Оскари за 2011 (The 84th Annual Academy Awards)

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Hipster, 24 јануари 2012.

  1. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Нити Џорџ Клуни, ниту The Descendants... јас сум тажна. ;(
     
  2. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Мене ме бендиса мнооогу французинон :o
    :inlove:
     
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Туку сриозно што е со Анџелина и позана.. и језива е од што е слаба.. Од рамења нагоре ок, надолу страотно..
     

    Прикачени фајлови:

    На Hipica, BlackSwan5, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Единствениот филм што не го гледав го зема оскарот :D Ај денес утре ќе го ѕирнам па после ќе видам дали да кукумавчам.
    Ми беше мерак Бред Пит да земе оскар,не ради улогота пошто филмот мене ми беше крајно незанимлив,него пошто човекот си нема оскар,жал ми падна :D

    За фустаниве јас да си искоментирам.
    Прво морам да кажам дека Анџелина Џоли ми беше МНОГУ Анџелина Џоли,исто како и што Џеј Ло ми беше МНОГУ Џеј Ло.Дефинитивно требаше нешто малку да сменат за да заблескаат и да бидат позабележителни,на вакви ги навикнавме.
    Ема Стоун иако ја напнаа мене ми имаше сосема просечен фустан,да не кажам и под просек.Исто и Мишел Вилијамс,овој фустан па воопштно не ми се свиѓаше а самиот брош го правеше уште полош. :|
    ТОП 5 фустани според мене.

    5.Местово го делат Џесика Честеин и Клуни девојката-Стејси Киблер.
    Убави енергични фустани.Дефинитивно не беа обични и едноставни,па заради тоа оставија впечаток.
    [​IMG][​IMG]

    4.Мила Јовович.Изгледаше како дива од 80тите.Ми се свиѓа како го уклопила фустанот со црвениот кармин и фризурата.Tres Francais! :makeup:
    [​IMG]

    3.Октавија Спенсер!Преубава беше,зрачи со харизма и добродушност девојката!Фустанот ептен добро и стоеше,ми се свиѓа што целиот се собира на средината,па визуелно ја направи послаба,и пријаше на телото дефинитвно.Многу подобро ги скри недостатоците од на пример фустанот Мелиса Мекарти,а и поубав ми беше како и да е.
    Фризура,шминка..се беше на место.Големо браво!
    [​IMG]

    2.Мариа Меноунос!(или како и да се чита :D )Не знам зошто го прескокнаа фустанов и девојкава скроз. :^) Никој воопшто не го спомна,како во позадина помина,ама за мене е еден од најубавите годинава.
    И морам да кажам дека немам појма која е девојкава...:?:
    [​IMG]

    1.And the Oskar go to......
    Cameron Diaz!
    Не сум нејзин фан ни најмалку,ама ме освои овој пат.
    Едноставно а преубаво!На слики и не може да се долови моментот,каква беше самата појава.Фустанот беше како сливен на неа!Магично ми изгледаше,и според мене дефинитвно е no.1 на оскариве 2012.
    [​IMG]

    Има уште фустани вредни за спомнување,како на пример на презентерката Ели Кемпер,Руни Мара иако имаше убав фустан на Живенши,не го носеше добро воопшто.
    А јас морам да го спомнам и фустанот на водителката на Е!,Giuliana Rancic,просто совршен!Да не беше на водителката,да беше на некој номиниран или презентер дефинитвно би земал место на врвот на мои топ5 фустани.С-о-в-р-ш-е-н-с-т-в-о! :inlove:
    [​IMG][​IMG]
     
    На nela.oh, Stam, Trendafilka и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Иако не е актерка, сепак вреди да се спомне и Кети Пери, мене лично нејзиниот фустан ми е меѓу топ 3.

    [​IMG]

    А Џоли иако ја обожавам, ме нервираше со позата со ногата, не знам што и беше филмот.
     
  6. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Зарем?Во 2012 година,во векот кога технологијата најбрзо напредува Оскар за најдобар филм да добие црно-бел-нем филм? :o This's not possible :shake:
    Ова мора да значи или дека филмот е предобар или што им е на академците? :D
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    Да, некои слични фустани си носи, ама овој и е преубав :inlove: да го имам како би го носела, мераклиски :D
    таман си имам облини како неа ^_^ :D
    ептен ќе ми стојт, ама си се испофалив :rofl: :wasntme: :emo: На Пенелопе Круз исто и беше убав фустанот, додека на Камерон Дијаз исто убав, елегантен, само на Гвинет Палтроу не ми се допадна, во горниот дел и беше затворен.А Анџелина Џоли, премногу слаба е, костур :x ама фустанот ич не ми се допадна, имаше и други кои беа слаби.

