам за килажата, дури и вика Пливит на рецепта земете си го, не морало да набавуваш Вигантол. Вигантол одамна не сум дала поради капењето.
Така ти кажал затоа што не може пола капка да дадеш вигантол и да стигнеш до 1250 на пример. Дозирање е исто. Вигантол се најдобар тип на д3, така кажа Антоније.
Тој не мора на 3 недели, додека му е рокот може да се користи. Така барем ми рекоа. Плус не стои во фрижидер како Пливитот.
Сега те сфатив дека тој тебе не ти спомнал ништо за чорапите Си помислив ме зезаш дека не сум спомнала ништо за чорапи, као одамна не сум ги спомнала
Јас го користам до повеќе од пола, па отварам нов ама не сум прашала доктор, па да се осигурам. Знам дека може на собна ама кај нас собната е 27 степени, па стои во фрижидер.