Оскари 2013

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од boomsleng, 28 ноември 2012.

  1. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    531
    Иако има уште неполни два месеци до објавувањето на номинациите за оскарите во голем број на категории од страна на американската филмска академија, во најголем дел веќе се излезени филмовите кои можат да влезат во трката за една од статуетките во различни категории.
    Сметам дека е време да се отвори темата и секој од нас да си го каже своето видување, став во врска со неговите фаворити за оскар во повеќе категории.
    Од филмовите но и од трејлерите кои се излезени досега, можам со сигурност да кажам дека веќе се позиционирани најсериозните кандидати за оскар во најзначајните категории и тоа за најдобар филм, за најдобра режија, најдобар актер, актерка, најдобра споредна машка и женска улога.
    Филмови кои сметам дека ќе добијат номинација и ќе влезат во потесниот круг за оскар според мене се
    мојот фаворит за кој бев сигурен уште од пред една година кога беше објавена информацијата дека ќе излезе 2012 година тоа е филмот The Master, филмот според мене е ремек дело на маестралниот Пол Томас Андерсон, еден од најдобрите режисери моментално, знаејќи ги неговите претходни филмски остварувања немав воопшто дилема дека ќе создаде уште едно врвно кинематографско дело. Актерската екипа во филмот The Master е брилијантна почнувајќи од Филип Сејмор Хофман за кој сум убеден дека ќе биде номиниран за главна или за споредна машка улога сепак тоа го одлучуваат членовите на академијата, вистинско изненадување во филмот е камбекот на одличниот Хоакин Феникс кој просто воодушевува со својот перформанс и дефинитивно сметам дека ќе добие номинација за оскар за главна машка улога но и сум убеден дека битката за оскарот ќе се води помеѓу него и Даниел Дел Луис кој ја толкува улогата на Линколн во автобиографскиот филм за американскиот претседател Абрахам Линколн.
    Ејми Адамс е стандардна во своите извонредни перформанси, премногу талентирана актерка една од најдобрите актерки моментално, номинирана 3 пати досега од 2005 година, ова најверојатно ќе и биде 4та номинација за оскар и веќе конечно академијата треба да и го додели оскарот (најверојатно за најдобра споредна женска улога) Нејзиниот преформас во The Master е моќен и достоен за оскар.
    Втор филм за кој сметам дека ќе биде насериозен кандидат за оскар за најдобар филм е Lincoln одличен филм автобиографски за еден од најпознатите американски претседатели кои оставил белег во американската историја шеснаесетиот претседател на САД Абрахам Линколн.
    Филмот Арго е исто според мене еден од најсериозните претенденти за оскар за најдобар филм, се работи за вистинска приказна за настаните во Иран во 1980 година.
    Silver Linings Playbook е филм кој сериозно ќе се трка за оскар со претходниве филмови
    Beasts of the Southern Wild - овој филм просто ме воодушеви иако не ми е гледан, впечатокот го добив гледаќи го трејлерот, заклучив дека филмот преставува вистинска магија, уметнички направен со актерска екипа која воодушевува, особено малата Quvenzhané Wallis која според мене е откритие на годината и заслужено треба да го добие оскарот за најдобра актерка(вака мала актерка досега ме нема воодушевено од нејзиниот перформанс, вистинска звезда, премногу талентирана на која и предстои блескава кариера.
    Django Unchained - филмот има голем потенцијал за оскар во повеќе категории и тоа за најдобар филм, режија, главна и споредна машка улога.
    Les Misérables исто така ќе биде еден од најсериозните кандидати за оскар во повеќе категории.
    The Sessions - овој нискобуџетен филм има доста голем потенцијал и ме потсејќа на филмот Winter's Bone кој исто така беше пријатно изненадување на оскарите пред две години.
    Life of Pi - филмот е еден од најсериозните кандидати за оскар за најдобар филм и режија.
    Во категоријата најдобра режија мислам дека "битката" ќе се води помеѓу
    Пол Томас Андерсон за филмот The Master
    Стивен Спилберг за Линколн
    Том Хупер режисерот на Говорот на Кралот за филмот за Клетници
    Енг Ли за Life of Pi
    Дејвид О Расел режисерот (на филмот Фајтер од 2010 год) за филмот Silver Linings Playbook
    Бен Афлек за Argo
    Квентин Тарантино за Django Unchained
    Најсериозни кандидати за оскар за најдобар актер според мене се:
    Хоакин Феникс за неговата маестрална улога во филмот The Master и заслужено треба да ја добие статуетката бидејќи тоа и го заслужува
    Даниел Дел Луис за извонредната улога на Абрахам Линколн, исклучително талентиран актер кој може да го освои својот трет оскар во неговата досегашна актерска кариера
    Бен Афлек иако не е актер кој ми е омилен, сепак морам да признаам дека со својата досегашна работа се покажа многу особено во последниве неколку години.
    Бредли Купер - сметам дека многу коректно си ја заврши својата одлично одиграна улога во филмот Silver Linings Playbook и заслужува номинација.
    Џон Хоакс - исклучителен актер со огромен талент кој не е премногу експониран, прв пат го забележав во филмот Зимски коски, потоа во Марта, Марси, Меј, Марлен каде исто така го покажа својот талент, има големи шанси да го освои оскарот за најдобар актер.
    Хју Џекмен - солиден актер кој има шанси да добие номинација.
    Ентони Хопкинс за Хичког
    Џејми Фокс за Django Unchained
    За најдобра актерка трката ќе се води помеѓу
    Quvenzhané Wallis малата ме одушеви со нејзиниот преформанс (дефинитнивно според мене го заслужува оскарот)
    Марион Котилард - мој фаворит за оскар за филмот Р ѓа и Коски
    Џенифер Лоренс - талентирана актерка една од најдобрите актерки од помладата генерација која заслужува оскар потврдуваќи го тоа со своите исклучителни улоги во повеќе филмови
    Ен Хатавеј за Клетници
    Хелен Мирен за Хичког
    Хелен Хант за The Sessions
    За споредна машка улога најсериозни претенденти за оскар се
    Филип Сејмор Хофман кој според мене и треба да го освои оскарот
    Томи Ли Џонс за Линколн
    Леонардо Ди Каприо за Django Unchained
    Вилијам Х Мејси за Сесијата
    Том Хенкс за Cloud Atlas
    Роберт Де Ниро за Silver Lining Playbook
    Алан Аркин за Argo
    За женска споредна улога трката ќе се води помеѓу
    Ејми Адамс мој фаворит за филмот The Master
    Сали Филд за Линколн
    Никол Кидман за The Paperboy
    Хелена Бонам Картер за Клетници
    Лора Лини за Hyde Park on Hudson
    Од филмовите од англиско неговорно подрачје мој фаворит е филмот Intouchables (2011)
     
