Да ти кажам право и мене малку ми олесна што пиша дека даваш 2000. Мислам, му верувам на докторов и давам Д3 колку што ми рекол, но сепак постои она да не давам премногу... И мене ми велеа дека е многу, но сепак според мене за Д ортопед се слуша. Едвај чекам да одиме и ние, се надевам пофалби ќе има Тоа е она кога ќе ти честитаат за дете и ти посакуваат да ве прави горди родители
не бре. За второ мислење не зема пари. Ние бевме до сега 5-6 пати кај него. Еве и на @Bicka77 не и зел ако не се лажам.
Јас за првиот преглед платив 3000,за вториот 1500. Сега третиот требаше пак 1500 ама некако непријатно му падна дека ни рече да испитаме Д витамин (на приватно е скапо) и ми вика еве јас нема да ви го наплатам овој преглед за да го однесете во Авицена. После 5 минути натегање зашто инсистирав да си платам ми зема само 1000ден. Ептен сочувствува човекот и сака да помогне. Може дека сте биле од мака како што пиша, не ви наплатил.
Е ете не знам за второ мислење, од почеток одам таму. Паметно направил, после најверојатно повеќето продолжуваат кај него да одат.
Ме збуна со ова 1500, сè мислам дека и ти плати 2000. Не ме штрецај Јас за првиот 3000, за вториот 2000.
Хахаха може да беше 2000ден. Ич не можам да се сетам, дека сега он ми рече треба 1500 ама не сакам да ви наплатам и затоа помислив дека и вториот бил 1500.
ептен е човек! Секоја чест. Инаку за вит Д он пиел некоја многу голема доза заради хронична болест. Исто и жена му била со мака и со вит Д се средило се. Ни покажуваше и некоја книга од милион страни со се за што е битен витамин Д. Еве и коронава докажа дека не е само за коски, така да човекот е во право и веројатно единствен во земјава кој одамна ја потенцира важноста на вит Д. Не би слушала споредни мислења. Колку кажал, толку земаме/земајте.
И нам педијатар ни рече помала доза Д3, ама Антоније испадна дека е во право. Меки му беа ребрата, 3 недели даде поголема доза Д3. На контрола вели има подобрување ама не сум задоволен, мора да провериме ниво за да одредам доза. И навистина ниво на Д3 беше некаде накај пониско. Во април ке го носам пак да утврдиме доза за пролет лето. За испитување и сам кажа дека прават на државно, да сме побарале упат, да не плаќаме приватно. Иако е скап, излегува во пресрет и по преглед, наредни 4 м контролите не ги наплаќа..
До тоа е, нас ни рече кога ќе идите потсетите не дека сте по стара тарифа. Инаку мора да искоментирам последниот пат некако не и обрна многу внимание иако бев за да и виде искривување на стапалото. Ме разочара, ама ај белки не му беше само денот, се надевам не го удрила слава во глава
нам антоније ни рече дека на секој што е негов пациент му следат бесплатни консултации, конкретно во нашиот случај доколку приметиме искривување/омекнување на ребрата или ако педијатар ни даде совет за одредени вежби, веднаш да го побараме да провери дали навистина се потребни такви вежби. а наредниот преглед претпоставувам ќе си го наплати 2000, тој што е измеѓу 4ти и 5ти месец.
Кога треба да се закаже трет преглед кај Антоние? @Jana06 , @0ли леле јас како од марс падната, претходно како да го сфатив дека треба откако ќе прооди да одиме.
Третиот преглед нас сега ни беше на скоро 10 месеци, инаку требаше меѓу 8 и 9 ама немаше термини. Четвртиот е после стабилно породување.
И јас доцнев малку со закажување, на крај на месецов ќе одам. Пред проодување е третиот, а за четвртиот треба барем два месеци самостојно да оди. Така пишува и онлајн каде што се закажува кај него.
Кај Талески се три, еден после 1м, вториот кога ќе почне да седи 7-8 м, третиот кога ќе прооди 12-13м