@Antolinaa @wannaBeMomma Фала женски на одговорот . Ја добив на подарок пред 10 дена направив грешка што ја ставив во хумус и ја навадив. Па вчера ја пресадив во субстрат за орхидеи. Затоа незнаев дали има многу влага па затоа лисјата се такви или и треба вода...
Чувам неколку орхидеи, но оваа почна да вене, последниот лист што остана почна да пожолтува и го пресеков. Ставив цимет на пресекот, ја извадив од супстрат, ги отстранив сувите корени и испрскав со хидроген 3%. Ја ставив во тегла во одстоена вода. Дали има надеж да се спаси? Некако круната ми изгледа лошо па немам многу надеж .
Драги феминистки ве молам дадете ми совет,што да и правам на орхидејата, ја добив на поклон, а досега немам никакво искуство со одгледување на орхидеја
Здраво и убав ден, јас сум нова на сајтов и сакам да замолам некого да ми објасни нешто во врска со "Орхидејата" Ми ја подарија пред речиси два месеци, беше со цут на неа но сега почна да и паѓа цутот, ја наводнувам некогаш и по два пати седмично со одстојана вода, некои ми кажаа додатно да и ставам шумеќа таблета растворена при наводнување, исто така и стадов и малце лушпи од јајце издробени во почвата бидеќи било добро за неа, коренчињата и се светло зелени и мислам дека е во добра состојба, само ме загрижува тоа што почна цутот да се суши и да паѓа и малце на некои ливчиња има испукнатини.
Здраво. Јас прв пат чувам орхидеја и немам некое искуство. Знам дека според корениве и треба вода но дали само да и ставам во долниот дел или целата да отстои малце во вода? Ако може некој од искуство да каже за начинот на негување според сликата во прилог и дали да исечам нешто. Ви благодарам
Во поголем длабок сад стави стоена вода и потопи ја орхидеата нека стое пола саат после нека се изцеди П с. Направи дупки на саксијата
Ќе се послужам со последната слика. Овие што се надвор од саксијата и се корени? Дали тоа е знак дека требе во поголема саксија да се пресади?
И јас така викам ,ама па ми рекоа да не се пресадувало одма,ова е и така купено е сea зашто и како не знам.
Здраво на сите, добив на подарок Орхидеја отворив на интернет да читам како се гледа, како се наводнува на кој начин треба да се сечи кога ќе паднат лисјата. Ќе ви пуштам слика како изгледа и ако можи да ми кажите на кој начин да ја сечам кога ќе и паднат лисјата Јас и цвеќе два различни поими ама кога веќе ја имам греота е да се исуши..
Извади ја од целофан, стави ја на светло место. Се наводнува кога корените ке имаат сива боја и тоа сипуваш одстојана вода во друг сад и ја ставаш да впие вода 10 -15 мин . Потоа повторно ја враќаш на место каде што стои.
немој никако да ја сечеш ќе ја уништиш , стави ја на некое место каде што нема директна светлина кога ќе прецвета ќе и паднат цветовите и после ќе си направи нови пупки корењата доле не ги фаќај, наводнување 1 недело мислам на пример на вечер во друг сад да одстои и на истото место.
Не треба да ја сечеш, извади ја од целофан и стави ја на некое место на светлина, ама да не е директно на сонце, вода на 14 дена со отстоена вода, ќе видиш кога ќе посиват корењата. Јас откако ќе ставев вода исцедував и враќав на место.