1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Осигурителните компании во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од friendy, 2 ноември 2017.

  1. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Во последно време се повеќе луѓе се одлучуваат за осигурување. Некои плаќаат за животно осигурување, некои материјално, некои и животно и материјално.
    Колку сте запознаени со работата на осигурутелните компании во Македонија?
    Колку агентите за осигурување се спремни да ве убедат за да остварат заработка?
    Дали полисите за осигурување треба да содржат повеќе клаузули?
    Споделете искуство, мислење без разлика дали е ваше или од некој близок.
     
  2. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Мене ме интересира за приватното здравствено осигурување? Дали некој е запознаен?
     
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.
  3. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тоа спаѓа во животно осигурување. Сега по ново има и исплата на болнички денови, но за да се осигураш треба да најдеш добар агент и некој во кој имаш доверба. Во спротивност може да се случи да плаќаш и на крај да не те исплатат заради некои пропусти кои агентот пример не ти ги спомнал и ги нема во договорот, а се отпосле се базира само на тој договор. Се што е усно договорено не вреди.
    Има посебна тема за животно осигурување. Таму можеш да прочиташ.
     
  4. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    На ова мислев. Демек и во Систина можеш да се лечиш со осигурувањево.:?:
    http://www.femina.mk/новости/занимливости/приватното-семејно-здравствено-осигурување-е-светски-тренд-кој-пристигна-во-македонија
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Само одредени болести ги покриваат, не сите.. За кои претходно си немал таква болест значи доколку ја немаш болеста го правиш осигурувањето за не дај боже, а после ако ја добиеш тогаш ти покриваат.. фактички така функционираат..
    баш јас се распрашував сакав да си направам такво животно и здраство осигурување..
     
    На ceca-1 и friendy им се допаѓа ова.
  6. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    А за кои болести станува збор?
     
  7. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Мултиплекс склероза, срцев удар, мозочен удар, сида, малигни заболувања, затајување на црн дроб, хронично затајување на функцијата на бубрези, ревматоиден артритис, паркинсова болест, алцхајмерова болест и исхемична болест на срцето. Исто така во несреќа на траен инвалидитет и дневна болница во случај на незгода.. Имате одлични понуди во СН брокер.

    Баш го најдов ливчето :)
     
    На ceca-1 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Trpkovska

    Trpkovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    1.578
    Пол:
    Женски
    Ја отворив темава за да дознаам ваши мислења во врска Триглав. Дали имате искуство со покривање одредени болнички услуги од нивна страна, на пример ви кажат они оикриваат одреден дел и дали си стојат на збор.?ако не е темава прикладна избришете.
     
  9. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Машки
    Лично искуство немам, преку Фондот сум осигуран, а за ова приватниве преку осигурително друштво, како што знам од другар тој преку работа е дополнително осигуран преку осигурително друштво за да се лекува во приватна болница, и му се случи пред некое време да користи приватно лекување преку осигурително друштво, демек се покриено, и на крај пак си плати и тоа солено, демек со основните услуги биле задолжителни некои секундарни услуги, а се што е дополнително се плаќа, демек недоразбирање, т.е. со други зборови врти сучи пак ќе си платиш. :)
     
    На Trpkovska му/ѝ се допаѓа ова.
  10. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    2.556
    Пол:
    Женски
    Не знам за Триглав, јас имам приватно здравствено преку Сава осигурување и имам многу позитивно искуство.
     
  11. Trpkovska

    Trpkovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    1.578
    Пол:
    Женски
    Јас кога им се јавив ги прашав дали е стварно така да не биде после пу пу не важи ми рекоа таман работа ние сме дериозна фирма, ама си имав и јас кочница. Фала ти за одговорот.
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е соодветна тема да прашам, дали некој има искуство со осигурување што покрива трошоци за породување во приватна болница? Колку се плаќа месечно и што точно покрива? Ако има некој искуство, ве молам споделете.
     
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Ако си веќе трудна нема да ти покријат, ако планираш бременост тогаш да. Имаат период на каренца првите месеци, кога не покриваат трошоци за бременост и породување.