1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Осветување на дом

Дискусија во 'Религија' започната од Cuci81, 3 септември 2015.

  1. Cuci81

    Cuci81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    3.830
    Што се е потребно за осветување на дом?
    Во списокот што го добив јас пишува: кило брашно, длабок сад за брашно, длабока чинија со вода, мала чаша со зејтин и малку вино.
    Од црква си купуваш темјан, свеќи, пливки и ќумурчиња.
    Се ова е ок, го разбирам.
    Меѓутоа пишува во објаснувањето ''на убаво подготвена маса''. Што значи тоа? Се од горенаведеното да е спремно, наместено или како трпеза со јадење, пиење да е наредена?
    Требало од брашното и водата да се замеси лебчиња. Што ако не знам да замесам? Што се прави со тие лебчиња? Што е тоа петолебие?
    Друго нешто што ме интересира е цената. Никој цена не спомна, а читам по нет цени и до 2000 денари.
    Кои се вашите искуства?
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Не, не, масата не треба да биде сервирана, не со јадење. Барем нас пред три години така ни кажа свештеното лице кое дојде.
    Масата беше послана со фин чаршав и нарачавме да ни направат икебана од свежо цвеќе од рендом цвеќара.
    Јадење и пиење си служевме вечер, кога дојдоа нашите од потесната фамилија за да си прославиме.

    Инаку, лепчето кое треба подоцна да се замеси од тоа брашно, не треба да го подготвиш ти, туку жена во менопауза, на пример свекрва или мајка. Така рече попот кај нас, а што направивме со лепчето потоа - ќе треба да ја прашам мајка ми зашто не се сеќавам. :)

    За цената, навистина не знам, но можам да ги прашам моите па да ти одговорам по ЛП. Само се сеќавам дека нас не ни кажа никаква тарифа, туку рече „оставете колку мислите дека треба, колку можете - толку“.
    Не погледнав колку остави мајка ми. :)
     
    На душленце, ines.h, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    34.209
    Пол:
    Женски
    Ние скоро го светевме станот, и колку што се сеќавам, треба пет лепчиња да замесиш, и сега не знам дали сите или 5 лепче го носиш во црква кога е попот таму.
    И да, откако ни го осветија, потоа им поставивме трпеза. Барем кај нас е така, не знам по други градови како е.
    И вечерта, си викаш од потесното семејство, доколку сакаш, не е морално :)
     
    На Cuci81 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Ние пред некој месец го светевме станот и паметам дека на масата имаше длабока чинија со вода, масло во чаша, вино, свеќи и темјан.
    И ако не се лажам, ако не сум се помешала со нешто друго мислам дека имаше и погача и свештеникот и татко ми (како глава на семејството) ја вртеа, кажувајќи ги имињата на останатите членови.
    Трпеза со јадење и пиење си местиш вечерта, да си прославиш со потесната фамилија.
     
    На Cuci81 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Можеби @Serafima знае нешто повеќе околу петолбието, сега гледам дека и за тоа си прашала. Јас единствено знам дека тоа се пет мали лепчиња замесени од тоа брашно, кои потоа се раздаваат во црква, за велигденски постови или во петок кога обично се пости.

    Гледам дека во сите краеви е различно, еве кај нас немаше никакво лепче, туку ние палевме свеќи по редослед од најстар кон најмлад, а попот кажуваше молитва, поминуваше од една соба во друга и ставаше по едно крвче на надвратниците.
    Прв пат вака позитивно се изненадив од свештено лице, не ја спроведе церемонијата колку да помине од ред, седеше со нас некое време и зборувавме, а кога го понудивме со било што, одби на културен начин. Не го оставивме со празни раце - каде ќе ја убедиш баба ми да испрати поп така, не било културно, а се гледаше дека човекот е скромен и пријатен. :)
     
    На Cuci81 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Точно така, најчесто бидејќи потекнуваме од различни краеви, различни се само тие нешта, петтолебието или погачата. Додека се’ друго е исто. Зашто сите тие други нешта што се потребни како виното, маслото, свеќите, темјанот...се’ тоа е еден неопходен дел од самиот чин на кој се задолжителни. Додека петтолебието или погачата се принесуваат за здравје, па се споменува и светителот кој е заштитник на домот, семејството, блиските....затоа е и таа дилема. Но сепак е тоа принос за здравје, па не е ништо погрешно дали ќе биде тоа петтолебие или погача.
    Што се однесува конкретно до петтолебието... тоа е само локална традиција, каде наводно треба да го меси жена која е во менопауза, но нема никаква врска :) ( се извинувам што некако можеби противречам на зборовите на отецот, но сигурно тоа го рекол само од еден аспект, а тоа е од аспект на искуството на постарите, каква треба да биде просфората т.е. просфорите, бидејќи дел од младите и не знаат).