    Е сега Антонио Бандерас, пф...што ми е убав и привлечен :inlove: ама жена му Мелани Грифит убав фустан ќе да носеше, не ја загледав многу.

    Малку загледав од Оскарите, на почетокот кога почнаа да коментираат Џенифер Лопез и Камерон Дијаз, не загледав целосно, доцна ми беше, ќе видам на нет ако имат нешто да се види, ако немат, немат тоа е :D
     
  8. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Па добро ако е 2012 не значи дека треба да земе оскар филм каде што има најдобри визуелни ефекти или анимации како белег на модерното време. Си има и за тоа категорија.
    Ете Тансформерс колку и да го сакам, колку и да е добар, колку и да е модерен и во склад во модерната технологија и сепак не е филм за оскар. Оскарот има сосема друго значење.
    А и секако дека академците го немаат оној просечен вкус за добар филм. Не џабе се таму, сигурно имаат пософистициран вкус од нас "обичните смртници" :)
     
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Абе како може да давате оцена за филм што не сте го гледале. Тоа не ми е јасно.
    Јас го гледав Хуго и мора да кажам дека си ги заслужи сите оскари ;)

    Туку кога сме кај Анџелина мора да кажам анорексија во буквална смисла за зборот. Ужас! Освен во главата надоле ни фустан ни таа нога не ме бендисува. Додуше и во фаца е изобличена, прејаки коски.
    Ве молам тоа ли е сексипил?
    Костур на батерии, имала 40 килограми :o
    [​IMG]

    Ова е секси Анџелина од пред некоја година... Апсолутно секси! и фалат сеа најмалку 10 килограми.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, sanjalica, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Исто го викам и јас, прво оние помалку интересните номинации па на крај шлагот!
    И дечки НЕ Е МЕЛИТА, МИЛАНКА Е :lol:
    Ме напна мене синоќа си легнав.
    Знаев дека ќе земе Артистот, беше повеќе од очигледно.
    И мене не ми се допадна, ствар на вкус нели.
    Мислам дека се преувеличи, дека е различен од другите, нем филм во 21 век.
    Какви коментари се изначитав за филмов сум се помочала од смеење :D
    Јас чув екста критики за Хуго морам да го гледам.
    Многумина сметаа дека тој беше најблиску до оскар за најдобар филм.
    Ако е за така според мене Манибал подобро да земеше оскар мене супер ми беше филмчето а ич не су фан на спортски филмови. Ама пак свар на вкус нели.
    За машка главна улога сум разочарана, што треба да направи Гери Олдман за да земе оскар.
    Мерил си е супер, ма да за женска улога имаше најголема конкуренција, скоро сите беа прекрасни!
    Така да тука беше до некаде и мртва трка.
    И за мене голема неправда беше Best Achievement in Makeup, не дека Мерил Стрип не беше добро нашминкана за да личи на Маргарет Тачер но сепак, Глен Клоуз беше маж, ало МАЖ абре да незнаев дека е она жими се ќе мислев дека е маж :x
    [​IMG]
    [​IMG]
    Но тоа е што е, битно споредна женска улога ја собра Октавија, ѕверка!
    Апел до догодина да ја сменат Миланка не се трпи више!
    П.с Ме интересера како го преведе Манибал, читав коментари на интернет за нејзини можни преводи дека секоја година си лупа некој нејзин слободен превод...
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.149
    Допаѓања:
    258.033
    Не само Миланка, ами сите медиуми, си даваат свој превод за филмовите.
    Така на пример The help е преведен во многу варијанти, па од Помошничка, Куќна помошничка, Слугинка итн.
    Страшни се нашиве со преводите.
    За оскарите не коментирам, не ми се изгледани сите филмови, па неможам да кажам дали е заслужено или не.
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    ^Не си ја слушала Миланка очигледно,како го имаше преведно Good will hunting!
    И не само тој си дава некој превод крш, што нема врска со животот.
    Затоа ме интресира за Манибал што рекла, пошто тоа не се преведува.
    Читав коментари на еден друг форум, викаат дека ќе го превела како топка пари, или парите топката :D
    Не се преведува филмот нема превод за него на македонски.
    И The Artist секој различно, некој артистот, некој уметникот, но ајде и така може да се каже.
    Немаме веќе ХРТ2 таму коментарите се супер, на ниво, не преведуваат како Миланка и од неа не чув ништо што збори Били Кристал, само нешто мрмори.
    И шлагот Ношпал, боже господе |(
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Немаше некои посебни, да ти останат во памет...
    ама Џоли,жива катастрофа,кога ја видов со тоа ногата :puke: уште што не ја крена како балерина...боже
    [​IMG]
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.743
    Пол:
    Женски
    Не го преведе никако, така си го кажа Манибол. А како го превела Good will hunting?
     
