На мое големо задоволство излегоа номинациите за овогодинешните Оскари кои ќе се одржат на 2 Март. Најдобар Филм American Hustle, Captain Phillips, Dallas Buyers Club, Gravity, Her, Nebraska, Philomena, 12 Years a Slave, The Wolf of Wall Street. Најдобар режисер Alfonso Cuarón – Gravity Steve McQueen – 12 Years a Slave Alexander Payne – Nebraska David O. Russell – American Hustle Martin Scorsese – The Wolf of Wall Street Најдобар актер во главна улога Christian Bale – American Hustle as Irving Rosenfeld Bruce Dern – Nebraska as Woody Grant Leonardo DiCaprio – The Wolf of Wall Street as Jordan Belfort Chiwetel Ejiofor – 12 Years a Slave as Solomon Northup Matthew McConaughey – Dallas Buyers Club as Ron Woodroof Најдобар актер во споредна улога Barkhad Abdi – Captain Phillips as Abduwali Muse Bradley Cooper – American Hustle as Richie DiMaso Michael Fassbender – 12 Years a Slave as Edwin Epps Jonah Hill – The Wolf of Wall Street as Donnie Azoff Jared Leto – Dallas Buyers Club as Rayon Најдобра актерка во главна улога Amy Adams – American Hustle as Sydney Prosser Cate Blanchett – Blue Jasmine as Jeanette "Jasmine" Francis Sandra Bullock – Gravity as Dr. Ryan Stone Judi Dench – Philomena as Philomena Lee Meryl Streep – August: Osage County as Violet Weston Најдобра актерка во споредна улога Sally Hawkins – Blue Jasmine as Ginger Jennifer Lawrence – American Hustle as Rosalyn Rosenfeld Lupita Nyong'o – 12 Years a Slave as Patsey Julia Roberts – August: Osage County as Barbara Weston-Fordham June Squibb – Nebraska as Kate Grant Оригинално сценарио American Hustle Blue Jasmine Dallas Buyers Club Her Nebraska Адаптирано сценарио 12 Years a Slave Before Midnight Captain Phillips Philomena The Wolf of Wall Street Најдобар анимиран филм The Croods Despicable Me 2 Ernest & Celestine Frozen The Wind Rises Најдобри филмски ефекти Gravity The Hobbit: The Desolation of Smaug Iron Man 3 The Lone Ranger Star Trek Into Darkness Најдобра костимографија American Hustle – Michael Wilkinson The Grandmaster – William Chang Suk Ping The Great Gatsby – Catherine Martin The Invisible Woman – Michael O'Connor 12 Years a Slave – Patricia Norris
Моето најомилено телевизиско случување во годината. Никогаш не го пропуштам, без ралзика викенд не ли, се гледа маратонски до 5,6 наутро. Го обожавам првиот дел црвениот тепих, а потоа опуштено се гледа доделувањето на награди. Само нашата МТВ подхитно да најде нова водителка која ке го води Оскарот, мислам крајно непрофесионално и мизерно е водењето на Миланка. Па не пренесува Златно славејче побогу, туку Оскар. Сакам да ги слушам нив кога даваат изјави, водителот кога ке почне доделувањето, а не Миланка која тресе глупости како од ракав, па уште една година кога и го додадоа Ношпал...хахаха циркузи. Затоа културно си пуштам спрски или хрватски канал, секогаш пренесуваат и тие, па си ги гледам на рат, без нервози. Најдобро никој нека не ни пренесува, ем тие ке си ги скратат трошоците, ем ни е публиката ке уживаме. Криминал е Миланка да го води преносот, криминал. За оваа година Gravity ми се чини како фаворит, па ке видиме никогаш не се знае. Од анимираните мислам дека Frozen ке ја понесе наградата. За другите категории сеуште немам некоја своја прогноза . Со душа го чекам 1ви март
За жал ни еден од номинираниве филмови не ми е гледан,се надевам до оскариве ќе видам барем еден за да ми е поинтересно кога ќе го гледам доделувањето.ја обожавам Сандра Булок но филмов Гравити е цел само со неа и многу мразам филмови само со една или две личности така да сигурна сум дека нема него да го гледам,а исто и Her со Јоаким Феникс не верувам дека би го гледала.
