1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Осип/алергија во бременост (ПУППП)

Дискусија во 'Бременост' започната од Maraaaaa, 18 април 2026 во 21:42.

  1. Maraaaaa

    Maraaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво. Сакам да ја отворам темава за да видам дали и други трудници се соочуваат со истото. Имено, кога влегов во осми месец почнаа стрии да ми се појавуваат на стомакот, а околу нив осип што премногу чеша. Од вчера ми се воспали уште повеќе, се прошири и на препони и на раце, 32 недела сум, носам машко бебе па читав за некоја состојба ПУППП што се јавува кај трудници претежно во третиот семестар од бременоста. Во консултација со дерматолог ми беше препишана Бетаметазон маст (кортико) во тенок слој два пати на ден и по еден Лоратадин навечер. Искрено сум скептик за кортико, бидејќи на стомак треба да се мачкам, па денеска купив една грчка крема кортико ама на природна база (Frezyderm Anticort). Дали ви се има случено, дали поминува и со што сте го третирале?