    На femina90 и Hipster им се допаѓа ова.
  2. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    194
    Оскари 2012 година номинации, ваши предвидувања,фаворити

    Се надевам на Џенифер Лоренс и Silver Linings Playbook
     
  3. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    531
    Оскари 2012 година номинации, ваши предвидувања,фаворити

    Конечно се објавени номинациите за оскарите за 2012 година
    Во продолжение следи листата со номинираните филмови по категории
    Тhe 85th Annual Academy Awards

    Nominations announced Thursday, January 10, 2013; ceremony on Sunday, February 24, 2013.

    Best Motion Picture of the Year
    Nominees:

    Ljubov (2012): To Be Determined

    Argo (2012): Grant Heslov, Ben Affleck, George Clooney

    Beasts of the Southern Wild (2012): Dan Janvey, Josh Penn, Michael Gottwald

    Django Unchained (2012): Stacey Sher, Reginald Hudlin, Pilar Savone

    Les Misérables (2012): Tim Bevan, Eric Fellner, Debra Hayward, Cameron Mackintosh

    Life of Pi (2012): Gil Netter, Ang Lee, David Womark

    Lincoln (2012): Steven Spielberg, Kathleen Kennedy

    Silver Linings Playbook (2012): Donna Gigliotti, Bruce Cohen, Jonathan Gordon

    Zero Dark Thirty (2012): Mark Boal, Kathryn Bigelow, Megan Ellison
    Best Performance by an Actor in a Leading Role
    Nominees:

    Bradley Cooper for Silver Linings Playbook (2012)

    Daniel Day-Lewis for Lincoln (2012)

    Hugh Jackman for Les Misérables (2012)

    Joaquin Phoenix for The Master (2012)

    Denzel Washington for Flight (2012/I)
    Best Performance by an Actress in a Leading Role
    Nominees:

    Jessica Chastain for Zero Dark Thirty (2012)

    Jennifer Lawrence for Silver Linings Playbook (2012)

