Кое америчко срање. Арго бе... да си пукнеш од смеење. Па уште и Мишел Обама го прогласува победникот. Лигави створења. Им се може, нивни си се оскари,дур цел свет рола со очи. Мене искрено овие ми беа едни од најслабите оскари кои се случиле до сега. Ништо маркантно не се случи...Ниту пак изборот на филмови не беше најсјаен... Животот на Пи ми беше фаворит. Ана Каренина е подпросечна глупост. Забележав едно нешто, се додека се трудат да бидат колоритни и многу се трудат околу облеката која обично временски не им усогласена, филмот излегува тотално срање... Ме иритира оваа мода на глупи филмови кои треба да бидат одлични. Ана Каренина по ниедна точка не е добар филм.
Џенифер Лоренс срцка преубава, малце баксуз шо си е ама нема врска. Џесика Честејн исто така преубава, стил, елеганција. 2те ми беа најубави. Исто така ми се допаднаа и Сандра Булок, Шарлиз Терон и Џенифер Хадсон.
Hahaha, луѓево се луди еј кладилница играле за Оскариве Ма полоши се за играње и од фудбал, никогаш скоро не победува тој што е најдобар. Мене па скоро секогаш ми биле утка best picture и најдобара шминка, со некои исклучоци. Посебно за шминка на какви просечни даваат оскар да се чудиш. Абре се бара трансформација, е не нешто што и дадар ќе те нашминка, глупости. Можеби сум досадна, ама сите сме го гледале Хари Потер и ја знаеме трансформацијата на Ralph Fiennes и упорно идат со глава у ѕид со некој квази шминки. Лос Мисераблес беше годинава, јас незнам што толку фантаситчна шминка видоа таму. И ме чуди Хобит слабо номинации, не дека беше нешто на гз да паднеш, ама па мене поинтресен ми беше од прстенине што ги собра сите оскари
А кај го гледавте Silver Linings Playbook? Пишува дека ќе го има од 28.02 во кината. Ако може торент тука или по лп. Фала
Сосема заслужено за Џенифер, и глумата и како изгледаше-најубаво ми беше облечена. Само жал ми е за малиот инцидент , али ај од возбуда
Гледав оскарите , ги чекав во 2 саат со пуканки и ми се одјаде кога почна она женсконо да крешти, да го ставам папагалот подобро ќе ја заврши задачата ... освен тоа за оскарите ќе зборам тоа што видов пред да заспијам на реклами (она еј таман да затворам очи 3 мин додека трае рекламата...) Ми се допадна со Star Treк и кога му објаснуваше како да биде подобар водител , ми се допаѓаше како Бен Афлек 2 години не се избричил и како Џек секад со наочари за сонце се појавува , без разлика каде да е Меѓу другото ми се допадна Анистон , одлично облечена , т.е што и да облече ќе изгледа секси и убаво , не и треба многу работа , колку има 40 год или така нешто? , епа за да ми каже дека е 25 би и поверувал така да тука идат моите симпатии . Во врска со оскарите , жал ми е што Џанго и Хобитот не беа номинирани и земаа повеќе оскари али сега , т.е денес кај и да е ќе ги гледам Животот на ПИ и Клетници да видам што толку е убаво кај нив да соберат толку оскари ..... Ана Каренина да ми платат не ја гледам ... доста беше книгата , не би можел да издржам и филм ... Штета што Вашингтон исто не зема улога за главен актер , сите филмови знае добро да ги изглуми , али чим Даниел подобро изглумил тогаш останува да го гледам и Lincoln. Уште малце па ќе треба и нова сала да прават , многу нови актери и актерки нема да има место за сите Среќа немаше номинации за некој ко Twilight и слично , уште тоа требаше
