Осигурителни агенти може ли за помош? Доживеав мала сообраќајна несреќа во кој не бев јас крива. Значи јас станав оштетена во оваа ситуација. На другиот што ме удри, осигурителна компанија беше кроација. Отидовме таму ми одобрија сума за поправка на колата. Е сега ми стаса спогодба да ја потпишам и да ја пратам дека се согласуваме дека сумата која треба да мија исплатат е 50% од онаа што ми ја одобрија. Треба да го потпишам и да го вратам. Добро ова законски е овака ли одат работите? Како може пола да си сносам јас кога јас сум оштетена? Ве молам за одговор некој што повеќе се разбира во овие работи да ми објасни како да постапам си ја сакам цела сума
Ме интересира преку која компанија е најдобро да се осигура домот? Гледав на интернет на нивните веб страни, ама се ми се испомеша, во глобала сите нудат скоро исти пакети, ама од друга страна, не е наведено колку и како се плаќа. Дали некој има некое искуство, препорака или слично....?
Може ли некој да ме информира како оди работа со осигурување на неживот ...ми имаат нудено како агент во Кроација живот но тоа не прифатив бидејќи неможам да најдам толку луѓе а и самата да се осигурам.Па сега ме интересира услови за да работам како агент за осигурување но неживот ? Фалаа ви оданпред !
Како агент за осигурување дали било за живот или неживот ти е исто. Сама треба да си бараш луѓе. Е сега заработувањето во живот е каде каде поголемо него во неживот.
Да но имам ли услов нешто јас да плаќам бидејќи во живот ја треба да се осигурам прво ? Фала Ви ,Убаав ден
За да почнеш да работиш во осигурителната компанија кадечто јас работам, нема услов ти да си направиш полиса за животно осигурување. Тоа е оставено на тебе, ако сакаш си правиш, ако не никому ништо.
Најдобрата опција и за да се осигурате и за да работите од моето искуство е во Осигурително брокерско друштво. Брокерите работат во корист и интерес на клиентот а не на осигурителните компании. Ги нудат сите можни програми за осигурување на сите осигурителни компании. Тоа значи дека работат и во сферата на животното и неживотоно осигурување, а од неодамна и со инвестициски фондови и приватно здравствено осигурување. Опцијата за работа која што ја даваат е одлична, за почеток како хонорарец а потоа по заслуга односно достигнување на одреден таргет компанијата те вработува со фиксна плата и плус сите останати бенефиции провизии, менаџерски провизии, брокеражи итн. Околу тоа дали треба да се има полиса за жив.осигуравање да се работи, нормално дека треба да се има, неможе да му нудиш нешто на клиент а ти не го користиш.
Да,јас имам.И немој да се двоумиш.Се надевам дека си одлучила позитивно по ова прашање,затоа што поминале скоро три години од тогаш.Поздрав.
Здраво, ме интересира дали има некој што работи или работел или пак знае некој што работи во Кроација осигурување. Дали имаат фиксна плата, колку е почетната фиксна и кој е начинот на работа, дали е лесно тешко, интересмо и сл.
jas pravam polisi za unika , dokolku saka nekoj, slobodno mozeme da se vidime i da razgovarame za se sto ve interesira, isto taka i dokolku saka nekoj da pocne so ova, na pocetkot samo naogas luge, za ostanatoto mentorite zazemaat pozicija ti samo si molcis, i za ova si dobivas pari
Triglav - за било што , најбрзо исплаќаат! Од искуство ова... Може се поскапи и се тоа , ама најбрзи ! Мене ми ја удрија колата во верижен , па тој позади мене е во Кроација , 5 месеци чекам за исплата . Не е финтата кај е најефтино , туку каде е најбрзо исплаќањето. За секој е подобро да помине поефтино , ама не размислува дека и него може да му се случи да настрада па да чека . А за работно место Агент , никогаш не би прифатила... Поттрчко да изигравам па да ме шуткаат. Пре би келнерка за бакшиш , мн. почесна работа!
Ako ima zainteresirani za nekoj da se osigira ili pak da vpusti vo takov biznis neka mi pise na privaten najdobro ke mu se objasni sto kako
Ај ако може некој да ми објасни како иде со животното осигурување+имот Колку се плаќа годишно и дали е сигурна инвестиција
Не ти требаат посебни квалификации, лиценцата си ја плаќаш и мораш да си уплатиш полиса за животно осигурување. После тоа можеш да почнеш со продавање на ,,производот,,.
Дечки јас работам со WVP доколку некој се интересира за нешто околу работата или сака полиса слободно контактирајте ме во лп и ќе разговараме за деталите
Координатор за управување и развој на застапничка мрежа е исто како агент? ако знае некој нека ми објасни подетално