Осигурителни агенти

Дискусија во 'Барање работа' започната од one87, 22 ноември 2011.

  1. one87

    one87 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    2
    Ајде малку да подискутираме и за оваа најбарана професија по огласите :) Што мислите колку може да се напредува во осигурителните компании , и дали воопшто постои начин да стигнеш до стабилно работно место кај нив, без оние проценти. И според ваше искуство која компанија кај нас би била најдобра за почеток на кариера? Сите имаат различни правила и прописи ....можеби некој веќе има работено па знае како одат тие работи, а некој има желба да си ја проба среќата баш таму ....
     
  2. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.657
    Имам прашувано во Кроација Осигурување и ми рекоа дека заработката е на процент, а за останатите осигурителни агенции не знам. Моја претпоставка е дека сите агенти работат на процент, имаат некои скалила за напредок како во Авон или Орифлејм, и како одат нагоре заработката им се зголемува.

    За најдобра компанија не би знаела која е, но сум слушнала дека Кјуби многу е пропадната (за разлика од порано) и Еуролинк исто така.
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.290
    Допаѓања:
    5.183
    Да, сите се на процент со исклучок на оние кои се запослени за стално па имаат фиксна плата + процент.
    За разлика од порано каде што имаше разлика во пари за осигурување сега сите осигурителни компании нудат осигурување за исти пари.
    Тој попуст што го даваат агентите е всушност намалување на нивна заработка за да привлечат повеќе клиенти.
    За да станеш осиг. агент одиш на обука која сам си ја плаќаш. Како најсигурни ми изгледаат Граве, Кроација, Сава Табак и овој Винер во последно време ми е многу актуелен.
    Најубави парички се земаат од овие што се животно осигурување затоа што влогот е поголем и долгорочен, иако не треба да се потцени и групно осигурување, повреда, автоодговорност....
    Ќе те биде како агент ако си комуникативна личност, знаеш како да го убедиш клиентот и голем круг на пријатели.
    Имам една пријателка која го работи Граве и Кроација и задоволна е. Беше на дното од пирамидата ама убаво го разработи системот и напредува.
    Добра работа за ова е што немаш фиксно раб. време, не ти треба канцеларија освен комјп. и штампач и сам си го диктираш раб. време. Е сега треба многу трчање за да вадиш солидна плата
     
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.545
    Сите осигурителни агенти поточно надворешни работат на процет. Нивната работа е да одат буквално од човек на човек и да молат ѓ за да се осигура и не земаат којзнае колку пари. Внатрешните агенти си работат на плата и плус и зимаат процент за секој склучен договор. Многу е тешко да стакнеш клиенти со оглед на преголемиот повторувам преголемиот број на осигурителни агенти, а и на големиот број на осигурителни компании. Лошото е тоа што агент може да стане ама баш кој сака само фино лепо си полагаш и си добиваш лиценца и си стануваш агент жално и автоматски се сметаш за поквалификуван од некој кој што има дипломирано осигурување, а неможе да работи во осигурителна компанија или воопшто со осигурување само затоа што ја нема лиценцата, а има факултет завршено смешно! Ова е нашава чудесна Македонија!
     
    На Vip83 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. one87

    one87 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    2
    Да се сложувам со тебе 100 % навистина е смешно за тие со факултет со осигурување , за што служи воопшто таа диплома???
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.273
    ^ Исто како и останатите дипломи од факултети.
    За украс до телевизорот.
    Или бабати и дедоти да ја урамат и стават на ѕид до сликата на Тито.
    И некое париче ќе лапнеш сигурно со покажување на дипломата.


    И јас еден период се распрашував за вакви работни места, но треба да трчкараш и молиш луѓе за да си заработиш. Убаво е да имаш плата бар некоја и процент, а на многу места е само процент.
    А постојано, секоја недела има вакви огласи, лесно е да влезеш, но финтата е дали ќе сакаш да останеш на тоа место. Почетокот ќе е тежок и можеби неисплатлив, ама за најуспешните шансите се големи за добра позиција во осигурителното друштво.
     
  7. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    746
    Пол:
    Женски
    Сум била на „интервју“ во Граве и во Кроација осигурување - живот. Првиот нивни услов е ти да се осигураш, а после да започнеш со работа. Па јас ако имам пари да давам годишно по 180 или 500 евра, веројатно имам плата и не ми треба работата како агент кај нив. Да бидеш агент воопшто не е мала работа, бидејќи во периодот кога владее беспарица премногу е тешко да убедиш некој да се осигура. Иако се работи за сопствениот живот, никој не би се осигурил кога овие пари треба да си ги оддели буквално од лебот. Други пак имаат пари да го сторат тоа, но се скептични во однос на осигурувањето. Јас искрено неможам тоа да го работа, одиш од човек на човек и буквално го молиш и убедуваш во нешто што ни ти самиот не си сигурен дали треба да го сториш.
     
    На twilight123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.765
    Сите се на %.
    Ако сакате да сте агент, одите во тоа друштво кое дава најголем %.

    Иначе треба да имаш големо познанство со луѓе, да трчаш и молиш, да се осигураат кај тебе за да добиеш %. Па оние кои ти се прават пријатели, за инает ќе се осигураат кај друг. :lol:

    А, за да работиш на фиксно место, в канцеларија, без врски ништо, џабе колку сакаш трчај и прави полиси...
     
