Големиот Гетсби не може ни да влезе ни во адатирано сценарио во битка, зашто е римејк на римејк, има и книга, и филм и серија дури, мислам дека јасно беше зашто снимаат уште еден филм, парички. Башка првиот филм со Роберт Ретфорд мене ми е фантастичен, и ретко кој него може да го надглуми. Лео беше добар, ама го нема тој шарм на Редфорд. Остарен е многу, огрубен. Во волкот не го коментирам доплнително, подпросечен филм, и реално ако го споредам со Метју, па и со Кристијан Бел оваа година е доста послаб од нив. Гледајте го Далас Бајерс Клаб, мислам дека сите ќе си го смените мислењето. Пити оскар не му треба, не доби за Шaтер и за Авијатичарот кај што беше според мене најдобар, за волков ич не му треба. Башка на Метју му оди многу во прилог Џру детективс, сите се навлекоа на серијава, и таму е фантастичен и само е доказ дека е многу добар глумец кој е доста потценет ама конечно блесна во право светло. Мислам дека ќе добие оскар, и ако го добие ќе му биде најзаслужен. Гравити, ах гравити, што досадно оуверејтед филмче. Џорџи џабе се потрошил. Ич не ми се допадна, ама ич. НИ 6ка не би му дала. Кејт Блашет ми е фаворит за оскар за најдобра женска улога, ако земе Сандра или Ејми Адамс ќе биде најголема глупост. Небраска исто ми беше досаден филм, да беше во боја можеби и немаше да биде толку лош, ама далеку ми е од оскар. Вајда а видат филм црно бел одма се палат овие од академијава и мора да е нешто фасцинантно. Приказната не е така лоша, само како да ми фали некоја малку подлабока прича за да биде номиниран за оскар. Мене Американ Хастл не ми беше толку лош, како што сите го хејтаат, али мислам дека е далеку послаб од половина номинирани за најдобар филм. Мене Хр и Филомена ми се допаднаа многу, убави драми топли, штета што не се многу омилени и нема да освојат нешто.
И јас сум за Метју да земе Оскар. Човекот е невозможен. И да, True detective ептен му оди во прилог. Иако мене Волкот ми беше далеку позабавен и поинтересен од Dallas. За споредна улога дефинитивно сум за Џаред Лето, човекот беше маестрален. Гравити сега ќе го гледам, чисто колку да видам за што се работи и зашто сите толку го плукаат.
Ајде јас да си дадам мое мислење за филмовите, номинациите и кој мислам дека ќе си оди дома со златната статуетка. Да почниме од Best Picture. Искрено мене таму највеќе ми штрчи Гравити, ауф колку досаден филм. Јас мислам битката ќе се води помеѓу 12 years a Slave и Dallas Buyers Club. Искрено кој од нив и да земи, ќе ми биди мило, пошто и двата филма ми се допаднаа. Нема да се бунам и ако American Hustle или волкот да земи Оскар. Мене искрено фаворит тука ми е Dallas Buyers Club, па ќе видиме вечер. Кога сме кај најдобар режисер фаворит ми е Скросезе. Мислам дека одлична работа завршил и очекувам кај него да оди Оскарот. За најдобар актер мислам дека ќе биде многу тесно. Ги имаме Лео, Кристијан и Метју кои одлично се покажаа. Мене најискрено фаворит ми е Леонардо. Одлично сработена работа. Не се согласувам со Хипстер дека Лео не бил на исто ниво со Кристијан и Метју. Мене ми беше одличен, да дека требаше да земи оскар за Авијаторот, ама мислам дека и тука заврши одлична работа. Како и да е нема да ми биди криво и ако Метју земи оскар зошто навистина се андмина со улогава. Исто и кај најдобра актерка ќе биде тесно. Одлични актерки се номинирани. Исто и Сандра ми е одлична актерка, но мислам дека баш и не заслужува Оскар ниту пак номинација за истиот со оглед на улогата. Битката ќе биде помеѓу Ејми Адамс и Кејт Бланшет. Двете ми беа одлични. Ејми Адамс секако е мој фаворит, мислам дека време е да ја наградат со еден Оскар, преталентирана актерка ми е и се надевам таа ќе го земи. За најдобар актер во спредна улога Џаред Лето ми е без конкуренција. Мислам дека другиве енмаат шанса. Одлично се покажа во Далас Бајерс Клаб. Кога сме кај најдобра актерка во споредна улога, ако земи Џенифер повторно Оскар јас се бесам. Мислам дека тоа ќе биде исфорсирано и без врска. Според мене Оскарот треба да го земи Лупита која мене ми е фаворит. За најоригинално сценарио според мене Оскар зема Далас Бајерс Клаб, а за најдобро адаптирано сценарио Волкот. Најдобар анимиран филм ќе земи Frozen иако како повеќето и јас сум за The Croods, ама мислам дека нема шанса со другио кој е каде каде попознат од него.
