Јас не можам да ја поднесам оваа импровизирана синхронизација-како и да се нарекува, цела ноќ на прекини гледав. Утре ќе си исчитам се убаво, ќе си изгледам слики. Добра ноќ, јака ни душа што издржавме до волку.
Jaс се префрлив на нет гледам. Не можам да ја слушам веќе како лупа глупости. Најинтересното се пропушта. Вака на раат.
Реинбоу на што гледаш ти? Јас на зулу гледам,овие нашиве ме отекоја вистина...Каква синхронизација,овие ни превод прават ко што треба ни ништо...Ама и ќе заврши уште некое време додек најдам
Уф, ми се приспа страшно. Ќе завршат ли до 5? Мислам дека редно е веќе. Били Кристал ми е некако извештачен, не му иде баш со хуморот.
Незнам...би требало...Па и јас ќе легнувам сега,лека ноќ Изгледа не сакаат да завршат Па на Мерил Стрип треба една награда да и дадат,од толку номинации
Јас како се заебав, требаше да учам и ги загледав, ај фустаните, ај уште пола саат, ај 15 минути, ај цигарава.... Се забуљав, испив литар млеко, незнам што ми стана... Инаку Гвинет најдобар фустан си држеше, и на Мила не беше лош такоџе. Џоли ми е језива, пу, жили и се познаваат одошто е слаба, Џ.Ло преку таквоото со светкине. Ама Клуни, ауууу да го имам на неколку години па заедно да си умреме, тој од старост, јас од задоволство. Ајде нека завршуваат веќе, за 12 саати полагам, треба да поспијам троа, па да повтарам после.
Е ајде,и јас си се зафркнав Ќе ги догледам А Били изгледа е под голем стрес,затоа така Реинбоу (ко јас на испит )
Добро му беше ова за Мерил Стрип, треба да и се даде оскар само што седела таму и глумела дека е возбудена за другите победници. Ама Џоли со ногана. Еј отиде линкот. Ту бре за малку. Сега на најинтересното треба да ја слушам Миланка.
Хахахах се знаеше ова,мораше една за Мерил Стрип Хахахах сама си прај шега на своја сметка Ама и пак глуми
Аууу аман бе, толку ли е добар филмов? Растурија французите. Го гледал некој The artist? И си легнувам веќе.
Јас, и добар е многу. Замисли во 21ви век да гледаш црно бел, нем филм и да не трепнеш цело време. Иако приканата е лесна и не е воопшто некоја тешка дилема сепак е прикажана на многу различен и интересен начин. Нешто невообичаено...барем за ова време. Да го гледаш и не го избегавај зашто е црно бел и без глас Јас така 2 пати го бришев па го симнував пак ама на крај коа седнав да гледам ептен бев пријатно изненадена Јас во глобала сум задоволна од наградите како ги доделија. Само не бев одлучна меѓу Мерил и Глен за најдобра женска. Сакав и двете. Мерил заслужува оскар веќе подолго време, ама оваа година Глен имаше подобра улога и подобра глума. A Mелита како свршуваше на Ранго абе за сеир ја гледав. Инаку не разбрав зашто беше толку возбудена...и за Трансформерс исто...?
Затоа што на Ранго има работено македонска екипа. Поточно македонското студио за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х кои имаат работено на изгледот на градот како што разбрав. И некој од нив и беше соговорник. Спојлер "Во категоријата за анимиран филм, победи филмот Ранго, на кој работеше и македонска екипа од студиото ФХЗХ, поточно Александар Вишемирски како супервизор и Кристијан Даниловски како продуцент." Едит... исто и на Трансформерс имаат работено.
Artist не сум го гледала, па не можам да речам, ама зарем Albert Nobbs да не добие ниеден Оскар, дури ни за шминка Скорсезе малку скиснат беше што не го зема Оскарот
Јас го изгледав црвениот тепих и почетокот на церемонијата ама не можев повеќе.Денес гледам дека The Artist се закитил со оскар за најдобар филм.Искрено,не ми се верува дека еден црно-бел нем филм може да биде толку добар за да земе оскар ама ќе го гледам па ќе пишам импресии.Исто гледам дека Hugo добил повеќе оскари,ќе го гледам и тој иако не сум љубител на тој жанр.Се на се оваа година номинациите ништо посебно. Едно нешто што ми пречи е тоа што академијата секогаш номинира исти филмови во сите категории.Разбирам јас дека одредени филмови според нив се најдобрите за таа година но не може еден филм да има и најдобри звучни ефекти,најдобра шминка,најдобра музика итн.Сепак треба повеќе разноликост да има во номинациите,но која сум јас да кажувам. Што се однесува до аутфитите,како што кажав Мила Јовович ми беше прекрасно облечена.Ема Стоун исто ми се допадна многу во тој црвен фустан.Камерон Дијаз не ми беше нешто посебно.Воглавно едноставноста доминираше на овие оскари. Жити бога оваа Анџелина,на страна што ми е антипатично створење ама тој фустанот некако грдо и стои.И позата која што ја заземала на сликата погоре,ужас.Јас и до ден денес не разбирам што некој гледа убаво и згодно во неа ама ајде.Бред Пит беше просечен.