1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Осамена

Дискусија во 'Сингл' започната од Hristina-t, 29 декември 2013.

  1. Hristina-t

    Hristina-t Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Јас сум осамена.Немам другарки,немам дечко.Наскоро полнам 15 а без друштво сум.И додека сабота вечер сите излегуваатјас седам дома,и гледам да се покажам среќна за да не ги нервирам моите.Нова година дома.Роденден наместо со друштво во кафана,јас ќе го прославам со 2 девојчиња во слаткарница.А дечеко,да само еден бакнеж,и лажни надежи.Немам никого со кого да излезам.Не можам да се помирам со тоа.Во животот сум имала среќа за се освен за другарки и дечко.Најубавите години ги поминувам дома,и дури другите од 11 години почнаја со интензивно дружење јас уште немам најдобра другарка.Дечко за мене е апстрактен поим,а за другарка сеуште имам надеж. :|
     
  2. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.303
    Пол:
    Женски
    Се` си доаѓа со текот на времето, не грижи се.
    Претпоставувам си втора година средно некаде, премногу си млада за да се измачуваш со овие работи. Дечко воопшто верувај не ти ни треба, сконцентрирај се на создавање на свое друштво или вклопување во нечие друго.
    Можеш да пробаш да се запишеш на нешто. Танц, фитнес, пилатес, не знам, одбери нешто рандом што те привлекува, а се вежба групно. Ќе прошириш познанства, ќе оствариш контакти, ќе бидеш посреќна. Не мора да имаш ете друштво од прва, само остварувај контакти со луѓе со кои би можела да излегуваш во одредени денови во неделата. Еднаш со едни, друг пат со други и така во круг, се додека не се вклопиш супер во нечие друштво.
    Немој да се ограничуваш, да седиш дома и да мислиш дека само тебе ти се случува ова. Верувај ми, се случува и на многу постари луѓе и осаменоста е нешто со кое што секој од нас се борел во некој период од животот, но се` се средува.

    Остани позитивна само, имај енергија во себе која ќе ги привлекува луѓето и набрзо овој проблем ќе ти биде минато!
     
    На Hristina-t му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Loly77

    Loly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    113
    Кога прочитав се потсетив на мене. И мене ми беше вака, и тоа мислам точно на твои години. А што е најважно, мислам дека на секоја девојка барем еднаш и се случило ова, верувај.
    Јас имав само една најдобра другарка која ми замина во друг град и баш останав сама. Немав другарка што можам ниту на обично кафе да ја викнам. Но не се откажувај. Еден период ќе поминеш во ширење познанства. И не очекувај ништо посебно веднаш, само запознавај луѓе и биди во добри односи со нив. Јас почнав многу повеќе да се интересирам за децата од другите класеви, се запознавав со деца со кои одев на натпревари. Набргу се се смени.
    Не размислувај за дечко, има време. И тоа ќе си дојде на свое место.
    Сеуште си мала, така да не размислувај на тој начин дека најубавите години ги губиш...
    Гледај позитивно на работите. Уживај со семејството, помини си ја весело новата година со нив. Прави работи што ги сакаш. Како што ти кажаа и пгоре, запиши се на некоја активност каде ќе уживаш. Важно тебе да ти биде убаво. И биди трпелива, се ќе биде во ред. :)
    Можеби не сум многу постара, но добро го знам ова чувство. Верувам дека набрзо работите ќе почнат да ти се менуваат со брзина на светлината, ќе видиш. Тие години се такви. Само биди среќна ;) :*
     
    На Hristina-t му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Па што не превземеш нешто во врска со тоа наместо да се сожалуваш. Зарем од училиште немаш некој/а, другар/ка, биди подружељубива, контактирај со сите, не само со деца од твој клас, на овие години се стекнуваат најдобрите пријателства. Зачлени си на некој танц, салса на пример, ем ќе се забавуваш, ем ќе запознаеш многу луѓе, со кои ќе се договараш и ќе одите по забави. Пробај, ќе видиш 100% животот ќе ти се смени. ;)
     
