1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Оскари 2013 (The 2013 Oscars | 85th Academy Awards)

Дискусија во 'Канта' започната од Leeloo, 1 февруари 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Американската филмска академија ги објави веќе номинации за претстојното, 85-то по ред доделување на најпрестижните филмски статуетки – оскарите, чие доделување ќе се случи на 24 февруари во театарот „Долби“.



    Со најмногу номинации се филмовиве:
    12 номинации: Lincoln
    11 номинации: Life of Pi
    8 номинации: Les Misérables и Silver Linings Playbook
    7 номинации: Argo
    5 номинации: Amour, Django Unchained, Skyfall, и Zero Dark Thirty
    4 номинации: Anna Karenina и Beasts of the Southern Wild
    3 номинации: The Hobbit: An Unexpected Journey и The Master
    2 номинации: Flight и Snow White and the Huntsman

    Додека во главните категории, номинациите се следниве:

    Најдобар филм: „Ѕверовите од јужите дивини“ на Бен Зејтлин, „Прирачник за надеж“ на Дејвид О. Расел, „Половина час по полноќ“ на Кетрин Бигелоу, „Линколн“ на Стивен Спилберг, „Клетници“ на Том Хупер, „Животот на Пи“ на Анг Ли, „Ослободениот Џанго“ на Квентин Тарантино“, „Арго“ на Бен Афлек и „Љубов“ на Михале Ханеке.

    Најдобра режија: Дејвид О. Расел, Анг Ли, Стивен Спилберг, Михаел Ханеке и Бен Зејтлин.

    Најдобар актер: Даниел Деј Луис („Линколн“), Дензел Вашингтон („Лет“), Хју Џекмен („Клетници“), Бредли Купер („Прирачник за надеж“ и Жоакин Феникс („Учителот“).

    Најдобра актерка: Наоми Вотс („Невозможното“), Џесика Честејн („Половина час по полноќ“), Џенифер Лоренс („Прирачник за надеж“), Емануел Рива („Љубов“) и Кувензан Валис („Ѕверовите од јужните дивини“).

    Актер во споредна улога: Кристоф Волц („Ослободениот Џанго“), Филип Симор Хофман („Господар“), Роберт де Ниро („Прирачник за надеж“), Алан Аркин („Арго“) и Томи Ли Џонс („Линколн“)

    Актерка во споредна улога: Сали Филд („Линколн“), Ен Хатавеј („Клетници“), Џеки Вивер („Прирачник за надеж“), Хелен Хант („Сесии“) и Ејми Адамс („Господар“).

    Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје: „Љубов“ (Австрија), „Кон-Тики“ (Норвешка), „Но“ (Чиле), „Кралска афера“ (Данска) и „Вештица на војната“ (Канада).

    Најдобро оригинално сценарио: „Љубов“, Михале Ханеке, „Ослободениот Џанго“, Квентин Тарантино, „Лет“, Џон Гетинс, „Кралство на месечината“, Вес Андерсон и Роман Копола и „Половина час по полноќ“ на Марк Бол.

    Најдобро адаптирано сценарио: „Арго“, Крис Терио, „Ѕверовите од јужните дивини“, Луси Алибар и Бен Зејтлин, „Животот на Пи“, Дејвид Маги, „Линколн“, Тони Кушнер и „Прирачник за живот“ на Дејвид О. Расел.

    Директор на фотографија: Симус Мекгарви („Ана Каренина“), Роберт Ричардсон („Ослободениот Џанго“), Клаудио Миранда („Животот на Пи“), Јануш Камински („Линколн“) и Роџер Дикинс („Скајфол“).

    Оригинална музика: „Ана Каренина“, Дарио Маринели, „Арго“, Александар Десплат, „Животот на Пи“, Мајкл Дан, „Линколн“, Џон Вилијамс и „Скајфол“, Томас Њуман.

    Кои се ваши фаворити?
    Мислења за филмовите?
    Дали некои заслужуваат / не заслужуваат номинација за Оскар?

    Јас сеуште немам погледато неколку од номинираните филмови, али се фокусирам кон тоа. Мало разочарување ми е што, мислев дека Хобитот ќе има повеќе номинации.
     

    Прикачени фајлови:

  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.058
    Допаѓања:
    66.773
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.