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Inside Job баш буквалано Инсајдерска работа, а овој мислам беше Ловот на добрата воља или вистина така нешто.
    Се така преведува, побуквално амин.
    Не и ги памтам сите, имаше уште еден, јак вака преведено, не ми текува сега....
    П.с морам ова до го споделам со вас, коментар за Џолика
    Неможам се помочав :rofl: :rofl: :rofl:
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    Јас очекував дека ќе има некаква критика Александар Ношпал за во врска со модава на оскариве, мислам како моден креатор би требало да даде дебела критика, а уставри ништо не ни кажа :x едвај нешто рече и толку :x а нити пак Миланка нешто добро ја водеше емисијата.И секако да си кажам, исто и Мерил Стрип ми е една омелените актерки :) убава ретропсектива дадоа вчера за нејзината кариера :)
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Да бидам искрена, поубави и попривлечни фустани имало на забавите после оскарите, отколку на самата манифестација.
    Еве неколку на забавата на Vanity Fear, преубави креации.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Нина Добрев, Селма Хаек, Оливиа Вајлд и Софија Вергара едноставно блескаат.
    И фустанот на Кејти Холмс беше совршен.
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, AlicaInWonderland, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    661
    Конешно завршија оскарите!
    Очекувањата на некои се остварија и заминаа среќни со статуетка во рака додека други останаа разочарани и со празни раце.
    Најголем победник е филмот Артист кој ги освои оскарите во најзначајните категории и тоа за најдобар филм, за најдобра режија за Мишел Хазанавициус и за најдобар актер за Жан Дужарден. Втор филм со најголем број на освоени оскари е Хуго на Мартин Скорсезе но во помалку значајните категории.
    Голема неправда беше направена при доделувањето на оскарите за најдобар актер, оваа година оскарот заслужено требаше да го добие Гери Олдман но поради политиката на фаворизирање на филмот Артист оскарот замина во рацете на Жан Дужарден.
    Исто така имаше голема неправда и во доделувањето на оскарот за најдобра актерка, иако Мерил според мене е убедливо најдобра актерка на денешницава таа оваа година не го заслужи оскарот, имаше многу подобри улоги од улогата на Тачер. Мишел Вилијамс требаше да го добие оскарот за нејзината маестрална улога на Мерлин Монро во филмот Мојата Недела со Мерлин. Втора на листата на актерки кои заслужија оскар е Виола Дејвис за нејзината феноменална улога во филмот Помошнички, неправда и кон Виола иако се сметаше за сигурен победник на оскарите, не излезе така. На трето место според мене најзаслужна за оскар за најдобра актерка беше Глен Клоуз има вкупно шест номинации за оскар и (доколку се водеше академијата како во случајот со Мерил поради големиот број номинации после 20 години да и се додели оскар) Глен требаше да го добие оскарот
    Оскарот за споредна женска улога замина во вистинските раце на Октавија Спенсер, сосема заслужено и очекувано.
    Оскарот за споредна машка улога го доби Кристофер Пламер кој според мене не го заслужи. Оскарот требаше да го освои Кенет Брана за неговата феноменална улога во филмот Мојата недела со Мерлин, од Кристофер подобри беа и Ник Нолти од Вариор и Џона Хил од Манибол
    Оскарот за филм од неанглиско говорно подрачје го доби иранскиот филм Разделба сосема заслужено.
    Оскарите поминаа и мојот впечаток е дека беше добра манифестацијата доколку ја споредам со оскарите во изминатите години. Следуваат наредните 2013 година, да се надеваме дека ќе бидат пообјективно валоризирани улогите и филмовите во годинава што доаѓа.
     
  19. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Знае некоја кога има реприза? не додржав да го гледам целото.. :/
     
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    На Сител мислам кажаа на 4ти март, во 11 навечер, скратена верзија од 2 саати :)
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.