1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Освежителна лимонада со праски

Дискусија во 'Рецепти' започната од MaCa-Swiss, 26 јули 2013.

  1. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Мислам дека нема ваква тема, ако има слободно клуч :lol:
    Потребни состојки:
    - 5-6 шолји вода
    - 5-6 крупно исечкани праски
    - 1 шолја шеќер
    - 1 шолја сок од лимон
    - Половина кафена лажичка лимонтус
    - Мраз

    Подготовка:

    - Во големо тенџере се ставаат водата, праските, шеќерот и лимонтусот, и се редат на оган :) Откако водата ќе зоврие, се варат 7-8 минути за праските да омекнат..
    - Откако праските ќе омекнат, течноста низ голема цедилка претурете ја во друг сад, а праските пасирајте ги со лажица за да ги отстраните лушпите и месестиот дел.
    - Ставете го сокот од лимон, и течноста ставете ја во фрижидер 3-4 часа.
    - Откако ќе се олади течноста, ставете коцки мраз, и лимонадата со праски е готова :)

    Вистинско освежување за овие летни горештини :inlove:
     
  2. UnPaso

    UnPaso Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2013
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    Го испробав рецептот и одличен е! ;)