Бредли Купер требаше да се соблече, ја не знам што чекаше момакот. Мајка му ја зема под рака, можеше мене на пример. Бен Афлек не го поднесував уште од времето кога беше со Џеј Ло и со неговите припрости демек романтични комедии, овој Арго ќе морам да го гледам за да видам што ука крена. Едино Лајф оф Пи го имам гледано и ми беше многу симпатичен. За филмовите многу немам што да зборам оти освен Скајфол и Џесика лепотицата друго не есапев. Модата некако слабо. Лепотицава ми е омилена, според мене засени све живо. Спојлер Јас си ги сакам јужно америчките цури оти пленат со сексапил, Салма Хајек ми беше океј, едино да не беше она златното ко ролка. Спојлер Eн Хатавеј спомна дека не снимала ништо откако е во брак, изгледа многу и прија бракот, оти ни малку не ми се свиѓа како изгледа, и од кај ја извади таа ци*ка ја бих да је питам. Џенифер Лоренс ми е преслатка и непосредна, ама дејче, кој те тераше невестулка да се правиш, гледам секој ивент она главен инвентар по скали е, само паѓа дејчево. Браво за Оскарот! Кетрин Зета Џонс ми е поим за совршена жена во секој поглед, став невиден има. Ама златната рипка вчера многу не ми остави впечаток. Спојлер
Кога ќе има реприза? Тоа вчера беше Оскари 2013, а вечер пишува на програма на сител Оскари 2013-Победници Ај малце појаснување што е што...сакам да ги гледам многу, али неможам па во 12 ноќеска..некој треба рано да стане
Best Picture: „Argo“ Best Director: Ang Lee – „Life of Pi“ Best Actor: Daniel Day-Lewis – „Lincoln“ Best Actress: Jennifer Lawrence – „Silver Linings Playbook“ Best Supporting Actor: Christoph Waltz – „Django Unchained“ Best Supporting Actress: Anne Hathaway – „Les Miserables“ Best Writing - Original Screenplay: Quentin Tarantino – „Django Unchained“ Best Writing - Adapted Screenplay: Chris Terrio – „Argo“ Best Animated Feature: „Brave“ Best Foreign Language Film: „Amour“ Best Documentary - Feature: „Searching for Sugar Man“ Best Documentary - Short Subject: „Innocente“ Best Live Action Short Film: „Curfew“ Best Animated Short Film: „Paperman“ Best Original Score: Mychael Danna – „Life of Pi“ Best Original Song: Adele – „Skyfall“ Best Sound Editing: „Zero Dark Thirty (2012)“, „Skyfall“ Best Sound Mixing: „Les Miserables“ Best Production Design: „Lincoln“ Best Cinematography: „Life of Pi“ Best Makeup and Hairstyling: „Les Miserables“ Best Costume Design: „Anna Karenina“ Best Film Editing: „Argo“ Best Visual Effects: „Life of Pi“ Се на се, разочарана сум што Хобитот не зеде ниту еден Оскар. Не бев многу голем фаворит на Линколн, Beasts of the Southern Wild, Amour.. така да и ми се досадна што не зедоа многу оскари. Џабе го форсираа Линколн со 12 номинации. Мене најмило ми беше за Кристоф Валтз и Џенифер Лоренс. И мислам дека Хју Џекмен требаше го земе оскарот за најдобра машка главна улога, а не Даниел Луис. Отприлика Оскарите, ги добија тие што сакав. Со исклучок Best Costume Design: „Anna Karenina“ (Би ја дала на Клетници или Хобитот) ...и мислам имаше уште еден што исто така Ана Каренина го исвои, и пак би го префрлила во рацете на гореспоменатите. Него, што беше финтата со двојните Оскари? Каква глупост.