    Emmanuelle Riva for Ljubov (2012)

    Quvenzhané Wallis for Beasts of the Southern Wild (2012)

    Naomi Watts for Lo imposible (2012)
    Best Performance by an Actor in a Supporting Role
    Nominees:

    Alan Arkin for Argo (2012)

    Robert De Niro for Silver Linings Playbook (2012)

    Philip Seymour Hoffman for The Master (2012)

    Tommy Lee Jones for Lincoln (2012)

    Christoph Waltz for Django Unchained (2012)
    Best Performance by an Actress in a Supporting Role
    Nominees:

    Amy Adams for The Master (2012)

    Sally Field for Lincoln (2012)

    Anne Hathaway for Les Misérables (2012)

    Helen Hunt for The Sessions (2012)

    Jacki Weaver for Silver Linings Playbook (2012)
    Best Achievement in Directing
    Nominees:

    Michael Haneke for Ljubov (2012)

    Ang Lee for Life of Pi (2012)

    David O. Russell for Silver Linings Playbook (2012)

    Steven Spielberg for Lincoln (2012)

    Benh Zeitlin for Beasts of the Southern Wild (2012)
    Best Writing, Screenplay Written Directly for the Screen
    Nominees:

    Ljubov (2012): Michael Haneke

    Django Unchained (2012): Quentin Tarantino

    Flight (2012/I): John Gatins

    Moonrise Kingdom (2012): Wes Anderson, Roman Coppola

    Zero Dark Thirty (2012): Mark Boal
    Best Writing, Screenplay Based on Material Previously Produced or Published
    Nominees:

    Argo (2012): Chris Terrio

    Beasts of the Southern Wild (2012): Lucy Alibar, Benh Zeitlin

    Life of Pi (2012): David Magee

    Lincoln (2012): Tony Kushner

    Silver Linings Playbook (2012): David O. Russell
    Best Animated Feature Film of the Year
    Nominees:

    Brave (2012): Mark Andrews, Brenda Chapman

    Frankenweenie (2012): Tim Burton

    ParaNorman (2012): Sam Fell, Chris Butler

    The Pirates! In an Adventure with Scientists! (2012): Peter Lord

    Wreck-It Ralph (2012): Rich Moore
    Best Foreign Language Film of the Year
    Nominees:

    Ljubov (2012)(Austria)

    Rebelle (2012)(Canada)

    No (2012/I)(Chile)

    En kongelig affære (2012)(Denmark)

    Kon-Tiki (2012)(Norway)
    Best Achievement in Cinematography
    Nominees:

    Anna Karenina (2012/I): Seamus McGarvey

    Django Unchained (2012): Robert Richardson

    Life of Pi (2012): Claudio Miranda

    Lincoln (2012): Janusz Kaminski

    Skyfall (2012): Roger Deakins
    Best Achievement in Editing
    Nominees:

    Argo (2012): William Goldenberg

    Life of Pi (2012): Tim Squyres

    Lincoln (2012): Michael Kahn

    Silver Linings Playbook (2012): Jay Cassidy, Crispin Struthers

    Zero Dark Thirty (2012): William Goldenberg, Dylan Tichenor
    Best Achievement in Production Design
    Nominees:

    Anna Karenina (2012/I): Sarah Greenwood, Katie Spencer

    The Hobbit: An Unexpected Journey (2012): Dan Hennah, Ra Vincent, Simon Bright

    Les Misérables (2012): Eve Stewart, Anna Lynch-Robinson

    Life of Pi (2012): David Gropman, Anna Pinnock

    Lincoln (2012): Rick Carter, Jim Erickson
    Best Achievement in Costume Design
    Nominees:

    Anna Karenina (2012/I): Jacqueline Durran

    Les Misérables (2012): Paco Delgado

    Lincoln (2012): Joanna Johnston

    Mirror Mirror (2012/I): Eiko Ishioka

    Snow White and the Huntsman (2012): Colleen Atwood
    Best Achievement in Makeup and Hairstyling
    Nominees:

    Hitchcock (2012): Howard Berger, Peter Montagna, Martin Samuel

    The Hobbit: An Unexpected Journey (2012): Peter King, Rick Findlater, Tami Lane

    Les Misérables (2012): Lisa Westcott, Julie Dartnell
    Best Achievement in Music Written for Motion Pictures, Original Score
    Nominees:

