Некој што има осветувано дом, ако може да ми каже што конкретно треба да купам/наместам/направам? Планираме следната недела да викаме и свештено лице. Па да знам однапред да се спремам ако треба нешто посебно..
Здраво. Дали е вистина дека доколку се преселуваш во нов стан или куќа првиот ден мора да е Среда или Сабота за со среќа да било? Познато ви е ова?
За средата е многу познато... Посебно кога станува збор за бизниси. Јуда Искариотски во среда го почна својот бизнис, па како му тргна... Ем ги врати парите, ем заврши на бесилка... Среќата во среда е најобично суеверие. Вселете се кога сакате, само трпезата да не ви биде мрсна во пости, а среда и петок скоро секогаш се посни.
Секако јас среда и петок постам така да тоа не се менува само муабето ми беше ако не успеам оваа среда ќе треба да чекам до другата.
Другата среда е строг пост. Ако не успеете да се вселите до недела, кога започнуваат постите, тогаш вселете се, а забавата правете ја или во постот во сабота/недела со посна храна, или најдобро по Велигденот.
Јас сум слушнала да, да биде во среда, сабота, недела исто демек убави денови, особено среда, за да биде со среќа. Има многу суеверија, некои ја гледаат и месечината, да биде полна или да се полни, за да биде куќата полна и рамна (а не на погибеш - кога се празни). Јас пак знам дека секогаш се дава посно тој ден, без разлика кога се паѓа, а најдобро да си прашате во црква кога, што и како, особено сега поради постите. Не би требало да е проблем.
Еве ние кога се селевме ич не запазив кој ден беше, за светењето си закажав пред постите околу младенци беше, да си дадовме ручек, моите најблиски беа дојдени, за светењето дојде свештено лице поп пред тоа прашавме што и како треба си спремавме се и знам дека од брашното замесив лепче кое после тоа го носевме во црква и се делеше како нафора во чест за здравје и спасение, исто кога разговаравме со поп за кој ден да се преселиме ми рече кога ти можеш, тоа е само верување дека требало тој или оној ден, ако имате слога во бракот и во понеделник да се преселите се ќе биде добро ❤ на сите Ви посакувам среќни и убави моменти во Вашите заеднички домови ❤
Се прави, ама трпезата строго посна да ви биде. В сабота се јаде масло, но не и риби. Сепак договорете се со свештеникот.
Ни дојдоа денес на врата и не запишаа за утре за осветување на вода по повод Велигден. Што треба да се подготви?
Благодарам, се слушнав со Отецот ми рече само сад со вода, се друго потребно го понесе со себе од самата црква,.
Здраво, ме интересира за осветување, (во случајов за посебен спрат се работи) , дали треба целосно да е завршен или може и само дел ( ќе се завршува откако ќе де вселиме) ?
Здраво. Неодамна се преселивме во друг стан каде предходно живееа муслимани, сакаме да го осветиме и да земеме слава, дали е иста процедурата како и кога се осветува нов дом?
Благодарам, а дали треба да спремам трпеза за попот, пример дека е посно в недела риба, дека ние сме сами во градов немаме роднини и не планираме да каниме никој дека се далеку, читам погоре дека лепче треба да замеси жена во менопауза или можам и јас...