Пред малку ја фатив играше на Канал 5. Прекрасна епизода, ми задржа внимание ептен, ќе ја гледам редовно. Ме интересира во првите две епизоди што се дешава
Spoiler: Убиен - Не препорачувам да отворите, појако е да чекате ЕДИП Школски другар, биле во бенд заедно Пон-Петок Ги имаш на сопревод првите три од претходната недела, многу работи се случија, многу е брза серијава, подобро изгледај ги
Многу добра серија. Одамна ја планирав за гледање, се израдував што ја даваат на ТВ. Но, Канал5 ретко гледам, а и ме нервираат со прекинување со лото, со вести, со сто реклами, па првите епизоди само ги вратив на телевизија и изгледав. Ќе ја продолжам на интернет. Одлични врвни глумци се одбрани, одлична е серијата, се надевам до крај ќе е ваква. Прекрасна е населбата каде снимаат, одлични се комбинациите на главните глумици, приказната е интересна и поразлична од сериите што ги даваат. Ја препорачувам, кој не ја почнал, да ја почне.
Со секоја епизода овие трите како да се натпреваруваат која порасипана ќе излезе. Од маживе само на Мерве скромен и мирен, доста харизматичен.
@Limpan па не мислам така. Не знам како е на тв, ќе пишам во спојлер мислење. Spoiler Не ѝ забрани на Арзу ништо, баш човекот ја прими на работа, а можеше многу лесно да ја батали пошто е другар со мажот ѝ, а не со нејзе. Ја поддржи и зазема став дека ако сака да работи тоа е во ред. Оваа истегана во тесни фустани се шеташе горе-долу, ни ја манијачеше, ни ништо. Ако му шарале очите одамна ќе ја легнеше жената на другар му. Ако мислиш на тоа со Оја, тие на помлади години делеле исти интереси - сами оделе на кино и сл. (убаво е претставено низ епизодите). Мерве сама му се наместила и изиграла, не се ни двајцата среќни. Ќерката повеќе се интересира што му се случува во животот, отколку жена му која освен трач и трошење пари не знае за друго. Засега нема информација дека на било каков начин ја изневерил порано.
Што ќе се случи со тој професорот што и се пушта на Пелин? Малку како психо ми изгледа Таа адвокатката што и е на Арзу, во која друга серија има глумено?
Многу настани се. Spoiler Една со друга се местат, замки колку сакаш (само Оја е исклучок). Најголемо дно е Мерве, а Арзу и Пелин се нејзината послаба верзија и често се превртливи, т.е секоја игра според свои интереси и не се замараат како тоа ќе се одрази на било која другарка. Буквално во дел од секунда си го менуваат мислењето и кога баш мислиш дека првата и втората се против третата, му доаѓа првата и третата од нив да се против втората. Ама некако и тие доживуваат стресови, зашто тоа што го прават им се одразува доста и кога се обесправени често се потсетуваат како ѝ било на Оја. Е нив само тогаш им работи совеста, а инаку кога ќе им се реши проблемот веднаш забораваат на случајот од младоста.
Жемски јас се заразив со серијава, ама терминот не ми одговара. Баш тој период ми е определен за учење и никако да можам да се организирам. Почнав да ја гледам на Youtube, ама некогаш снимката е лоша, некогаш пуштаат друг звук плус. Башка на турски ми е многу поубаво кога ја гледам и да си го читам преводот, многу ми е звучен јазикот. Дали имате друг линк со превод каде што би можела да си ја гледам?
Јас ја гледам на YouTube и воглавно ок ми е снимката. Само на една епизода мислам се мешаа така гласови, на една или две не беше усогласен преводот, ама без звук ги изгледав тие. Подобро ми е така, него ли по другиве страни да ми кочи цело време и по сто реклами да се уклучуваат. Инаку да, и ја ептен се заразив со серијава, предобра е