До сега најдобро облечени: Кејт Бланшет, Џеси Бил, Ејми Адамс, Лупита, Оливиа жената на Метју, Шарлиз колку успеав да ја видам...се надевам натаму ке ја дополнам листата . Инаку досадни се овие од сител со реклами на 10мин, па си мењам малку ртл малку сител.Па ако решиле да пренесуваат нека пренесуваат саглам, а не со реклами нон стоп.
Лео луѓе остарел, ама си го има тоа сексиљавото бре, какви очиња има, ахххх Лео, ама гласчето му е како на самовила, премеко, ноу маженственост у гласот. Жена му на Метју до сега најубава ми беше. А Метју е карамела. Ејми има убав и едноставен фустан, Кејт исто ми се свиѓа, Лупита исто, и тука некаде цицките на Џоли у кадар ги дадија, освен ако скрос не а дале додека прелетав до вц то. Ама многу брзаат, многу, ништо салам не гледаме, а мене ми се слоши, незнаете, едвај дишам, се тресам, ама не се давам, освен ако не се онесвестам и ме снема.
Не се давај Анушка, само храбро, до крајот. Шарлиз мене ми е преубава и Ејми исто. Кејт ама ич не ми се свиѓа. Кери Вашингтон како во чаршав да се замотала. Метју е прекрасен. Лупита џабе деколтето, ама колку е мила и преубава во лицето, блеска, срцка е.
Искрено Лео сега ми е 100 пати поубав и посекси отколку кога беше во цутот на младоста.Некако како старее е поубав и поубав.Порано воопшто не ми се допаѓаше, ама сега ми е хот ес хел
Kоја трансгормазција човече не ја познав Прекрасна ми е Кејт Хатсон, убав фустан. Мерил ми е ужасна, под рака со ќерка и од филмот Џулија Роберст, како тетки ми се.
Цицкиве ги распуштила Анѓа, машала, машала... Не и е лош фустанов, ама имала и подобри. Миланке ти си отровна не Елен, боже жено каде со вокабуларов, отровна бе, ццц
Мене на Лупита ми се допадна фустанот, е сега што малце нема гради, а убавка е. Кејт ни мене не ми се допадна нешто. Џенифер Лоренс, уба комплет, со се фустанот, ама фризурата постара ја прави. А не знам зш не дават на Е, така да ќе погледнам на сител доделувањето.Па кога ќе дадат реклами на сител, еден саат траат
Мислам дека цел Оскар го гледам ради Елен , многу е блесава. Иначе ајде да си кажам и јас Сандра Булок ми беше прекрасна, Леонардо си го сакам уште од Титаник и гревче ми е, го преплавија интернетот со мајтапи за него и за оскарите.
Џабе Реин сецкаат многу. Еве пробајте со овој од РТЛ хрватска мислам дека хрвативе се со усул со коментари не ко нашана кокошка... http://www.rtvuzivo.com/rtl-zagreb/
Леле луѓе имам нагон на Миланка бокс да и мавнам најсериозно!! Дај нека се затне аман веќе!!! Иначе бравос за говорот на Лето, ме допре!!
Џим Кери не си ич смешен веќе, ама ич. Годинава е убедливо година на трудницве, едно 5-6 беа трудни. Овој со капата и тренерката Башка жив фалш е, ама песнава е врв, па му гледаме низ прсти,ајде...
Јас најсреќна ако Фарел со Хепи и Деспикабл земат оскари. Има да славам утре! Гру и мињоните до оскар!
Овој е отиден скрос значи, преѓеска на црвениот тепих се појави со до колена панталони, а сега се закопчал од пети до брадутка. А Миланка ако а видам негде низ град ќе и го сецнам јазикот, нека се пазе. Ги уништува за сите пари Оскариве, греота е.