Повеќето филмови ги немам гледано, на листа ми се следниве денови. Само за Gravity да искоментирам. не ми се верува дека има 10 номинации . Глупост станаа оскариве со тоа што форсираат филмови со само добри визулени ефекти, и ништо освен тоа. Така и со Аватарот беше, и со ред други филмови последните години. Уште малку и за видео игрите со добра графика нека дават оскари, и крај ќе биде. Се знае што е битно за филм, дејствие, дијалози, ликови. Ако земе Сандра Булок оскар за оваа улога се бесам.
За анимиран филм дефинитивно сакам The Croods да ја однесе наградата. Иако мислам дека ќе биде Frozen, ама The Croods спаѓа повеќе во жанрот анимиран филм. За песна сум секако за Let it Go , ми легна песничето ептен. Плус сцената е прекрасна. За филмовите уште не ми се изгледани, Gravity ми е следен на листата и 12 години роб. The Wolf го гледав, одлично филмче, три саати ко ништо поминаа.
ќе даваат на сител ама не пишува точно час...околу 12,1 мислам започнува црвениот тепих а во 2 церемонијата (така било претходни години).
Карпетот почнува во 11 и 30, после 1 ќе почне преносот. Јас се спремив ги изгледав сите филмови кои беа номинирани за нешто, апсолутен фаворит ми а Далас Бајерс Клаб, од најдобар филм до глумци до приказна до се. Метји Мекони е брилијантен глумец му стискам палци за оскар за најдобра машка главна улога. Нека поминат оскариве за сите филмови ќе напишам рецензија. Влу Јасмин ми е исто на листата на одлични филмови, али Вуди ретко кога ме разочарува, јас сум заљубена во неговиот стил, па може и сум релативно субјективна. Д Крудс е феноменално анимирано филмче, одамна се немам така насмеано. Одвај чекам утре вечер, спремна сум за 6 часовно уживање. Елен мислам дека ќе направи шоу како што само она знае. 20 филма изгледав за 5 дена, мај ал тајм рекорд
^^^ Хипстерке исто ко јас да сум го пишувала мислењето. И јас со душа ги чекам Оскарите и како што напомена 6 часа уживање. Повеќето филмови ми се веќе изгледани, всушност ми останаа уште Далас Бајерс Клаб и Капетан Филипс. Ако имам време планирам и Небраска да го гледам. Си имам мои фаворити во трката за Оскар, но секако имам и објективно гледање на тоа кој ќе го земе. Кога ќе ги изгледам и горенапишаните два филма ќе си дадам и мое мислење за тоа кој сакам и кој мислам дека ќе си оди дома со златната статуетка. А и едвај чекам да ја видма Анџелина на црвениот тепих, лани ми фалеше.
Викица најдоброто за крај ти останало, гледај го па ќе дискутираме, најоригиналниот и најинтересниот филм ми е Далас Б. К. јас сум воодушевена. Капетан Филипс ми е просечен, само последниот пола час вреди во филмот, највозбудлив ми беше. Блу Јасмин требаше да се најде во најдобрите 9, много подбар и од Небраска и од Американ Хасл, па и од Волкот дури, мое мислење. Потсеќа на старите добри филмови на Вуди. Битката ќе се води кај главна женска улога мислам, се собрале се брилијантни глумици да не знаеш на која е подобра.
