Млада пејачка со фантасичен глас,прекрасен изглед и онаа Погрешен број Што мислите вие за слатката Орхидеја
Зошто да не се отвори тема, ова е една млада и квалитетна пејачка, убаво изгледа, има добар глас... плус наше девојче си е кога може за Ники Минаж и други бипкала да се отвараат теми, па барем да ги испочитуваме нашите квалитетни момиња. Мене ми се допаѓа, скромна девојка, многу и беше убава првата песна - Не сакам да сакам. Оваа вторава Погрешен број некако не ми е по вкус, а и стајлингот многу пренатрупан и сосила ексцентричен, Лејди Гага wannabe. Нема потреба од тоа, одлична е како што си е. Природна и неизнасилена. http://www.youtube.com/watch?v=CmP9lwvKSSk Арно девојче, моме велешанче, барем знае да откине некоја нота, за разлика од други самопрокламирани певаљки низ Македонија (а и светот).
Мене сите песни ми се убави, ама најубава баладата. Многу подобра од она Оливера, оваа е бар скромна и знае да ги цени постарите пејачки. Напред Оливера, поздрав до тета
Без некоја лична навреда за девојката, таман работа, ама јас не сум нешто посебно изненадена од девојкава. Ништо ново и впечатливо. Колку ли ги има кај нас вакви пеачки. Јас само таа песната погрешен број сум ја слушнала неколку пати.
Некој ПОСЕБЕН впечаток не ми оставила. Солидно пее, поднослива е за слушање, белким ќе извади нешто добро што ќе ми остане така малце повеќе во сеќавање. И нека не се појавува во вакви изданија. Ни на спот. http://www.youtube.com/watch?v=RRFJHqm0P6Q Спојлер Ми се допаѓа песната, патем.