    Anna Karenina (2012/I): Dario Marianelli

    Argo (2012): Alexandre Desplat

    Life of Pi (2012): Mychael Danna

    Lincoln (2012): John Williams

    Skyfall (2012): Thomas Newman
    Best Achievement in Music Written for Motion Pictures, Original Song
    Nominees:

    Chasing Ice (2012): J. Ralph("Before My Time")

    Les Misérables (2012): Alain Boublil, Claude-Michel Schönberg, Herbert Kretzmer("Suddenly")

    Life of Pi (2012): Mychael Danna, Bombay Jayshree("Pi's Lullaby")

    Skyfall (2012): Adele, Paul Epworth("Skyfall")

    Ted (2012): Walter Murphy, Seth MacFarlane("Everybody Needs a Best Friend")
    Best Achievement in Sound Mixing
    Nominees:

    Argo (2012): John T. Reitz, Gregg Rudloff, José Antonio García

    Les Misérables (2012): Andy Nelson, Mark Paterson, Simon Hayes

    Life of Pi (2012): Ron Bartlett, Doug Hemphill, Drew Kunin

    Lincoln (2012): Andy Nelson, Gary Rydstrom, Ron Judkins

    Skyfall (2012): Scott Millan, Greg P. Russell, Stuart Wilson
    Best Achievement in Sound Editing
    Nominees:

    Argo (2012): Erik Aadahl, Ethan Van der Ryn

    Django Unchained (2012): Wylie Stateman

    Life of Pi (2012): Eugene Gearty, Philip Stockton

    Skyfall (2012): Per Hallberg, Karen M. Baker

    Zero Dark Thirty (2012): Paul N.J. Ottosson
    Best Achievement in Visual Effects
    Nominees:

    The Avengers (2012): Janek Sirrs, Jeff White, Guy Williams, Daniel Sudick

    The Hobbit: An Unexpected Journey (2012): Joe Letteri, Eric Saindon, David Clayton, R. Christopher White

    Life of Pi (2012): Bill Westenhofer, Guillaume Rocheron, Erik De Boer, Donald Elliott

    Prometheus (2012/I): Richard Stammers, Trevor Wood, Charley Henley, Martin Hill

    Snow White and the Huntsman (2012): Cedric Nicolas-Troyan, Phil Brennan, Neil Corbould, Michael Dawson
    Best Documentary, Features
    Nominees:

    5 Broken Cameras (2011): Emad Burnat, Guy Davidi

    The Gatekeepers (2012): To Be Determined

    How to Survive a Plague (2012): To Be Determined

    The Invisible War (2012): To Be Determined

    Searching for Sugar Man (2012): To Be Determined
    Best Documentary, Short Subjects
    Nominees:

    Inocente (2012): Sean Fine, Andrea Nix

    Kings Point (2012): Sari Gilman, Jedd Wider

    Mondays at Racine (2012): Cynthia Wade, Robin Honan

    Open Heart (2013): Kief Davidson, Cori Shepherd Stern

    Redemption (2012/V): Jon Alpert, Matthew O'Neill
    Best Short Film, Animated
    Nominees:

    Adam and Dog (2011): Minkyu Lee

    Fresh Guacamole (2012): PES

    Head Over Heels (2012): Timothy Reckart, Fodhla Cronin O'Reilly

    Paperman (2012): John Kahrs

    The Simpsons: The Longest Daycare (2012): David Silverman
    Best Short Film, Live Action
    Nominees:

    Asad (2012): Bryan Buckley, Mino Jarjoura

    Buzkashi Boys (2012): Sam French, Ariel Nasr

    Curfew (2012/I): Shawn Christensen

    Dood van een Schaduw (2012): Tom Van Avermaet, Ellen De Waele

    Henry (2011/III): Yan England
     
    На SimonLimon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.282
    Пол:
    Женски
    Оскари 2012 година номинации, ваши предвидувања,фаворити

    Ајде сега тука да прокоментирам и да дадам мое мислење за оскариве.
    Баш како што очекував Линколн на Стивен Спилберг(како и скоро секој негов филм) има најмногу номинации-12. Повеќето номинации не ме изненадија, едниствено Бредли Купер ме изненади и Австискиот филм Amour. За најдобара актерка дефинитивно сакам Јенифер Лоренс да победи, а за актер Хју Џекмен. Најтесно во изборот според мене е кај најдобра актерка во споредна улога бидејќи како номинирани ги имаме Ен Хетавеј, ејми Адамс и Сали Филд кои сите три се прекрасни и предобри актерки. Сепак јас потајно си навивам за Ен Хетавеј и ќе ми биде многу мило ако таа победи, но тоа останува да видиме на 24 Фебруари. A и да не заборавам изреволтирана сум што Трето Полувреме го нема меѓу номинираните!!!
     
