А да прескокнат тоа ред карпетот? Знам сакаат да се пофалат кој, како е облечен, ама па многу одолговекуваат со тоа. Па и за Греми наградите цело време ред карпет , не дочекав да видам доделувањето.Некако не ми се гледа тоа, сакам директно доделувањето да го дадат :geek: по моја нарачка Ќе ѕирнам вечер, шо, како, зошто :geek: онака информативно
Само на Сител ли ќе ги има? Не сакам со превод се нервирам само, а при крај сум со интернет за да гледам на нет...На некоја друга кабловска?
Добро е,овој пат ќе можам да гледам и до покасно да е.Онаа година се сеќавам само црвениот тепих што го изгледав ме фати 3-4 и утредента не бев на школо .Инаку од филмовите само Полноќ во Париз го имам гледано и дефинитивно не ми е за оскар.Другите ги немам гледано ама ми изгледат тапа.За никаде станаа овие награди,се леви филмови почнаа да номинират.
Не ги можам коментаторите наши, на пола реченица ќе сечат а и преводот ќе биде убитачен како и секогаш. Лани мислам на ХРТ имаа одличен пренос, ни коментатори ни ништо. Ама годинава ојде и ХРТ. Понекогаш и на германските телевизии знаат да дадат добар пренос без превод, па кон тоа целам. Ако не, идемо онлајн.
Лебетче да не ми се налутиш, ама си требало да погледнеш барем некој плус. За мене бесмислено е само да ги гледам и да ја пратам целата церемонија ако не сум ги гледала барем номинираниве за најдобар филм. Лани сите ги имав гледно, оваа година некако многу ми се фатија ама барем пола ги изгледав. Криво ми е филмот за Мерлин Монро неможев торент да му најдам. Али да оваа година и мене не ми беше нешто посебен изборот. Само Хуго го немам гледано од номинациите за најдобар филм,ама сигурно ќе го ѕирнам.
Спремни за вечер женски? Ај кент вејт! Добро, повише сум љубопитна у врска со фустаните него ли кој ќе го земе оскарот,зошто веќе оддамна си ја изгуби тежината(или може само сум разочарана зошто долго време ни еден мој фаворит не го освоил ,енивејс ) Фаворит од понудените ,одкако ги изгледав,ми е Midnight in Paris.Фино филмче,не дека нешто ептен заслепува ама во споредба со конкуреницијата мене ми е најдобар дефинитивно.
леле оскаров до 5 сабајле ќе трае Kој го изгледа цел, алал му вера значи Mислам дека сега почна на Cител епа ајде, да тепаме време
Хипстер се се молев да погледнам некој ама никако да најдам време.Ќе гледам чисто онака,колку да видам кој ќе добие оскар.Од чиста љубопитност. Иако според мене нема оваа година таков филм како Црниот Лебед и Неславни Копилиња.Сега,да не зборувам на невидено.Ајде ќе ги гледам после оскарите,па ќе кажам мислење дали заслужил или не .
Не можам да ги гледам, обврски ме чекаат утре. Па и филмовите ми останаа неизгледани. Ќе погледнам нешто, ама цели никако. Ајде утре ќе читам .
Јас си гледам барем црвен килим на Е каналот, на boomtv ви е на 60. Барем стручни се водителиве во однос на модата и интересни се, ми имаат супер ред карпет преноси, поинтересни од другиве телевизии, кои имаат досаден ред карпет. А за доделувањето ќе сум во 10ти сон, но реприза ако знаете кога ќе има кажете тоа ќе се гледа сигурно. Не ги изгледав сите филмови за да дадам фаворит, но не се сложувам дека има лош избор на филмови, неможе 2 филма да ви се изгледани и да се каже дека крш е изборот. Иако за вкусови не се дискутира, секогаш академијата има специфичен вкус, нешто што отскокнува, а тоа немора да му се допаѓа секогаш на гледачот и нивниот фаворит да е фаворит и на академијата. Оскар е едно шоу, едно заокружување на филмската година, се ценат квалитетните филмови. Ајт да видам некој фстан додека не сум запала, иако очиве од сеа ми се затвараат. А ако дознаете кога има реприза кажете
Дефинитивно неможам цел настан вечерва да го изгледам, утре сум прва смена, за жал. Ама затоа го снимаме, па ќе можам да го догледам утре.. Нестрплива сум да почне доделувањето и конечно да видам што вечерва носат Јас имам гледано добар дел од филмовиве, a The tree of life, според мене не ми е за оскар.
Јас има да издржам и цело да го изгледам Многу ги сакам Оскарите, а и ред карпетот. Сега почнав да гледам, се надевам не пропуштив некој битен
Ќе го даваат на Сител целиот настан. До 5 сабајле ќе трае. И јас ред карпет на Е го гледам, поинтересно ми е.
им пишав коментар на Шител да го дaваат реприза, ама имаше и пред мене ист коментар! Без ќилимов, секако тој за мене е помалку битен, а и го гледаме сега! Миланка од такт ме вади. И јас гледам на Е! Мислам дека ќе дадат реприза, ретко кој до 5 сабалје ќе гледа! Ако не ќе го барам утре на нет!
Јас на сител си гледам, не видов да не помина некој од познативе фацки па малку да ги пооговарам тука ама веројатно ќе помине Антонио Бандерас :geek: ах човечево најнајубав несвест
И јас следам на Е После ќе гледам на сител, ама не верувам дека ќе го гледам цело, не сум многу упатена во филмовиве. Ајде да видиме кој има најубав фустан И да, сакам да ги видам Бред Пит и Џорџ Клуни, најавувале нешто неочекувано
Оскар колку е и парада на добри и лоши филмови, толку е и парада на добри и лоши стајлинзи Едвај чекам да видам што избрала Академијата годинава, а и нормално, ќе паднат и некои солзи, претчувствувам