Најтрагично е што најголемата битка се води помеѓу Гравити и 12 години роб и тие се најфаворити. Ни Далас ни Амеркан Хасл. Јас мислам дека Гравити ќе го земе,ма да јас сум за двата филма рамнодушна. Ништо посебно ни едниот ни другиот не ми се. За сценаријава, адаптирано мислам дека подобар избор е 12 години ропство, ма да и Капета Филипс може да изненади тука. Јас би и дала на Филомена, убава приказна и топла. Ама јас немам погодено фаворит од 2010 кога Говорот на Кралот зема доста оскари, и тогаш чудно што мојот фаворит зема доста битни награди, така да 12 години ропство ќе го понесе, ако не го земе оскарот за најдобар филм, компензација. За режисер скоро сум сигурна дека ќе земе Алфонсо Куарон(Гравити). Јас за оваа категорија немам никакво мислење, покрај Вуди немам ни еден друг можен фаворит, ама Вуди нит го сакаат нит он ги сака така да јасно беше дека нема да се најде во најдобрите 5. Мое најцелокупно мислење за побитните категории, кој мислам дека треба а кој ќе: Спојлер Best Picture American Hustle Captain Phillips Dallas Buyers Club Gravity Her Nebraska Philomena 12 Years a Slave The Wolf of Wall Street Ќе:Gravity Мој фаворитallas Buyers Club Best Actor in a Leading Role Christian Bale (American Hustle) Bruce Dern (Nebraska) Leonardo DiCaprio (The Wolf of Wall Street) Chiwetel Ejiofor (12 Years a Slave) Matthew McConaughey (Dallas Buyers Club) Мој фаворит:Matthew McConaughey (Dallas Buyers Club) Ќе:Matthew McConaughey (Dallas Buyers Club) Best Actress in a Leading Role Amy Adams (American Hustle) Cate Blanchett (Blue Jasmine) Sandra Bullock (Gravity) Judi Dench (Philomena) Meryl Streep (August: Osage County) Мој фаворит:Cate Blanchett (Blue Jasmine) Ќе: Cate Blanchett (Blue Jasmine) Best Actor in a Supporting Role Barkhad Abdi (Captain Phillips) Bradley Cooper (American Hustle) Michael Fassbender (12 Years a Slave) Jonah Hill (The Wolf of Wall Street) Jared Leto (Dallas Buyers Club) Мој фаворит:Jared Leto (Dallas Buyers Club) Ќе:Jared Leto (Dallas Buyers Club) Best Actress in a Supporting Role Sally Hawkins (Blue Jasmine) Jennifer Lawrence (American Hustle) Lupita Nyong'o (12 Years a Slave) Julia Roberts (August: Osage County) June Squibb (Nebraska) Ќе: Jennifer Lawrence (American Hustle) Мој фаворит: И Лупита и Џенифер ми се добри, горе доле и за двете сум по пола. Best Animated Feature The Croods (Chris Sanders, Kirk DeMicco, Kristine Belson) Despicable Me 2 (Chris Renaud, Pierre Coffin, Chris Meledandri) Ernest & Celestine (Benjamin Renner, Didier Brunner) Frozen (Chris Buck, Jennifer Lee, Peter Del Vecho) The Wind Rises (Hayao Miyazaki, Toshio Suzuki) Ќе:Frozen Мој фаворит:The Croods!!! Best Cinematography The Grandmaster (Philippe Le Sourd) Gravity (Emmanuel Lubezki) Inside Llewyn Davis (Bruno Delbonnel) Nebraska (Phedon Papamichael) Prisoners (Roger A. Deakins) Немам фаворит, а ќе земе Гравити Best Costume Design American Hustle (Michael Wilkinson) The Grandmaster (William Chang Suk Ping) The Great Gatsby (Catherine Martin) The Invisible Woman (Michael O'Connor) 12 Years a Slave (Patricia Norris) Best Directing American Hustle (David O. Russell) Gravity (Alfonso Cuarón) Nebraska (Alexander Payne) 12 Years a Slave (Steve McQueen) The Wolf of Wall Street (Martin Scorsese) Ќе: Alfonso Cuarón Best Makeup and Hairstyling Dallas Buyers Club (Adruitha Lee, Robin Mathews) Jackass Presents: Bad Grandpa (Stephen Prouty) The Lone