Мене ме фасцинира женава Колку е едноставна ,а преубава Alicia Vikander само да го немаше тој коланот на половинката и ќе беше супер.Фустанот е преубав Спојлер И Сандра ми се допадна како изгледаше Спојлер Убавка е Natalie Portman само да не и беше толку широк фустанот. вака ко во вреќа да е пикната Спојлер А од сите ова мене овие преубави дами ми останаа во око.Совршена убавина. Спојлер Инаку за Арго -веќе прочитана приказна секогаш Американците паѓаат на вакви филмови.Линколн некако повеќе ми беше за оскар ,сепак е вистинска историска драма за Америка ако веќе одиме кон то. Мизерните арно некако зедоа оскар ама пак не ми беа ептен за шминка,а Ана Карењина-Хобит? ЈАс би дефинтивно за Хобит за костимографија сто пати позаслужено ама што е тука е .Браво за Џенифер-ептен ми е мило ама кутричката шлупна .Ај нема гајле така растат Актерите .Даниел ептен заслужено ја зеде наградата за Линколн беше феноменален. то би биоло то во глобала кратка рецензија од овие оскари се до следните оскари 2014.Пријатно од мене и пријатна вечер-Миланка ваша
И издржав до 6 сабајле и целото доделување го изгледав. Не го очекував Арго за најдобар. Можеби затоа што за Life of Pi многу повеќе се дигаше прашина, ама сепак филмот е добар, убаво направен. Очекував многу повеќе награди за Џанго, ептен ми се допадна филмот ама тоа е. И Дензел Вашингтон ништо не зема, а ми е екстра глумец, нема утка филм. Другиве филмови ги немам гледано па не ни можам да судам, ама можам да кажам дека Кетрин Зета Џонс ми беше преубава, исто и Џесика Частеин и Шарлиз Терон, а Ен Хетавеј доста разочара со фустанот со тие шилците напред.
Најубава ми беше Zое Saldana. И таа Кравче што ја стави, не ни текнува како се вика, ама навистина и се добри . За филмовите не не и не. Лоши избори! Клетници почнав да го гледам, буквално се мачев да го изгледам, ушите толку ми страдаа од лошото пеење и неможев го исклучив. Ана Каренина беше за нијанса подобар, ама беше далеку од добар, а не па одличен. Арго, хм, навистина ептен пропаганден филм. Ништо посебно. Филмот на Дензел, ми се чини се викаше Flight, почна добро ама некаде стана толку монотон и безживотен. Може само добрата глума на Дензел го спаси! Линколн беше нешто ново за гледање и донекаде добро. Животот на Пи, глупости. Барем навистина да постоеше тоа место, а не се да е снимено во студио. еве што не научи филмот, за кои вредности да чујам!? за нешто тотално нереално и невозможно. И за крај го оставам Џангооо! Мене тој ми беше фаворит. Е тоа е филм за Оскар. Се, се си беше на место. Малку беше предолг ама ај. Тарантино значи каков чуден стил има, боли глава од него во позитивна смисла. Значи со сериозни сцени тој може да предизвика некој чуден хумор. Me like it ! Може и овој филм не носи некои големи вредности, ама носи бре... И да не носи филмот е врв.
Реков дека Арго ќе го лапне Оскарот . Ги собра сите награди на сите филмски фестивали и знаев дека и Оскарот не му бега. Ајде да се утешиме дека барем во филмот зборуваат и е во боја. Џенифер си зеде Оскар за главна женска улога и баш ми е мило, навивав за неа.И за споредна машка улога, Оскарот заслужено кај Кристофер, иако и Роберт беше добар. Ен ја сакам како актерка ама сеуште се чудам од каде Оскарот кај нејзе кога девојката во филмот се појавува едвај 15 минути И Клетници воопшто не ми беше ни за номинација. Не сакам мјузикли. Книгата ми е омилена и очекував филм, а не песни. Средив импресии и сфатив дека филмот воопшто не ми се допадна. Секоја чест за глумата на Хју Џекман и Расел Кроу, ама не и на Ен. Аманда повеќе ја имаше. Машкава улога не ја коментирам зошто не ми е гледан ни филмот. Не ми е гледан ни Животот на Пи, се токмев за 3Д, ама во мојот град нема ни обично кино, па затоа барем на добра снимка да го почекам. Апсолутен фаворит ми беше Silver Lining Playbook. Буквален превод барав, ама тешко. Прашував и професор по англиски, но знам дека во никој случај не е „И во добро и во лошо„. Аман Миланка аман! Стручњак за филмови, како па да не . Барем имињата на филмовите саглам да ги изговореше. Ана Каренина го пуштив и не го изгледав, ама ќе го догледам. Хобитот не ми е гледан. Адел заслужено, ама филмот е најголемата утка од филмовите на Џејмс Бонд. Некој збор и за модата. На мене речиси сите ми беа преубави. Убави и елегантни тоалети, со исклучок на некои. Фризурите им беа природни и едноставни. Исто и шминката. Немој не ги споредувајте со фризурите на нашите матурантки. Зарем сарма фризура би влегла во конкуренција со овие . Се чудам зошто мрчите за фустаните, ко демек кај нас јавните личности, а и ние самите сме облекле поубави фустани. На се мана да се најде. Ај ако не пак во фустани од ефтин сатен да се облечат. Џенифер беше убава, иако чиниш ќе оди и ќе се мажи, а не на церемонија на Оскар. Кетрин малце светеше,фустанот го имав и порано видено на некоја од ревиите, но убава е бре, а кога пак ќе ја видам покрај дедото Мајкл . Анистон е убава и згодна, ама косата, аман веќе од нејзе, ни бојата не ја менува. Кидман одлчна, а Џесика блескаше. Ен катастрофа. Е за овој фустан мрчејте колку сакате . Мажите си беа стандард. Бен ко брич да не видел.
