Anna-Banana имам некои десетина пасти по дома што не ги користам, или понекогаш ги носам со мене низ ташните (во секоја по една за да не заборавам па да купувам повторно нова ) кога патувам, бидеќи често сум по патиштата и ги користам колку да не ми се џабе фрлени парите. Имам осетливи непца и ја користам Lacalut aktiv но бидејќи не сакам премногу да се навикнам на неа па потоа ништо да не ми помага, користам и други. Онаа која моментално ја користам е Astera за избелување. Не знам колку избелува но остава свеж здив. И претходната која ја зедов беше Astera и и таа беше добра. Не се скапи - до 80-100ден. во зависност од тоа каква преферираш, а често имаат и акции.
Јас најзадоволна сум од Каладонт плавата паста. Мене многу ми го освежува здивот а и не е скапа воопшто.
Јас користам Colgate whitening и сум задоволна,бидејќи ми го задржува здивот свеж подолго време Спојлер
Наутро пред станувањето секогаш ми е лош здивот, се додека не си ги измијам забите нормално, но некогаш не сме во можност веднаш по станување да си ги измиеме, на пример преспиеме на друго место на пат сме патуваме, или не можеме веднаш да одеме до тоалет да се измиеме а стапуваме во контакт со луѓе, ве молам за совет. Што препорачувате? Нешто спреј, какви се тие ленти и топчиња гледам во темава сте ги спомнувале или нешто друго?
Пробај течност за плакнење на уста. Корисна е за освежување на здивот,спречување на забен камен и плус супер е за дезинфекција на устата. Имаат колгејт,ама уште подобар е Листерин. Го има во Веро.
Да не знае некој кај се продаваат тие лентите што се топат во уста и што го освежуваат здивот? Знам дека не траат многу ама знам како помала ги имав пробано па си викам ај пак ке си ги земам али незнам каде се продаваат. Фала однапред!
Спреј за освежување на здивот има во аптеките, во поголемите маркети. Дента фреш, Алое фреш на ЕСИ, има на Лимес, и сл. Редовно миење на забите, користење забен конец, чистач на јазик и вода за уста, нема да имате проблеми со непријатниот здив.
Здраво јас сакам да ве прашам имам проблем со непријатен здив ама немам кварни заби што да правам да се обратам на забар или да користам нешто ??