Ranger (Joel Harlow, Gloria Pasqua-Casny) Ќе земе и треба да земе најдефинитивно, без конкуренција-Dallas Buyers Club Best Original Score The Book Thief (John Williams) Gravity (Steven Price) Her (William Butler, Owen Pallett) Philomena (Alexandre Desplat) Saving Mr. Banks (Thomas Newman) Мој фаворити помеѓу Хр и Сејвинг мистер Бенкс. Ќе земе Гравити, иаку нема да биде баш утка, реално саунд ефектите им беа нај погодени, посебно за категоријава. Best Original Song Happy (Despicable Me 2) Let It Go (Frozen) The Moon Song (Her) Ordinary Love (Mandela: Long Walk to Freedom) Фаворит ми е Хепи, додуша мене сите ми се свијаат а ќе земе оскар или Лет ит гоу или Фарел. Ма да и У2 може да изненадат. Best Production Design American Hustle (Judy Becker, Heather Loeffler) Gravity (Andy Nicholson, Rosie Goodwin, Joanne Woollard) The Great Gatsby (Catherine Martin, Beverley Dunn) Her (K.K. Barrett, Gene Serdena) 12 Years a Slave (Adam Stockhausen, Alice Baker) Најартистичен мене ми беше Гетцби па и Хр, и ќе земе Гетцби скоро сум сигурна во тоа. Best Visual Effects Gravity (Tim Webber, Chris Lawrence, Dave Shirk, Neil Corbould) The Hobbit: The Desolation of Smaug (Joe Letteri, Eric Saindon, David Clayton, Eric Reynolds) Iron Man 3 (Christopher Townsend, Guy Williams, Erik Nash, Dan Sudick) The Lone Ranger (Tim Alexander, Gary Brozenich, Edson Williams, John Frazier) Star Trek Into Darkness (Roger Guyett, Patrick Tubach, Ben Grossmann, Burt Dalton) Ќе земе гравити, немам фаворит посебен. Best Adapted Screenplay Before Midnight (Richard Linklater, Julie Delpy, Ethan Hawke) Captain Phillips (Billy Ray) Philomena (Steve Coogan, Jeff Pope) 12 Years a Slave (John Ridley) The Wolf of Wall Street (Terence Winter) Битката ќе се води помеѓу The Wolf of Wall Street и 12 Years a Slave а изненадување ќе биде Captain Phillips. Мој фаворит е Филомена. 12 Years a Slave ќе се закити на крај. Best Original Screenplay American Hustle (Eric Warren Singer, David O. Russell) Blue Jasmine (Woody Allen) Dallas Buyers Club (Craig Borten, Melisa Wallack) Her (Spike Jonze) Nebraska (Bob Nelson) Најфаворит ми е Dallas Buyers Club, па Blue Jasmine и Хр, а ќе освoи Американ Хасл иаку Хр мислам дека најмногу ја заслужува и треба да земе.
Колку повторно гледање може да ти го промени впечатокот за филмот, дури не знам дали целосно го гледав првиот пат. 12 години роб е одличен филм, и мој фаворит. Се само Гравити да не земе . Американ хасл не е лош, очекував многу полошо од коментарите, има одлична глума и блага неизвесност што не очекував. Далас Бајарс е добар, ама не ми остави преголем впечаток, иако Метју е фантастичен овде. За главен актер ми е многу израмнето, јас сум сепак за Лео иако имаше улоги кои заслужуваат повеќе оскар од ова. Не можам меѓу Метју и црнецот од 12 години роб да се одлучам за втор фаворит во оваа категорија. Главна актерка според мене Ејми Адамс, предобро изглуми во Американ хасл. Само Сандра да не земе за екстремно глупа улога. Спореден глумец не ми е за Џеред Лето, повеќе беше трансформација и шминка, не велам дека не беше добра глумата, неше одлична ама Бредли и Мајкл Фасбендер ми се далеку подобри. За споредна актерка сум за Џенифер Лоренс, си знае женската да глуми и тоа е, не е воопшто преценета и секоја година да зема. Мислам дека филмовите имаа одлична глума повеќето. Нема вау филм како целина според мене од тие што ги гледав (иако ми останаа неколку).