Оскари поминаа но со неочекуван исход, без апсолутен победник во најзначајните категории. Арго можеби се очекуваше да победи но сепак фаворити беа Линколн, Животот на Пи, Нула Темно, Триесет, Арго како филм и посебно тоа што обработува вистинска приказна која раскажува за настаните во Иран кон крајот на 79 та и почетокот на 80 та година мене ми се допадна, иако сметам дека имаше подобри филмови кои требаше да го добијат оскарот како Линколн, Животот на Пи. Енг Ли го доби оскарот за најдобра режија, иако и Спилберг беше одличен со Линколн,Ли сосема заслужено го освои вториот оскар во неговата досегашна филмска кариера, после освоениот оскар за контроверзниот филм Кршен грб планина од 2005 година, за кој филм беше сосема неизвесно дали ќе го добие оскарот бидејќи беше на силен удар и критика поради контроверзноста на темата што ја обработуваше филмот. Сосема заслужено Џенифер Лоренс ја доби статуетката за најдобра актерка, девојката е млада, доста талентирана една од најдобрите актерки моментално во Холивуд. И другите актерки кои беа номинирани беа одлични во нивните преформанси, Џесика беше исто така одлична во улогата во филмот на Кетрин Бигелоу, Емануел Рива исто ми остави голем впечаток мислам дека одигра одлично и доколку го добиеше оскарот тоа ќе беше потврда за нејзините одлични актерски способности, а особено тоа што е на поодмината возраст и е најстара актерка досега номинирана за оскар, неверувам дека ќе има шанси да добие номинација или оскар во иднина, па затоа требаше да го добие оскарот, помладите имаат многу шанси кои им се пружаат во иднина, исто така сум многу радосен што номинација за оскар доби Кванзан Валис малата е вистински талент и откритие во Холивуд, очекувам во иднина исто така добри улоги од Валис, мислам дека и Наоми Вотс даде исклучителен преформанс иако филмот не ми е гледан. Даниел Дел Луис очекувано го освои својот трет оскар во неговата досегашна актерска кариера за инзворедниот перформанс на Абрахам Линколн, но сепак според мене оскарот оваа година требаше да го освои Хоакин Феникс кој беше и најдобар од сите номинирани, бев воодушевен од неговата улога во The Master на маестралниот Пол Томас Андерсон, Бредли Купер беше исклучително добар не очекував толку добра улога од него - секоја чест, стандардно добар во своите улоги е феноменалниот Дензел Вашингтон кој доколку го добиеше оскарот ќе беше сосема заслужено Во категоријата споредна машка улога оскарот замина во рацете на Кристофер Волц - исклучителен актер, мене фаворит за оскарот ми беше маестралниот Филип Сејмор Хофман за одличната улога во Учителот, Хофман за нијанса ми беше подобар од Волц, Кристофер Волц ми беше неповторлив, исклучителен, феноменален во филмот Неславни Копилиња на Тарантино за кој сосема заслужено доби оскар пред некоја година, всушност и одтука почна соработката помеѓу нив, Тарантино го препозна талентот кој го поседува Волц и нивната соработка продожи и во овој филмски проект кој се покажа како доста успешен и плоден за двајцата. Ен Хатавеј го освои оскарот за женска споредна улога, Ејми Адамс беше мој фаворит и беше подобра од Ен, академијата и после четврттата номинација за Ејми не се одважи да и го додели оскарот на оваа исклучително талентирана актерка, но тоа е, очекувам и сигурен сум дека Ејми