    На Hristina-t му/ѝ се допаѓа ова.
  5. love-cat19

    love-cat19 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    31
    Срце ке си биде се во свое време. Не ни треба толку да се разочаруваш зошто сепак ти имаш само 15 годинки.Допрва ке живееш бурно.За дечко веруј и не ти треба.Јас имам 20 па сеуште не ни помислувам да фатам зошто малку сум разочарана од сите тие срања.Не викам дека љубовта не е убава,ама не брзај што е твое само ке си дојде.Прескокни ги разочарувањата на тие мали годинки остај си нерви за кога ке бидеш позрела за да ги сфаќаш работите поубаво. А кога сме веќе кај другарките, не брзај и тука. Најдобрата не треба да се бара,сама ке си дојде. Не ти треба многу друштво за да не бидеш осамена, доволно е една ама верна.Доколку ја немаш не се разочарувај ,животот е пред тебе ...ке имаш од се по малку. Ништо многу не ти треба. :*
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dlyli_123

    Dlyli_123 Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2018
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Хај нова сум! :l:
    Гледам дека на оваа тема нема од дамна ништо пишувано ако има некоја друга префрлетеме.Епа вака јас се чуствувам дечки пре осамено, имам две другарки од школо кој се дружам во школо а во слободно време не ме викаат многу да зилегувам со нив, излегуваме тука околу школо но јас со нив се чуствувам како вишок, понекогаш и не ме ни викаат излегуваат само тие две, сакам да излегувам и да се дружам многуу сум забавен тип едноставно таков човек сум, има и едно момче од школо кое ми се допаѓа и мислам дека и јас нему му се допаѓам но незнам ова ми е првпат имам зацртано во глава дека пез пријатели неможам да имам дечко како ке биде тоа се како ќе излегувам со него тој има свое друштво а јас едно осамено девојче кое влубено до уши во него. Незнам што да правам немам со кога да ги кажам својте маки, тајни, симпати ништо.Кажете што било што да правам навистина ми е тешко.;(
     
    На Ace-aki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    За дечкото дека има некаква врска со твоите пријатели нема.
    Сигурно нема да излегувате цело време со неговото друштво,патем добар начин и да запознаеш некој плус преку него.

    А за другарките,батали ги ако не те викаат и бараат,значи не си ни пожелна таму или пак опција ти е да разговараш со нив ако ова се случило како промена,т.е.ако е вака во последните неколку месеци.
    Пробувај да се дружиш со нови фаци од школото,пробај комуникација малку,секој ден задај си задача да поразговараш барем со некој од твоето школо.
    Полека ќе се зближиш,ќе искомуницираш неколку пати,сега фб и технологии полесно е.
    Види кои му се нивни интереси,најдете заеднички нешта.
    Разговарајте за нив,викни ја некоја на кафе или слично.
    Не знам точно каква ти е ситуацијата,ама не е невозможно да се зближиш со некој.
    Е дека да имаш вистински пријатели е скоро невозможно да,ама за дружба секогаш се најдува некој.

    И јас имав слична ситуација,ама на факултет коа почнав,нова средина,ново место,нови луѓе,малку и се поделени тука веќе ,ама немам многу проблем да комуницирам,поточно не сакам баш,интроверт сум.
    Ама за забави,пијанки,студентски секоаш има,само и време секоаш да имав и супер ќе беше.|(
    Се осекав ја поише осамено оти немав добри пријатели од факултет,сите ми беа од мојот град или разотидени секој на своја страна,тука ко утка ама полека се вклучив во друштво,стекнав пријатели и не е најдобро ама барем имам за комунакација,кафе-мафе,разговор за факс,помагање и сл.8)
     
    На Dlyli_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dlyli_123

    Dlyli_123 Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2018
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Фала убаво ми дојде некој да ми даде совет:*
    Ке почнам пополека иако е многу тешко денес да стекнеш ново пријателство.Ќе излезам малце и од доам ке возам точак сама:|но можеби несекајки ке се промени нешто бар имам надеж. :D
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilik

    Lilik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    6.254
    Пол:
    Женски
    Osamena sum ama sto da pravam:(:(