    На SimonLimon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    531
    Оскари 2012 година номинации, ваши предвидувања,фаворити

    Номинациите се објавени, почнува трката за најдобрите во сите номинирани категории.
    Во престојниот период следува многу работа, реклама, лобирање помеѓу сите номинирани
    Според моето мислење кое го дадов пред неколку месеци во врска со филмовите, режисерите, актерите, актерките во најголем дел се остварија предвидувањата.
    Изненадување е номинацијата на филмот Амор за најдобар филм, Емануел Рива за најдобра актерка.
    Исто многу сум изненаден и револтиран поради тоа што филмот The Master на маестралниот Пол Томас Андерсон кој беше мој фаворит за оскар не доби номинација за најдобар филм и за најдобра режија кои апсолутно ги заслужи, но тоа е, како што и претходно имам напишано се прават огромни неправди од страна на членовите на академијата.
    Во врска со номинациите за најдобар филм нема некои големи отстапки од моите предвидувања, сметам дека најсериозни претенденти за оскарот се Линколн, Клетници, Животот на Пи, Арго, Zero Dark Thirty.
    Во категоријата за најдобра режија мислам дека битката ќе се води помеѓу Спилберг и Енг Ли.
    За најдобра актерка според мене имаше голема неправда затоа што Марион Котилард не доби номинација, од номинираните најголеми шанси има Џесика Честејн актерката е одлична една од новите актерки кои посебно се истакнаа овие две три години во неколку филмски проекти, лани беше номинирана за оскар за споредна женска улога за филмот The Help, Џенифер Лоренс повторно се докажа како врвна актерка која заслужува да ја добие престижната награда за својата одлично одиграна улога во филмот Silver Linings Playbook, Куванзан Валис е вистинско изненадување и освежување оваа година, малата мене ме воодушеви уште кога го гледав трејлерот на филмот, уште тогаш знаев дека ќе добие номинација, искучителниот талент кој го има оваа млада актерка треба соодветно да се вреднува, доколку го добие оскарот тоа ќе биде сосема оправдано и заслужено.
    Во категоријата најдобар актер трката ќе се води помеѓу Хоакин Феникс и Даниел Дел Луис, мене фаворит ми е Хоакин Феникс.
    За споредна женска улога мој фаворит е Ејми Адамс за која не се сомневав дека ќе добие номинација за оскар уште кога прочитав дека ќе биде дел од екипата на филмот пред година и пол, Ејми е феноменална актерка ова и е четвртта номинација за оскар и конечно треба да го добие тоа што од порано го заслужи, Ен Хатавеј е исто така одлична во улогата во Клетници, но исто така одлични се и Сали Филд и Хелен Хант. Изненадување е номинацијата на Џеки Вивер која мене ми остави впечаток со нејзината улога во австралискиот филм Animal Kingdom за кој пред две години беше номинирана во истава категорија.
    Во категоријата за оскар за споредна машка улога мој фаворит е Филип Сејмор Хофман и сметам дека тој сосема заслужено ќе го добие оскарот, и другите номинирани се одлични но сепак оскарот го заслужува маестралниот Хофман.
    Од филмовите од англиско неговорно подраче за мене беше изненадување и разочарување тоа што мојот фаворит филмот Недопирливите не беше номиниран тоа е голема неправда, од останатите номинирани сеуште немам фаворит бидејќи не ми се гледани откако ќе ги изгледам ќе го дадам моето мислење за филмовите и мојот фаворит.
     
  6. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    144
    Оскари 2012 година номинации, ваши предвидувања,фаворити

    Дали може некој да ми каже линк за да можам да ги гледам оскарите онлајн вечер оти нема да можам да ги гледам на сител тнх ;)
     
  7. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    290
    Оскари 2012 година номинации, ваши предвидувања,фаворити

    Ќе излезат торенти на другите денови, ќе можеш да си ги симнеш.
    Додуша и сител секако ке даваат реприза.
    А онлајн, преку идивиди на макств пак на сител ако неможеш на тв.
     