има големи шанси да го освои оскарот за филмот кој треба да го сними 2013-2014 година за Џенис Џоплин, моето предвидување е дека ќе го добие оскарот за овој филм. Ќе бидам малку оф топик, исто така сметам дека најсериозен кандидат за оскар во 2014 година ќе биде Кери Мулиган за улогата во следниве два филмови и тоа за Големиот Гетсби и за Inside Llewyn Davis, ќе биде задоволена правдата да го добие оскарот за кој беше онеправдана 2009 за филмот An Education кој апсолутно го заслужи таа година, исто така се надевам во наредниве неколку години оскар да освојат Џесика Честејн, Мишел Вилијамс, Елен Пејџ, кои заедно со Ејми Адамс Кери Мулиган, Џенифер Лоренс се надобрите актерки од помладата генерација моментално во Холивуд. Очекувано оскарот за најдобар филм од англиско неговорно подрачје го освои филмот Љубов од австрискиот режисер Михаел Ханеке. Се на се оскарите поминаа добро, водителот беше добар, ова му беше прв дебитантски настап на оскарите.
Браво прекрасен пост, за доделувањето на оскарите, прогнозата за 2014 година и добрите аргументи за заслуженоста на оскарите на добитниците.
Како бе оскарите не ви биле тоа без Миланка? Ако треба ќе соберам пари да ја пратам еднаш да коментира директно од црвен тепих, ова стварно веќе нема смисла. Или апелирам до Сител наредна година да стават МаксТВ опција за коментатор: 1.Миланка и 2.Ништо зошто вака не е хумано да си здрвен цела вечер и да чекаш како ке ги преведува насловите или да ја слушаш додека коментира/се кикоти. „И во добро и во лошо“.... Презадоволна сум што Животот на Пи зема најмногу награди меѓу кои и за најдобра режија, дефинитивно е филм што треба да остане запаметен; Ането и Џенифер сосема заслужено, иако во категорија најдобра женска улога подеднакво навивав и за Џесика; статуетката директно од рацете на филмската легенда Џек Николсон за друг филмски мајстор- Даниел Деј Луис; Изгубен актер се проба во режисерските води и очигледно му успеа. Немаше сомнеж дека ќе биде победник откако го исфорсираа по сите можни филмски манифестации. Да не беше Арго ќе најдеа друг патриотски филм за нивниот напатен народ, а и не е првпат Академијата да направи ваков превид и поштено да се засрами. Залудно потрошени 2 часа за црвениот тепих, пак останав без идеја за матура. Анистон била како во салфетка завиткана, Хатавеј незачешлана... Не знам што очекувавте, дали да се китат со пердуви или Гага фустани од месо, сепак ова е манифестација на ниво со отмен и класичен стил. И Анџелина лани носеше обичен црн фустан, ама извади нога па ја збореа се до ова доделување на Оскарите. За мене има само една божица на црвениот тепих, лејдис енд џентлмен Аманда Сифрид (Amanda Seyfried)
Чиста десетка фустанот, покрај сите тие обиди од фустани наоколу. И апсолутно најубавото издание вечерта, без конкуренција, толку. Џенифер Лоренс, Кетрин Зета Џонс, Џесика Честејн, прекрасни од глава до пети. Ен Хатавеј dafuq беше тоа на тебе? За Арго нема зборови со кои ќе опишам колку ќе си пукнам од мака што зеде за најдобар филм, резил. Ама очекувано амерички и после толку форсирање. Даниел Деј Луис, Кристоф Волц, Адел, Лоренс и Брејв особено ме израдуваа и заслужено Оскари по дома.
А да , да си прокоментирам и за Адел дека малку ме разочара... Не е тоа , тоа што го испеа ама не беше до толку лошо.