Јас благо кажано сум разочарано од овогодишниот избор на филмови.Ги изгледав The Wolf of Wall Street( за кој ќе кажам дека слушнав многу добри коментари и очекував премногу но мене не ми беше ниѓто посебно.Приказната си е ок, но предолго трае.Се ми беше тууу мач, Лео си е супер, но за Оскар не е), American Hustle(најлош во оваа група.Што беше ова, филм без никаква содржина, собрале познати актери и ајде ќе правиме филм.Воопшто не ми се допадна), Gravity(е мене Gravity ми се допадна.Цело време додека траеше филмот се соживував.На моменти и јас почнав да се гушам со Сандра Булок )12 Years a Slave( според мене ова е мојот фаворит.Филм со почеток, содржина и крај.Ликовите одлично глумат, емоции и добра актерска екипа.Многу ќе ми биде криво ако Lupita не добие Оскар за споредна улога.) Е сега не ги изгледав Dallas Buyers Club и Blue Jasmine така да неможам да дадам мислење за нив. Исто така се надевам дека песната "Let It Go" од Disney's Frozen ќе победи.
Го мислам спротивното. Оваа година има доста солидни филмови за разлика од пред неколку години кога навистина беа тиња. Ќе го издвојам Dallas Buyers Club како фаворит. 12 Years a Slave ми е некоја млака верзија на ланскиот Django Unchained. Останатите нема да ги коментирам, ги изгледав во јануари и ми мина меракот. Јас типувам: Best actor: Matthew McConaughey Best actress: Cate Blanchett Best Supporting Actor: Jared Leto Best Supporting Actress: Lupita Nyong'o Best Original Screenplay: Her Best Animated Feature: Frozen Best Foreign Language Film: The Hunt Best Adapted Screenplay: 12 Years a Slave Best Cinematography: Gravity Best Film Editing: Gravity Best Visual Effects: Gravity Best Original Song: Let it go Срцето ми се скрши кога видов дека Blue is the Warmest Color не беше номиниран во категоријата Best Foreign Language Film ама ете прочитав дека правило на Академијата било филмот да е прикажан во сопствената земја до 30 септември а на овој премиерата беше на 9ти октомври и затоа не влезе во игра. Инаку прочитав и се пресмеав :
^ Алекче ти најдобрите не си ги гледала, додади го и Her на листата, тоа се за мене топ 3 филмови за лани. Јас Her само што го прегедав уште еднаш, и ќе кажам само дека одамна немам толку плачено на филм. Буквално се распекмезив како мало бебе. Брилијантен филм, уникатен, не е сечија шоља чај, ама и затоа ми се допаѓа толку многу. А мене Фроузен не ми беше ништо посебно, откако го изгледав The Croods посебно па ич. Убаво цртанче не викам не, ама I have seen better.
Го делам целосно истото мислење со вас. Едвај чекам, идам по пуканки и слични намирници да се спремам за долгата ноќ
За анимиран сигурно ќе земе Frozen, иако The Croods е подобар, првиот е многу исфорсиран. Ама добро, интересен е и Frozen. За филм само се надевам Американ Хасл нема да земе, мене ми беше најдосаден и најбезпоента некако. Повеќе би сакала Гравити да земе. А и Џенифер Лоренс може да земе за споредна улога.
^И јас нејкам Хасл да го земе,ич не ми остави впечаток,не знам што толку го фалат.А Гравити па ич,Сандра ја обожавам,ама филмот не го можам,поарно 12 years да земе или Далас. А за Фрозен во право си,ептен е исфорсиран,ама мене ми е убав,и песничката му е заразна
Ја па незнам зошто на повеќето не ви се допаѓа American Hustle. Мене баш ми беше супер филмче. Одлична приказна која ми беше премногу интересна. Во потполност се согласувам за анимираните филмови, како што пишав и во претходното мислење иако сум за The Crood кој каде каде ми беше подобар од Frozen, сепак очекувам Frozen да земи оскар, исто и песната од филмот да земи оскар. Инаку времево се наближува, уште малку, неполн саат. Со ексајтед
Ќе ја убијам Миланка жими мене, ги исквернави филмовите, си ги прераскажува она, секоја година иста песна, добро не ли чита милион критики за нејзиното коментирање.
^^^ Хипстер, гледај на Е барем дури е црвениов килим за после ќе се снајдуваме. Инаку ја ич ама ич не ја можам Миланка. Органски не ја поднесувам.