  8. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    122
    Оскари 2012 година номинации, ваши предвидувања,фаворити

    на сител ќе има реприза во понеделник во 23:30 :)
     
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    9.060
    Оскари 2012 година номинации, ваши предвидувања,фаворити

    Всушност е Оскари 2013, без разлика што се доделуваат статуетки на филмовите од 2012та година
     
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.950
    Допаѓања:
    9.931
    Пол:
    Женски
    Гледа некој? :)
     
  11. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.282
    Пол:
    Женски
    Da da, ja gledam na E :)
     
  12. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.950
    Допаѓања:
    9.931
    Пол:
    Женски
    ЈАс гледам на Сител,ама ок :) Незнаев дека и на Е ги има :) Ај да видиме што ќе направат и што ќе изберат,а и како се облечени :)
     
  13. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.891
    Пол:
    Женски
    Планирав да гледам ама ништо, брат ми е собран со друштво и гледаат филм |(
     
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    127.582
    И јас гледам ;) .
    Се надевам дека нема да заспијам и ќе ги догледам бидејќи утре сум на работа.
    Имам изгледано неколку филмови кои се номинирани за најдобар филм и си имам фаворит.
    Се надевам дека ќе победи Silver Linings Playbooк, а Џенифер Оскар за најдобра женска улога :) .
    Ама тешко, ми се чини дека Арго ќе го лапне Оскарот |( .
     
    На DeMelo, Vikica.cuci и ludoto19 им се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.201
    Допаѓања:
    41.158
    моите палчиња одат за
    женска улога

    Jennifer Lawrence for Silver Linings Playbook (2012)
    споредна улога

    Robert De Niro for Silver Linings Playbook (2012)

    или

    Christoph Waltz for Django Unchained (2012)

    Django Unchained (2012): Quentin Tarantino - режисер

    и за ефекти
    :

    The Avengers (2012):
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.950
    Допаѓања:
    9.931
    Пол:
    Женски
    Абе јас ги немам гледано филмовите,ама барем ќе знам кој да го гледам,ќе кажите кој е најубав :D
     
  17. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Израдувајте ме дека Миланка не збори вечер! Знам дека нејзината водителска работа се сведува само на една ноќ ама стварно не ми се гледаат Оскари со коментатор, плус ова е единствена вечер освен НБА што се осудувам да ја преседам (официјално сум болна за сите што ќе прашаат утре зошто сум отсутна). Иако во прв план ми се фустаните и сихронизацијата на Миланче, ако се прашувам јас фаворит ми е Клетници. Ама како што гледам Арго и Линколн се фаворити, м? Сеедно ми е кој ќе победи, пошто Ле Мизерабле нема шанса меѓу овие два. Филмовите се просечни, ништо посебно за главна награда на Оскар - типично американски, американци си гласаат така да колку пари толку музика. Ах колку би сакала Силвер Лајнингс да им замати вода од нигде никаде..

    Едит: Таман се израдував дека не коментира, ете ти ја! Редно е да добие статуетка пошто ги има искоментирано сите 85 изданија на оскар :*:
     
    На Vikica.cuci му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.389
    Пол:
    Женски
    Се согласувам за Jennifer Lawrence дефинитивно ми е омилена.
    И како што ја ѕирнав добро изгледа.
    Бредли Купер исто ми беше солиден во Silver Linings Playbook, уште од кичен кофиденшл ми го имаше оној ит факотор. Али и Дензел Вашингтон не е за потценување. Ќе биде неизвесно во таа категорија.
    Мене life of pi многу ми се допадна, и навивам за него за best picture.
    За друго немам некоја посебна желба, не нагаѓам многу однапед, зашто во последниве 2 години слабо ми се исполнија желбите.
    Добро е барем нема нем-црно бел филм со одвратен француз годинава, уф лани никогаш нема го голтнам тој момент.
    Утре си земав слободен ден од факултет можам цело комлетно да го гледам, ако не заспијам од умор :D
     
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.950
    Допаѓања:
    9.931
    Пол:
    Женски
    Еее кај можи оскарите да поминат без неа? :D
     
    На zarah му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.282
    Пол:
    Женски
    Мене па клетници ми е фаворит ама тешко освен за Ен сум сигурна, после и Џенифер Лоренс ми е фаворит кај жените а Бредли кај мажите, па ќе видиме. Инаку јас си гледам на Е пошто на сител ме нервират комѓнтаторине.