За тие што сакаат да гледаат онлајн http://www.tvstanici.net/tvsitelzivo.html Сакав јас некој линк да најдам за да не морам Миланка да ја слушам, ама не успеав. Ако пронајде некој, слободно споделете.
Дури и надградба на коса ставаат бре бре, зар е можно тоа Миланке, сигурна си? Пошто тоа сеуште е непознато во Македонија. Нема ли некој да и покаже кај и местото на ваа, еднаш засекогаш. Не размислува пред нешто да каже, си зборе како да никој друг не ја слуша и се што и лета на ум да си каже, а не размислува дека илјадници и илјадници мораме да ја слушаме во моментов и кинеме нерви заради вакви како неа и Снежа близначката нејзина по сродство глупавост!
Ова ми е омилен период од годината со нетрпение ги дочекав Инаку моја прогноза е дека за главната номинација, оскарот ке го земе Далас баерс клаб или 12 иарс а слевј. За главна женска улога Лупита би требало. За машка Метју Меконахи. За друго не сум баш сигурна. Инаку омилениот дел ми е црвениот тепих, а засега најдобро облечена ми е Ејми Адамс. Едвај чекам да стигне Шарлиз Терон секогаш закон изгледа од глава до петици!Најдобра! Се би дала само Миланка да замолчи.Отров. Да си го редактирам мислењето, заборавив да пишам за оние на кои не им се слуша Мелита нека пуштат на хрватската РТЛ, ако го фаќаат програмот.
Килимов ми е најдосаден, ме утепува, секоја година викам да дремнам да станам у 2 и никако. Ни една не ја видов убаво што носи, сите некако на брзина ги вртат. Лупита ми е многу мила, убав фустан одбрала.
Метју ја земал и мајка му и жена му, мора да земе бе, мама вил би соу хепи. Жена му е лепота, права лепотица!!! P.S Лајза
Леле Миланкеееее...црна жено!!! Вика: ...беше тука кога беше номиниран Moneyball со Том Круз. Кој црн Том?!
Мене па Кејт не ми е уба, незнам оти. Најуба досега Ејми Адамс и та шо беше со Џон Леџент. Инаку баш на чет коментиравме прееска за Џенифер хаха се навикна на паѓање та
Малер ја бие Џенифер,секоја година Инаку Оливија иако беше едноставно облечена,мене ми зрачеше,прекрасна е!
Малер? Лани падна, оскар, оваа година пак ако се закити со оскар има да се фрлам од камени да ми дадат некоја награда Еве го другиот оскар со семејстово, баш се лепи. И моден гаф, ах Фарел ах..
Оскари и реклами за турски сапуници - која комбинација. Шок да те мавне! Од Леонардо Ди Каприо, директно на Фатмаѓул Туку, се моли Миланка да намали со спојлерите годинава, јас уште не сум ги изгледала сите номинирани.