    Бог секогаш да биде во вашите домови. Честитки за сите кои си ги осветиле домовите :).
     
    На ines.h, душленце, Mama25 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Не, не од тој аспект, туку баш почна да објаснува како е пожелно за жената која ќе меси веќе да не „крвари“, да биде со веќе завршен плоден период, односно да биде во менопауза.
    Мајка ми не е баш во оние младите :lol: , на „стари“ години осветија нов дом.
    Мене на пример многу ме интересира зошто тоа би сметало и дали е нешто слично на тоа дека жена не треба да бакнува икони во црква и да зема причеста додека има менструација.

    Пак ќе кажам, можеби во извесни краеви, различни свештени лица негуваат различни обичаи.
    Јас баш сакав да прочитам твое мислење во врска со тоа, затоа и те тагнав, се надевам дека не ти смета. :)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Во ред е мила :). Што можам би помогнала од срце.

    Што се однесува до отецот... можеби тоа е негово гледиште на нештата, па тука не би коментирала повеќе. Иако да бидам искрена, нема никаква врска тоа.
    Сепак и циклусот ни е даден Бог, иако во тој период не ни е можеби дадено да пристапуваме кон Света Причесна, но сепак тоа нема никаква врска со месењето на просфорите. Сакав друго да потенцирам.
    Можеби не сте запознати, но колку само е една цела фолозофија месењто на просфори, доколку зборуваме за просфората која ќе се употребува за Проскомидија т.е. за од неа да се приготвува Светата Причесна. Ајде овие што се за петтолебие можат да бидат секакви, ама таа е навистина посебна. И во однос на печатот горе, и во однос на структурата... во се’.
    Логиката е друга. Не значи дека ако жената е млада (пример како нас), дека не може да меси просфори. А оваа пак просфора значи што би се употребувала за Причесна, по правило би требало да ја месат само жени кои се со завршен месечен циклус. Да не ме сфатите погрешно, сакам да ви доловам ситуација каде и монахињите месат, иако се млади, па тука најчесто се презвитерите (попадиите) кои месат, иако се малди и плус во брак со отците, па сепак ги месат тие просфори за Литургијата. Затоа и тоа го кажав претходно, дека навистина нема тоа никаква врска, доколку зборуваме за она исконското значење и што е точно или погрешно.
    Но да не бидам погрешно сфатена, како што ви благословил отецот, така и постапете. Ние овде само си дикутираме на темата, а неговиот благослов е поважен :).
     
    На Mama25, agios, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  9. martina4

    martina4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Koga go spomna pecatot na lebceto sto se stava ke mi kazes li sto znacenje ima pecatot.Fala
     
  10. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Просфората е најважниот дел за да може да се изврши Литургијата. Таа го симболизира телото на Пресвета Богородица од Која во тело е роден Господ Исус Христос.

    Што се однесува до составот на просфората, таа се приготвува само од брашно и квасец (што ја претставува душата), вода (го означува крштението) и сол ( го означува учењето на Господ Исус Христос).
    Структирата на истата треба да биде потполно компактна и слеана. Не смее печатот горе да биде кренат, односно да има воздух и да биде одделен од преостанатиот дел. Па затоа и доколку самата просфора е таква, од неа не може да се направи Проскомидија т.е. да се приготвува Светата Причест. Исто така е многу важно самиот печат да биде добровоочлив, да може да се гледа се’ убаво од него и самата просфора откако се испече да не го промени воопшто тој печат. Ни да се собере, воопшто ништо, туку да остане потполно рамна како што била пред самото печење. Затоа и напоменав дека тоа е една цела филозофија на изработка на просфорите.

    Проскомидијата е дел од богослужбата каде од веќе приготвената просфора се вадат честичките за преостанатиот тек на осветување на истите и добивање на Светата Причест. Во кратки црти објаснето ( да не ве заморувам со непознати поими), од средишниот дел се вади Агнецот (го симболизира Господ Исус Христос), од левата страна се вади честичката на Богородица, од десната страна се вадат честички кои ги симболизираат деветте ангелски чинови ( и затоа се девет триаголници), од горниот дел на Агнецот се вадат честички за живите, а од долниот дел се вадат честички за починатите. Додека од другите делови кои остануваат потоа, тие се осветуваат и тоа е всушност нафората (која во суштина е симбол на телото на Пресвета Богородица).

