Не ми се допаѓа приказната како се разви. Што и да се случило тогаш биле тинејџери, сега се возрасни жени. Толку години Оја не преминала преку се и се замара со нешто што било на 18 години. Психијатар и треба тогаш, а не вакви глупи играчки. Серхан и Оја никако не ги оправдувам, неверство е неверство. Каква и да е Мерве, ја одбрал за сопруга, имаат ќерка, до вчера му чинела, сега одеднаш ја запознава Оја и не му се допаѓа сопругата. Антипатичен, од тие мирни и тивки мажи да се плаши човек. Оја и Арзу не ми се допаѓаат, се они невини, наивни, жртви, испод мира триста вира. Мерве и Пелин не глумат така и сите ги знаат кои се и што се. Повеќе ми се допаѓа Мерве иако е злобна од оваа Оја антипатичната. Да беше толку поштена немаше на оженет маж да му се пушта.
Јас не заклучив дека му се пушта на Серхан. Нормално пријателство развија, на почетокот. Потоа го избегнува. Види, таа не може да има деца ради нив, родителите ја отфрлиле, како би преминала преку се.. Ма да, таа им даде шанса, се изнервира коа виде дека не се поправааат овие.
Сепак сама се фрлила, тие не ја фрлиле, за тоа што не може да има деца не се директно криви, индиректно... Не ги оправдувам, но не ми се допаѓа и нејзиниот лик. Не знам, неубава и е улогата. Да не беше овој дел со Серхан, повеќе ќе ми се допаднеше. Убаво ќе беше да имаше повеќе покажано кога биле млади што и како се одвивало, сега кога покажаа за Мерве и Серхан, најинтересно нешто во новите епизоди им беше тоа. Едно исто се случува. Познати глумци се, затоа гледана серија е. Просечна е, 5/10, ништо специјално.
Сама се фрлила да, но причината за тоа се они, и го уништија животот ја избркаа и од уличиштето, па и уште ја напагаат. Мерве тоа и го заслужува.
Ја гледаше денешната епизода? Виде зошто? Не дека Оја ќе кажеше, одлучи да молчи, ама тие продолжија да ја прават онаа виновната, патетична, што нема живот и демек сака да им го расипе нивниот. Го заборави тоа дека Оја беше единствената која ја спаси од линчување. Мерве е лоша, Пелин е психопат, а Арзу е тежок случај што сама си одбра што ќе прави
Па сето тоа почна како пријателство, и бидејќи е женет Оја не ни сакаше да е со него. Еве сега се разведува, така да...
Па поради Оја се разведува, пред тоа со години добра му била жената. Одвратна жена. Сите 4 ми се мех. Лигле, како жена да не видел.
Оја и премногу фер се постави кон нив. Токму таа се бореше против Серхан, привлечноста која ја чувствуваше кон него, се сепарираше, оддалечуваше, а тој и се приближуваше, се однесуваше разумно, но ете...Мерве е нарцис, безлична, хедонист, неработник, мисли само на забави и уживање и секако сплетки. Пелин е ужас. Да, имаат направено огромно зло и сега животот, а не Оја им удира шамари.
Не знам, уште стојам на ставот дека Оја ми е од тие одвратните жени испод мира триста вира. Толку не можеа друг маж да и најдат, помила ќе и беше улогата така.
Оја ми е ретко присебна, смирена и сталожена личност по се што помина. И логично е некој да се вљуби во Оја, наспроти некој како Мерве или Пелин. Озборуваат, се занимаваат со туѓи животи, прават сплетки, и наместија на Оја кривично гонење со клиниката, иако претходно поради нив беше избркана од училиште, и „подарија" уметничка слика од среќно семејство, иако не може да има деца, ја исмеваа на нивните забави, но таа понуди помош и поддршка секаде каде требаше. Мерве стоеше ко стап и го напушти домот, со прст не мрдна Серхан да го спаси, се грижеше за угледот и што ќе речат другите, другарка и Пелин не ја ни посети, Оја му помогна на Серхан, а паралелно и Арзу.Пелин и Мерве се типичен пример на „другарки" кои бегаат од некого кога ќе западне во мака, сиромаштија, срам, не сакаат раатот да си го расипат. Мерве е неработник, мрза, сака готови пари, небитно како заработени, најмногу се труди околу колачите нејзини и тоа е.
Мерве му помогна на Серхан, од брат и дозна каде се парите и што проневера направил, таа го пријави братот и Серхан излезе... Маж и е, ќерка имаат, како сопруга не гледам дека е лоша, не го изневерува, се грижи околу домот. Направила нешто со другарките како млада, не му направила него. Очигледно се заљубил кога бил млад, дете добиле, а сега одеднаш друга. Маж како маж. Може се злобни ама бракот е друга приказна од Оја, не требаше во тоа да ја вмешаат, тој дел подобро со Пелин да го расправаше, таа и го презела дечкото. Со Мерве можеше да се расправа околу тоа учество во совети и здруженија..
Па, од ретроспективата на настаните Серхан како да бил влечен за нос, а не вљубен во Мерве. Ама, сам , осамен и повлечен човек неретко паѓа во раце на такви пресметани хиени како Мерве. Буквално, го опколуваше и го окупираше, го демнеше просто. Меѓу Оја и Сехан цело време постои надреална привлечност и хемија и нивната бавна игра мене ми делуваше прилично привлечно за гледање исто така. Копнежот, исчекувањето, борбата со своите чувства... Мерве никогаш не го праша како е, кога доаѓаше од работа, буквално во агонија, ниту еднаш не го праша што му е, не се потруди да узнае, само му натураше забави, сплетки, канеше народ на вечери, интриги еден тон. Да, во брак се, ама само тоа. Единствено нешто добро од тој брак им е ќеркичката, друго ништо. И Оја не влезе во врска со Серхан поради одмазда. Го посака вистински, се опираше, ама беше обострано и ете се случило. Серхан не е предмет на одмазда во никој случај.
Spoiler Мерве никогаш не ни била вистински заљубена во Серхан, со него е само поради парите, поради углед..
Spoiler Повеќе би рекол дека е опсесија со животот кој и го нуди Серхан како маж, а и самото презиме. Таа е опседната со тоа да е Аксак и ништо друго.