  9. one87

    one87 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    2
    А знае некој колкав е тој таргетот што треба да се оствари за фиксна плата? :/
     
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.545
    Мислам дека во секоја агенција е различно треба да си се распрашаш, но најпрвин треба да уплатиш одредена сум и да полагаш за да добиеш лиценца за агент.
     
  11. Marina1989

    Marina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    7
    Deckomi raboti vo WVP toa e posrednik na Kroacija, Winer, Grave i Unika. i raboti na slicen princip so osiguritelnite kompanii so toa sto tuka nema gazdi koj go teraat da raboti i deka ako ne napravi opredeln broj dogovori ke leta od rabota. sam svoj gazda si e i baska vo meguvreme si raboti drugo. Pod nego ima struktura(sorabotnici) koj rabotat za nego i koi isto taka mu nosat mn pari. Dodeka nie uzivavme na odmor oni rabotele i koga si dojdovme on si imase super paricka za plus mnogu raboti.On raboti edna godina i veke e treta pozicija mislam deka od 8. I sea ke polaga brokerski ispit i ke si zema i plus plata. a nema da ide na rabota ke si raboti kako do sega koga saka. No i tuka moras da imas svoja polisa na godisno nivo, no toa se podrazbira, zosto nemoze da mi nudis prozivod a ti ne si go isprobala-kako jas da ti veruvam?

    I mislam deka ne e tocno deka retko koj se nafaka zosto nema pari, bidejki mislam deka sekoe semejstvo moze da trgne na strana minimalna uplata od 200 evra na godisno nivo, mislam smesno nekolku denari na den. A si imas sigurna penzija zasiteno ti e celo telo od bilo kakva povreda i ...
    Licno mislam deka e mnogu dobra rabota za oni koi za pocetok imaat finansiska podrska od domasnite- saka da raboti i e ambiciozen,planira vo zivoto da uspee:)
     
    На twilight123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. one87

    one87 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    2
    WVP ? тоа мислам е брокерско осигурително друштво а исто нудат и посредување во неживотно осигурување (коли, куќи) покрај тоа за живот така? А дечко ти досега работеше без лиценца за агент за осигурување? :/ мислев дека мораш да ја имаш лиценцата пред да почнеш со работа...
     
  13. Marina1989

    Marina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    7
    da ja ima licencata, taa se plaka dopolnitelno i se zema na seminar vo ohrid. nemoze da se raboti bez licenca. isto taka za pravenje dogovori ti treba taa licenca no onoj koj e agent toj gi poitpisuva dogovorite,a on ne smee si imaat nekoi pravila. megutoa so licenca raboti:)a za broker si ima ispit i moze uste nekoja licenca neznam kako ide toa. ne sum bas navlezena.
     
  14. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.560
    Пол:
    Женски
    Ајде некој поискусен нека каже нешто повеќе за оваа работа.
    Добив една понуда, но сеуште размислувам, може ли добро да се заработи? или пак да си барам некоја друга работа.. :?:
    Искрено не сум толку комуникативна личност за ова, но сепак сакам да слушнам мислење и совет од некој кој што е подобро запознаен или пак има искуство со оваа работа.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    И мене ме интересира истово, ај ако има некој што веќе работи со ова нека каже.
     
  16. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    980
    Се заработува од процент,колку ке сработиш толку и ке земеш.
    Но за оваа работа треба да си комуникативен и да имаш голем круг на пријатели,роднини,бидејки сепак така се почнува.
    И треба да си снаодлив,работава си бара трчање по луѓе,а не седење и дремење во канцеларија.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    А кои се негативните страни на оваа работа?
    Запозната сум со позитивните, но ме интересираат и тие другите - пр. си се зафатил да работиш ама да не испадне дека за џабе си ги дал парите, дали може од осигурителната компанија да те зафркнат некако, дали во некаков случај може правно да одговараш ти како одговорен за нечија полиса итн.
    Ако може повече да кажете за ова.
     
  18. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.064
    A можеш ли да ми кажеш колку пари е да се извади лиценцата? Бидејќи имам понуда за работа баш во WVP и колку е отприлика заработувачката?може и во лп :)
     
  19. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    980
    какви пари да даваш на осигурителна компанија???
    Неможат да те зафркнат ако правилно си работиш според пропишаните закони,норми и стандарди.
    И кога сакаш можеш да прекинеш со работа(мислам кога ке ти истече тоа на колку време си осигурана) -не ме фаќај за збор.
    А за последното прашање,мислам дека може да одговараш правно ако си ти одговорен за нечија полиса,ако таа полиса содржи грешки или е неисправна,ако те тужи корисникот на полисата.Но ретко се случува ова.Обично компаниите првин гледаат да ја исправат грешката на секој можен начин.На нив нормално дека не им одговараат да бидат тужени.
    Воопшто не се плаши од вакви работи,твоето е само ако можеш да се запослиш,да бидеш примена,и да научиш како се работи.Сигурно нема веднаш да ти дадат да правиш полиси и други документи ако не знаеш.
    Ако те интересираат уште некои детали пиши ми лп
     
  20. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    737
    Се двоумам дали да се осигурам во Граве има некој ан форумов што има осигурителна полиса во оваа компанија??????
     
    На RedWine му/ѝ се допаѓа ова.