http://www.gossipcop.com/oscars-live-st ... ing-video/ Еве еден стрим. Не е нешто квалитетен, ама не сецка.
Намерно ги оставаат асалните категории за крај, да се види кој јуначки ќе издржи. Ќе умрам до 6 саат сабалје, ама ќе издржам, мајка јана нека е. Ај со анимираниве барем малку не држат во игра, ииииииииииииии знаев, фрозен, ич не ми е по мерак ама тоа е...
frozen заслужи оскар ама ми беше мака дека despicable me не доби за visual effect -- gravity заслужено
За фроузен знаевме сите, очекувано. Хипстер жено, ќе издржиме, наместо да си легнам и да се освежам преку викенд нели, јас у 9 треба да станам да се пакувам да си идам за Ск, ама не, јас до 6 ќе си гледам Оскари и утре сабајле ќе пцујам.
Што се цакани Џозеф и Ема, мх, мх, баш ми се пар. И сега музичкиве ефекти, толку се небитни, башка се очекуваше Гравитацијава да земе.
Какво легнување што ви е мушки до сабајле, Миланка со снарки комент ме држи будна пу пу, да не ја подречам, барем за нешт служи, ме нервира и ме држи будна...
Шо мислите, за најдобар филм кој ќе лапне оскарче? Јас мислам Далас, а може и волкот оти ептен го форсираат.
Јас на стримот гледам. Ме нервира што ми бегаат некои работи додека она тресе зелени. За филм и јас мислам Волкот, или евентуално робот. За да не бидат расисти.
Знае некој да ми каже до сеа од прилика за што доделија оскари? Видов само за краток анимиран филм, анимиран филм и специјални ефекти.
Каков Волк, каков роб, Гравитација ќе биде јас тенка сум на вратов ако не он. Башка не каков стрм, кај има на светво вакви оскари, зачинето со доктор Оз, Фатмаѓул и Лила и банкарот, нц, не бре уникат сме, уникат!!! Оскар за најуникатно реемитување!!! Нова категорија од догодина ќе видите.
Реин Ме удави значи. Тешко ми е, не ме смејте. Расисти бе. Големи се шансите, сепак Америка ти е воа. Ако не земе Лео за Волкот, осеќам дека вечер коа ќе си оде у новата куќа од 5 и пол милиончиња, ќе сокрше се од нервоза, арно реков избрзал со купувањето, требаше да почека да поминат оскарите.
Спореден актер - Џаред Лето. Мислам тоа беше. И шминка зема Далас. Прекрасна е бре женава, а и Ема станала ептен женетина, сексапил фршти.