Jared Leto дефинитивно заслужува оскар за споредна улога значи предобар е ! Исто така и Dallas byers club
Имам чувство дека American Hustle или Gravity ќе го добие оскарот,не знам зошто,а не ми се ништо посебни. 12 years a slave е феноменален,а за Далас незнам што и да кажам..Метју ми е еден од омилените глумци,човекот нема улога што не знае да ја изглуми,алал да му е. Лео заслужува Оскар,ама не би му дала за Вол Стрит,може он и подобро The Croods ми е најдобар од номинираните,а после него Фрозен,иако прилично сум сигурна дека Фрозен ќе го однесе Оскарот,ултра популарен е.. Ајде ќе видиме утре вечер,јас си ги догледувам уште некои од листата,да бидам опремена за критикување Туку ќе даваат на некоја друга програма освен сител? Не ми се слуша некоја од нашиве како коментира во позадина,ми го уништува настанот
Значи ако Леонардо Ди Каприо не добие оскар оваа година не гледам веќе холивудски филмови. И се разочарав што Големиот Гетсби има само една номинација и тоа за костимографија Гравити некако го прецениле, скоро во се е номиниран, мене не ме воодушеви ниту пак Сандра Булок, фууј, најверојатно нема да ги гледам оскариве, лани исто ме разочараа. Се гледа дека многу форсираат одренеди глумци и филмови од незнам кои причини, ама Ди Каприо треба дефинитивно да земе оскар оваа година, кога веќе го пропуштија за многу поробри филмови од Волкот од Вол Стрит нека му дадат за него годинава, многу добар глумец е! ...
И јас ви се придружувам во чекањето на оскари, ги обожавам, уживанција заедно со мајка ќе ги гледаме, конечно оваа година се погодив дома за заедно да си дискутираме. На неа се метнав филмоман и серијоман. За Лео жал ми е што не добил оскар, но сметам дека годинава ќе добие за волкот, иако нема да се согласам, мене филмот ми беше предолг и на моменти досаден, го исфорсираа ептен, само за него се збореше цел месец кога испадна, па баш и затоа сметам дека ќе летне некој оскар. A Лео, како Лео е извонреден актер со страшен шарм. Aмерикан хастл ме изненади што е номириран во толку многу категории, овој ми беше многу подосаден и без живот, едноставно не допре до мене, не ме освои ич. A пак за Гравити да не зборам, ужасен, заедно со Сандрето, дури и да го гледав у кино нема шанси да сменам мислење, тотално промашување е филмот, а толку многу номинации, ми се иде да си ја окубам косата од нервоза. Најпрво воодушевување добив од Капетен Филипс, после сите овие наброени, овој ми дојде и ми легна убаво, интересен филм, и стварно многу добра глума. Но тука не ми се допадна воопшто рекламирањето и форсирањето на Фоките, како Америка се грижи за своите граѓани, бла бла, за еден човек, сите можни сили се собраа, некако само тој дел ме изнервира, и тоа што дејството можеше да биде многу понапнато во текот на цел филм, а не само последните 40 минути. Ама па затоа Далас бајерс клаб ми е врвот и навивам со сите нозе и раце за него! Метју беше перфектен, целата приказна страшно допадлива и интересна.
Јас искрено да ви кажам (осеќам ке ме каменувате) ама не би му дала оскар на Лео за Волкот. Греота е да земе за овој филм, а не за Шатер Ајланд, Инсепшн или ред други каде многу добро одглумил. Човекот е цар, стварно е греота да не земе Оскар, ама па оваа улога воопште не ми е оскаровска. Не е така тешка како што знае да одглуми. Како и да е, останува на нас само да чекаме и ќе видиме
Јас годинава немам изгледано ниту еден филм, освен Гетсби . Ама гледам дека има само една номинација. Ми се расипа лап топот, а на персоналниот немам навика да гледам, но причината е и малиот кој си бара внимание, па мама нема многу време за филмовите. Ај на лап топ ќе си пуштам филмче, он ќе си цица, ама вака на персоналниот не бива . Ама имам во план да ги изгледам сите филмови иако ми се насобрале прилично многу. А и сериите... Оскарите не ги пропуштам, а и плус син ми не спие по цела вечер, така да барем Оскари ќе гледаме утре . Навивам за Лео, го немам гледано филмот, ама знам дека е добар. Плус со Мартин ми се тандем број еден. Го обожам Скорсезе. Стискам палци и за двајцата.
На која програма вечерва ќе го емитуваат преносот на доделувањето на оскарите за 2014? Гледам во програмата на МТВ1 нема такво нешто :/ Ај ако некоја знае или пронајде линк на интернет со life streaming нека го постига ќе ѝ бидам многу благодарна.