    И неколку сликички во прилог. Од моето неискуство и што морам уште многу, многу да учам додека да дојдам до она што треба.
    Се надевам дека добро објаснав и дека не бев конфузна :$.
    Пред печење и за време на печење.

    Picture 2239.jpg

    Picture 2248.jpg

    Да се надополнам...
    А ова се веќе извадени честички :).
    IMG_0062.jpg
     
    На Mama25, duffi, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.760
    Пол:
    Женски
    @Serafima злато ми треба еден совет од тебе. Живееме во дом во кој живееа претходно родителите на мм, заедно живеевме, реновиравме летово и при фарбањето на вратите забележав дека има нешто исцртано, прашав и ми кажаа тоа од светењето на куќата. Е сега, јас сакав да осветам бидејќи осетив некоја лоша енергија после една посета на една жена кај мене. Ми кажаа не бивало да светам бидејќи веќе било осветено еднаш. Вистина ова или? И што да направам за домот повторно да го чувствувам мирен и топол како порано, не се чувствувам добро после посетата на женава. Да направам лепче да го однесам на св. Никола кога фамилијата слави куќна слава или? Совет?
     
  12. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    искрено се наежив од ова кога го прочитав освети си го домот тоа е мое лично мислење
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.760
    Пол:
    Женски
    Не сакам да помислам на тоа ама откако бутнавме еден ѕид и изреновиравме тенелно во куќата добивме скроз друга енергија. Во меѓувреме конечно останав и бремена. Инаку при буткањето на куќата под паркетот најдовме просо кое го исчистивме, полеав со света водичка и мислам дека тоа го избрка целото лошо од куќата. Бевме и кумови за Богородица во село и тоа исто ни даде малце сила. Нека отиде целото лошо во неповрат.
     
    На monik55 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    2.152
    Пол:
    Женски
    Некои други ритуали да не знате поврзано со осветувањето на домот? Слушам некои верзии како да младите не смееле ноќта први да преноќат во домот туку некои постари лица да седеле и не да спиеле. Други пак оставале животинче да преноќева...Триста верзии кои мене ми се баш глупави.Не сум многу по овие работи, само ги слушнав, но ете баш ме интересира дали знаете нешто во врска со увие суеверија.
     
  15. sexymama

    sexymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    84
    Светење на куќа може да се направи на денот на куќната слава што ни е ?
    Мене баш би ми било симболично и убаво така да направиме ама незнам дали е така правилно ,па би замолила некој поупатен да ми каже
    Исто така ме интересира , куќата каде што живееме ја купивме стара , па реновиравме и доградувавме , што значи незнам дали е светена или не и еве 10 години така оставивме , ама сега сакам да ја светиме ние , дали е тоа исправно?
     
  16. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    81.907
    Пол:
    Женски
    Можеш да ја осветите зошто да но сепак најдобро прашај си свештеник
     
    На sexymama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да ми каже која молитва се пее и како да ја најдам на нет за стан? Или ју тјуб видео уште подобро?
     
    На Височка му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Aquanalia

    Aquanalia Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Здраво.. наскоро се вселуваме во нова куќа и за осветувањето мислевме да викнеме свештено лице нели, но кај нас викаат роднини пријатели се седело цела вечер без да заспиеш.. Во оваа ситуација со кпронава стварно не ми е за берење никој.. имам стари баба и дедо и да соберам 15 души и да ми е шубе дали некој се заразол или не ете стварно не знам.. што си е адет црквено да си истераме, за берење штом дозволи ситуација.. дали може да споделите искуство или мислење? Фала:)
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Со здравје и мир да си седите во новата куќа.
    Викнете си поп да ви испее. Нормално и вие и тој да си носите маски и да ги почитувате останатите антипандемиски правила, растојание, отворени прозорци и појачана хигиена на рацете. Соберете се само најблиските, поголеми собири ќе си направите кога ќе стиши короната.
     
    На Aquanalia му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Aquanalia

    Aquanalia Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Ti blagodaram, samo za ubavo da se vraka sekade:inlove:
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.