Најубаво е да имаш источен прозорец за светло. Ја покиснуваш сантим под крајот на саксијата во вода, 15 мин, кога корењата се бели, сивкасти. Кај мене тоа е еднаш на недела и пол пример. Да не ја фаќа промаја, директно клима, грејно тело. Листовите растат споро така да сечеш само ако има болест, жолтеење.
Колку ми се расипаа и јас не знам. Во теорија се знам како треба а во пракса лом ги правам. Стварно не знам како со нив. Ептен ми се комплицирани. Година дена немам купено орхидеја, секогаш велам веќе не купувам, се додека не видам некоја со убава боја. Кај некои што гледам по 20,30 орхидеи сите во цвет. Кај моите само гранките останаа, а кај повеќето ниту гранки нема
Девојки, каде може да се најде глинопор (лека топчиња) кај нас? Се мислам дали да нарачам од Тему, ама не знам дали ќе биде од таму.
Дајте предлог за добар супстрат за орхидеиве, ама некој полн со кори и струготини. Долго време го користам овој од сликава зашто само него го начекувам на лагер: Ама ич не ми прави мерак зашто многу е почвест некако и треба да ги ловам покрупните парчиња. Џабе го купувам искрено, ич не ми се свиѓа, плус приметувам дека бавно се суши водата и почнав да се плашам дека ќе скапат корењата.
Не можам да најдам друг. Буквално ги требам дрвцата и само нив ги користам. Се осеќам ко ориз да требам, премногу земја има која патем мене ми личи на хумус и воопшто не ми се допаѓа. Чекам да и падне цветот, жал ми е да ја трауматизирам, ама сакам да најдам нешто поквалитетно.
Флорабела го имав купувано на времето, тој беше најдобар кај нас. Ама одамна немам веќе орхидеи и не знам дали го има уште. Во фоја го најдов, ама јас и од локални земјоделски аптеки го земав. https://foja.com.mk/product/supstrat-za-orhidei/
Сакам да ја пресадам орхидејата ама ми е страв да не ја зезнам.. како што е така од помалата саксија да ја ставам во поголемата или да дотурам и земја?
@Mucika фала ти. Одамна немав чувано орхидеја, имав многу пред десетина години и скроз успешно ги одгледував. Но не можам да го најдам истиот супстрат што го користев, можеби веќе го нема. Ќе пробам да го најдам овој што го постна, па ќе видам што ќе направам. Ако е расцветана, не ја чепкај, почекај да и паднат цветчињата. Освен ако не дава знаци дека има проблем со кореновиот систем, не ја чепкај додека е расцветана. Но како и да е, треба да се извади од стариот супстрат и убаво да се исчисти пред да се префрли во скроз нов супстрат. Побарај ја MissOrchidGirl на Youtube, преубаво објаснува сè за орхидеите и има неколку видеа за пресадување. Мене супер ми е и OhioTropics, ама од MissOrchid научив сè што знам.
Имам една нова, огромна е, плаче за пресадување, ама од лошо искуство не ми се пипа, дури е читава нека си седи вака. Овие орхидеи кои ги имаме кај нас сите имаат еден сунгер под круната и тој задржува многу вода и знае често да ја скапе орхидејата. Друго, орхидејата не сака земја хумус, сака кора од дрво, како овој сусптратот што го ставив горе. Па правилно пресадување значи да извадиш сунѓерот, да собереш убав супстрат, да го прегледаш да не има буби па и да го испечеш кратко, корењата да ги прегледаш, ако има некое скапано да го отстраниш и после да си ја ставиш во нова саксија, а исто и саксијата треба да е со добра дренажа и по можност прозрачна пошто и корењата им сакаат светло. И другиот начин, да го направиш како што планираш, иако не е правилно, имам гледано и така успешни орхидеи, не им се посветува многу внимание и супер растат и во земја.